Connect with us

Економија

Ова се земјите со најголеми плати во светот: На прво место се најде држава во Европа каде просечната плата надминува 6.000 евра

Published

on

Најновото истражување на платформата Numbeo, објавено од порталот RankingRoyals, нуди интересен увид во просечната месечна нето заработка во 50 земји за 2024 година. Станува збор за износи што ги добиваат работниците по одбивањето на данок.

На врвот на листата се наоѓа Швајцарија, каде што просечната нето плата достигнува околу 6.099 евра месечно. Веднаш зад неа се Луксембург со 5.306 евра и САД со 4.048 евра. Во топ 10 се вбројуваат и Исланд (3.645 €), Катар (3.529 €), Сингапур (3.451 €), Хонг Конг (3.376 €), Данска (3.312 €), Австралија (3.200 €) и Холандија (3.130 €).

На другата страна од листата – односно меѓу државите со најниски плати меѓу развиените – се Полска (1.361 €), Чешка (1.396 €), Естонија (1.424 €), Малта (1.434 €) и Словенија (1.435 €).

Истражувањето открива и некои интересни несразмери меѓу економската моќ на земјите и реалната заработка на граѓаните. На пример, дел од Г7 земјите – како Јапонија (1.964 €), Италија (1.556 €) и Шпанија (1.651 €) – се најдоа во долниот дел од листата.

Листата вклучува и значајни азиски и блискоисточни економии. ОАЕ бележи просечна плата од 2.882 €, Кувајт – 2.831 €, а Израел – 2.739 €. Јужна Кореја (2.083 €) и Тајван (1.486 €) имаат нешто поскромни резултати.

Податоците јасно ја отсликуваат економската нерамнотежа во светот и потенцираат колку е важно да се размислува за реформи што ќе ја подобрат куповната моќ и ќе обезбедат подобар животен стандард за граѓаните.

Економија

Ќура: Секоја најава за нови свежи пари за домашните компании се добредојдени

Published

on

Секоја најава за нови свежи пари во за домашните компании се добредојдени, оти вложувањата во развојните проекти треба да се реализираат. Бизнисмените ја поздравуваат најавата на министерката за финансии дека е исплатена третата транша од 41,3 милиони евра кон деловните банки за поддршка на 175 проекти, пари од унгарскиот кредит за инвестиции и развој. Првиот човек на Стопанската комора на северозападна Македонија, Менди Ќура, во изјава за МРТ1 вели дека парите ќе се вложат во локални, регионални и експресни патишта, со што ќе се покрене градежниот сектор.

Бизнисмените бараат овие најавени вложувања да се спроведат што е можно побрзо, оти економијата нема време за чекање. Според нив, добро е фирмите да бидат изведувачи и подизведувачи за изградба на патиштата, болниците, пругата, енергетските капацитети.

Министерката за финансии се надева дека проектите ќе дадат значаен инпут врз економскиот раст и кои ќе бидат сигнал кон остварувување на проекцијата од 3,7%.

  • „Досега се префрлени 125,7 милиони евра во три транши. Компаниите имаат на располагање средства во износ од 250 милиони евра кои се планирани во Буџетот за 2025 година и за поддршка на своите проекти можат да поднесат барање во деловните банки преку кои се реализира оваа мерка на Владата, насочна кон поддршка на домашната економија“.

Најголем дел од средствата се наменети за мали компании, како и за набавка на опрема во вредност од 19,5 милиони евра. Најголем дел од парите ќе се трошат за инвестиции во производствените компании. Досега се исплатени 125,8 милиони евра за 470 проекти, од предвидениот фонд од 250 милиони евра.

Continue Reading

Економија

Димовски: Правната предвидливост е клучна за привлекување инвестиции

Published

on

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, учествуваше на форумот за ефективно решавање на спорови, организиран од Македонската Асоцијација на Корпоративни Правници (МАКП), каде што истакна дека стабилната и предвидлива правна рамка е суштинска за економскиот развој и за зголемување на довербата на инвеститорите.

Во рамки на панел-дискусијата „Правна предвидливост: фундаментален услов за привлекување инвестиции“, Димовски подвлече дека Македонија нуди една од најатрактивните бизнис клими во регионот, пред сè благодарение на проактивните политики на ТИРЗ и поддршката за индустрии со висока додадена вредност.

„Нашите зони се дизајнирани да поддржат напредно производство и иновации, што ги прави магнет за домашни и странски инвестиции“, изјави Димовски. Тој додаде дека Владата останува посветена на директна и транспарентна комуникација со инвеститорите, како и на заштита на веќе започнатите преговори, дури и при промена на политичките околности.

На форумот се обратија и Стефан Волкановски, државен секретар во Министерството за транспорт, како и Мајк Зафировски, коосновач на „Македонија 2025“. Настанот го собра правниот и деловниот врв на земјата и регионот, со цел размена на идеи, трендови и решенија за унапредување на арбитражата и инвестиционата сигурност.

Continue Reading

Економија

Пазарот со позитивни движења – Раст на МБИ10 и повисок промет – 15.05.2025

Published

on

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Динамика на тргување и пазарни движења

На денешниот трговски ден, 15 мај 2025 година, Македонската берза забележа значително зголемен вкупен промет од 46.779.018 денари, речиси двојно повеќе од претходниот ден. Индексот МБИ10 порасна за 0,23%, достигнувајќи 10.756,34 поени, додека ОМБ порасна за 0,06% и се искачи на 126,51 поени. Активноста беше највисока кај банките и фармацевтскиот сектор.

Најтргувани акции

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет: 24.449.660 денари, последна цена: 27.000,00 денари

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет: 10.586.010 денари, последна цена: 28.649,00 денари

● Стопанска банка АД Скопје (STB) – промет: 4.938.980 денари, последна цена: 3.100,00 денари

Најголеми добитници

● Макпетрол АД Скопје – пораст од 0,81%, последна цена: 119.900,00 денари

● Реплек АД Скопје – пораст од 0,74%, последна цена: 16.100,00 денари

● Стопанска банка АД Скопје – пораст од 0,50%, последна цена: 3.100,00 денари

Најголеми губитници

● Прилепска Пиварница АД Прилеп – пад од 2,67%, последна цена: 36.500,00 денари

● Комерцијална банка АД Скопје – пад од 0,01%, последна цена: 28.649,00 денари

 

Обврзнички пазар

Иако беа котирани повеќе државни и структурни обврзници, не беа регистрирани трансакции, а индексот ОМБ благо порасна на 126,51 поени.

15 мај 2025 донесе јасна реактивација на инвеститорската активност, при што индексот МБИ10 се придвижи нагоре, а прометот достигна највисоко ниво во последните неколку недели. Алкалоид и Комерцијална банка доминираа по волумен и учество во вкупниот промет, додека Макпетрол и Реплек беа меѓу најдобрите перформери на денот. Пазарот покажува знаци на растечка доверба, со зголемена ликвидност и поширок интерес кај институционалните и индивидуалните инвеститори.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк