Connect with us

Македонија

Битиќи не го пријавил во анкетен лист накитот кој го одзеле крадците од неговиот дом

Поранешниот потпретседател на СДСМ и вицепремиер, Фатмир Битиќи бил ограбен за време на велигденските празници и притоа крадците го украле сефот во кој имало пари и накит, пишува порталот Фокус.мк

„На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, информира МВР“.

Во раните утрински часови околу 3 часот наутро, три лица упаднале во домот на пратеникот Фатмир Битиќи. Тој за ТВ 24 потврди дека додека тој се наоѓал надвор од државата неговиот дом бил предмет на кражба.

„Се се случи околу 3 часот наутро. Кражбата траела од 3 и пол до 4 минути. Дома имам поставено и аларм и видео надзор. Регистрирани се три лица, двете влегуваат во куќата а едното чува стража пред врата. Одземен ни е метален сеф кој беше вграден. Буквално го откорнале. Во сефот имаше пари но и накит кој имаше сентиментално семејно значење за нас. По упадот, по околу 6 минути дошла и агенцијата за обезбедување со кој е поврзан нашиот систем за аларм.“ – вели Фатмир Битиќи за ТВ24.

Накитот за кој зборува Битиќи го нема во неговиот анкетен лист доставен Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во 2020 година кога вицепремиер за економски прашања, Битиќи пријавил куќа од 343 м2 која е проценета на 17,2 милиони денари. Тој вози „волксваген Т-рок“, а сопругата „мерцедес е-класа“ вредни 20.000, односно 30.000 евра.

Има три кредити, еден од 1,5, еден од речиси 2 и еден од 3 милиони денари кои треба да ги отплати до 2040 година, како и станбен кредит од речиси два милиони денари кој го подигнал во 2023 година.

Advertisement

Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓаат обилни дождови, грмежи и силен ветер

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во нашата Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час).

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец (до околу 60 км/час).

За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).

Што се однесува до температурите, тие нема да бидат многу ниски и ќе бидат околу или малку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

МетеоАларм

Continue Reading

Македонија

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, секојдневно сами го ризикуваме животот поради непочитување на сообраќајните правила и прописи

Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечиј деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, без дилема, поразителен биланс не е производ на природни катастрофи или воени конфликти, туку резултат на нашата култура, менталитет и однесување во сообраќајот. Несмееме да дозволиме сообраќајот од секојдневна неопходност да прерасне во нужно зло на современото живеење.

Статистиката покажува дека најчестите причинители кои доведуваат до сообраќајни несреќи со фатални последици се пред се непочитувањето на сообраќајните правила, односно користењето на мобилен телефон при возење, возењето со брзина поголема од дозволената, возењето под дејство на алкохол, итн. Апелираме до граѓаните: оставете го мобилниот телефон додека управувате со возилото, не возете со брзина поголема од дозволената, не седнувајте зад воланот доколку сте конзумирале алкохол. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи не го ставајте во ризик вашиот и животот на вашите најмили, како и на останатите учесници во сообраќајот.

Апелираме до родителите: не им дозволувајте на вашите деца да управуваат било какво превозно средство без соодветна обука и дозвола. Сообраќајната култура мора да им се вгради и вгнезди на децата уште од најмала возраст, а тука големо влијание имаат родителите и целокупниот воспитно-образовен процес.
Затоа уште еднаш, со најголема одговорност апелираме до сите учесници во сообраќајот, бидете совесни, внимателни и дисциплинирани. Една непромислена одлука – возење со мобилен телефон во рака или со брзина поголема од дозволената, или под дејство на алкохол – може да го одземе вашиот или нечиј друг живот.

Нема ништо поважно од човечкиот живот. Безбедноста на патиштата не зависи само од полицијата и контролите, туку пред сè од секој поединец зад воланот.
Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со засилени контроли на терен, но вистинската промена почнува со одговорноста на секој возач. Почитувајте ги правилата, намалете ја брзината и не седнувајте зад волан под дејство на алкохол. Да возиме со ум, не со емоции. Да не дозволиме нашето невнимание да биде причината некој да не се врати дома.

Continue Reading

Македонија

ФФМ ја казни Победа за хаосот и навредливите скандирања на мечот против Шкендија Арачиново

Хаосот во Прилеп од минатиот викенд го доби својот официјален епилог. Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја соопшти одлуката по инцидентите на натпреварот од Втората лига меѓу ФК Победа и ФК Шкендија Арачиново.

Според ФФМ, ФК Победа АД се казнува со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на гостинските фудбалери.

Во саботата по натпреварот од 12. коло на Втората лига, а по повлекувањето на гостите во соблекувалната, се случи инцидент. Еден навивач на Победа го скрши импровизираниот прозорец, ама пред да настане вистински хаос беше со играчите на противничкиот тим беше спречен од страна на полициски службеник.

Шкендија Арачиново славеше со 1-0 против Победа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг