Connect with us

Економија

Бислимовски: Време е јавните претпријатија да работат по економски, а не по политички принципи

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски, упати остри критики кон начинот на кој функционираат јавните комунални претпријатија (ЈКП), истакнувајќи дека е неопходна системска реформа и економски пристап во нивното работење. Во гостувањето на телевизијата „24“ во емисијата „Отворено“, тој потенцираше дека хроничните проблеми кои со години ги следат овие претпријатија не можат повеќе да се игнорираат.

Бислимовски нагласи дека директорите на јавните комунални претпријатија мора конечно да се одвојат од политичкото влијание и да добијат можност да менаџираат според економски, а не политички критериуми. Според него, долгогодишната пракса на прикривање на финансиски загуби и покривање на долговите од страна на општините довела до сериозни системски слабости.

„Овие претпријатија имаат проблеми кои се провлекуваат со години. Пред да стапи РКЕ, многу од нив работеа според одлуки донесени уште во 90-тите години. Загубите на вода достигнуваат и до 64%, а на некои места и 75%. Тоа се алармантни бројки за една држава која има изобилство на питка вода“, истакна тој.

Бислимовски предупреди дека, доколку не се направи промена во концептот и не се воспостави одржлив систем, јавните претпријатија повторно ќе западнат во истиот циклус на долгови и кризи. Тој ја потенцираше подготвеноста на РКЕ да соработува и да помогне преку определување на соодветни цени за услугите, што би овозможило подобро планирање и оптимизација во работењето.

„Ако им се даде слобода да менаџираат според економски принципи и се намалат загубите, и цената на водата ќе биде пониска. Без разлика дали претпријатието е државно или приватно, важно е да работи рентабилно и ефикасно“, додаде Бислимовски.

Според него, клучната порака е јасна: мора да се прекине со политичкиот притисок врз јавните претпријатија и да им се даде шанса да работат професионално, независно и со јасна економска логика. Само така, вели тој, може да се постигнат долгорочни решенија кои ќе придонесат за стабилен и ефикасен јавен сервис.

Advertisement

Економија

МБИ10 со пад од 0,32%, без активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 12 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,32%, спуштајќи се на 10.190,89 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени. Вкупниот промет изнесуваше 13,77 милиони денари, при што најголем дел од тргувањето се реализираше со акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Гранит, кои повторно беа меѓу најликвидните на официјалниот пазар.

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 3.530.810 денари

● Гранит АД Скопје (GRN) – 2.135.470 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 4.255.040 денари

Топ добитници

● Реплек АД Скопје (RPK) +1,00%

● Гранит АД Скопје (GRN) +0,08%

Топ губитници

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) –1,28%

● Алкалоид АД Скопје (ALK) –0,47%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) –0,27%

Обврзнички пазар

Во текот на денешната сесија не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници, при што индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени без промени во цените. На берзанската сесија од 12 декември 2025 година, активноста беше умерена, со доминација на финансискиот и градежниот сектор.Индексот МБИ10 продолжи со благо негативно движење од –0,32%, при што Комерцијална банка повторно ја предводеше трговијата по обем, а Реплек беше најголем добитник на денот. Обврзничкиот пазар остана без активности, а вкупниот дневен промет достигна 13,77 милиони денари.

Continue Reading

Економија

Царина без редици: Потврдите за долгови веќе не се чекаат лично

Хартиените потврди за царински долг, неопходни за упис и промени во Централниот регистар, заминуваат во историјата. Со револуционерен чекор, Централниот регистар (ЦР) отсега ги добива сите потребни податоци директно од Царинската управа (ЦУ) – електронски и во реално време, со само еден клик.

Оваа дигитална трансформација е огромен потег кон намалување на административниот товар. На заедничка прес-конференција, директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, и директорката на Централниот регистар, Анита Стамнова, ја промовираа новината што ветува заштеда на време и ресурси за фирмите и граѓаните низ целата држава.

„На годишно ниво издававме меѓу седум и девет илјади хартиени потврди. Секое барање бараше од пет до десет дена за обработка – вистински административен маратон. Сега, граѓаните нема да мораат да патуваат до Скопје или да ангажираат скапи адвокати за да ја завршат оваа обврска“, истакна Николовски.

Тој е дециден: „Со овој чекор, јасно ја демонстрираме нашата посветеност за создавање подобри услови за водење бизнис, преку драстично намалување на бирократските процедури. Бизнисот нема време за чекање! Како институции, сме должни да работиме кон одржливо општество каде што економскиот раст е движен од зголемената ефикасност и довербата во системот.“

Дигитализацијата носи не само брзина, туку и сигурност. „Истовремено, овозможуваме безбедност, интегритет и точност на податоците, со што активно делуваме во насока на сузбивање на можни измами“, додаде Николовски.

Директорката на ЦР, Анита Стамнова, потврди дека е успешно завршена првата фаза од проектот – надградба на Едношалтерскиот систем за автоматско обезбедување на доказ за платени царински давачки во постапките за упис на промена – пренос на удел.

„Централниот регистар и Царинската управа остануваат посветени на трансформација на услугите, фокусирани на корисниците и нивните потреби, користејќи модерни дигитални технологии. Ги охрабруваме сите институции да продолжат со меѓусебна соработка за имплементација на поефикасни електронски услуги, односно за градење на функционален систем на јавни услуги како основа за враќање на довербата во институциите на нашата држава“, заклучи Стамнова.

Continue Reading

Економија

Министерката Божиновска: Енергетиката не смее да остане сектор со најмалку жени

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на конференцијата „Родовата еднаквост во фокусот на пристапувањето кон ЕУ: Патоказ за Северна Македонија“, одржана во Скопје во организација на Министерството за европски прашања и UN Women. Настанот обедини високи претставници на институциите, експерти и партнерски организации во заедничка цел – интегрирање на родовата еднаквост како централна компонента на европската интеграција.

Во своето воведно обраќање, министерката Божиновска истакна дека родовата рамноправност е темелна европска вредност и јасен услов за членство во ЕУ, но пред сè – е инвестиција во стабилноста, економскиот раст и одржливата иднина на државата.

„Европа јасно стави до знаење дека еднаквоста не е избор, туку стандард. А ние тој стандард го прифаќаме затоа што веруваме во држава без привилегирани и непривилегирани граѓани,“ нагласи министерката.

Таа потсети дека токму енергетиката – како стратешки сектор и политички столб на европската интеграција – останува област со најниско учество на жени, што не претставува само општествена неправда, туку и пречка за успешно водена зелена транзиција.

„Жените се најмалку застапени во техничките професии, енергетските иновации и лидерските позиции. Тоа е ограничување што мора да го надминеме ако сакаме модерна, европска и конкурентна економија, Рамноправноста не се случува сама од себе – таа се гради. Во сектор како енергетиката, каде жените често мора двојно да се докажуваат, моја обврска како лидер е да ја отворам вратата за други жени. Ако институциите создадат фер правила и јасни можности, талентот ќе се истакне,“ порача Божиновска.

Министерката го истакна и фактот дека Министерството за енергетика денес е институција со целосен родов баланс – 50% жени и 50% мажи – што, како што нагласи, е доказ дека институциите можат и мора да бидат двигател на еднаквоста.

Во обраќањето беше најавено дека принципите на еднаков третман, еднаква плата, недискриминација и родово вклучување ќе бидат интегрирани во сите клучни енергетски реформи.

Министерката ја поздрави соработката со UN Women и изработката на десетте родови GAP анализи, кои ќе бидат основа за нови мерки, статистички показатели и политики засновани на докази.

„Зелената транзиција нема да успее ако половина од населението остане надвор од процесот. Нашата обврска е да креираме систем кој е стабилен, европски и праведен – систем во кој секоја жена има пристап до образование, технологија, иновации и лидерски позиции во енергетиката, Европа не гради нов енергетски систем за да ја повтори неправдата од стариот. Европа гради систем во кој секој добива шанса да придонесе – и ние мора да бидеме дел од таа визија,“ подвлече Божиновска.

Конференцијата заврши со повик за засилена координација меѓу институциите, донаторите и граѓанскиот сектор, како и со заедничка оценка дека Северна Македонија има потенцијал да стане регионски лидер во создавањето инклузивна и родово еднаква зелена транзиција.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг