Connect with us

Република

Општина Битола со силна финансиска поддршка за граѓанските организации и спортот во 2025 година

Published

on

Согласно записникот од седницата на Комисијата за финансии и буџет на Советот на општина Битола одржана на ден 01.04.2025 година, Општина Битола, ги објавува резултатите од објавените јавни повици за:

• Јавен повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2025 година

• Јавен повик за поддршка на проекти и програмски активности на здруженија на граѓани/фондации кои работат во областа на еднаквите можности за 2025 година

• Јавен повик за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и индивидуални спортисти за 2025 година

Резултатите од наведените јавни повици, може да ги видите на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2025/04/Rezultati.pdf.

Република

Коњановски: Основaњето на медицински факултет во Битола е инвестиција во иднината

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја поздрави одлуката на Владата за основање на Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, оценувајќи ја како значаен чекор за развој на регионот и здравствениот систем во земјава.

„Со особено задоволство ја примив веста за оваа одлука која претставува стратешки исчекор во развојот на високото образование, здравствениот систем и регионалниот развој на Пелагонискиот регион“, изјави Коњановски.

Според него, отворањето на ваков факултет ќе им овозможи на младите од регионот и пошироко да добијат квалитетно образование во областа на медицината и здравството без да заминуваат во други градови или држави. Тој истакна дека формирањето на факултетот ќе придонесе и за зајакнување на здравствената инфраструктура преку образување кадар што ќе биде директно во служба на граѓаните.

„Очекуваме дека Факултетот ќе стане современ академски центар, кој ќе поттикнува научно-истражувачка дејност, ќе соработува со домашни и меѓународни институции и ќе биде двигател на позитивни промени во системот на здравствена заштита во земјата“, рече Коњановски.

Тој додаде дека ова е долгогодишна желба на битолчани и изрази надеж дека по подготвителниот период, Факултетот ќе почне со работа веќе од студиската 2026/2027 година.

„Факултет за медицински науки и здравство е инвестиција во иднината – во знаењето, здравјето и просперитетот на југозападниот дел од нашата држава“, порача Коњановски.

Continue Reading

Република

ОПШТИНА БИТОЛА ПРЕЗЕМА ЧЕКОРИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОШТЕТУВАЊАТА И ПРОПУСТИТЕ ОД СТРАНА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ

Published

on

По констатираните теренски пропусти, односно девијацијата на горниот слој на коловозот кој што се појави на неодамна асфалтираната ул. „Бурса“ во непосредна близина на Битолската пиварница, општина Битола достави известување до Министерството за транспорт и врски.

Во известувањето до Единицата за имплементација на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Република Македонија и Светска банка, е нагласено дека при теренска посета на улицата на 13.05.2025 година од страна на стручните служби на општина Битола, надзорниот орган и изведувачот, констатирани се големи оштетувања на завршниот слој на асфалтот на оваа улица. За таа цел, општина Битола како краен корисник, бара да се постапи под итно и да се изврши санација на видливите недостатоци на асфалтираната улица.

Исто така, при теренски увиди, констатирани се видливи знаци на оштетување и соголена арматура на самата дилатација на мостот на реката Драгор на ул. „Довлеџик“ (помеѓу бензинската пумпа Мак Петрол и црквата Св. Архангел Гаврил), кои што претставуваат опасност во сообраќајот. Побарано е од изведувачот итно и неодложно да пристапи кон санација и на ова оштетување.

Continue Reading

Република

Кредит од еден милион евра од ЕИБ заглавен во Советот на Битола

Published

on

Мнозинството во битолскиот совет гласаше воздржано за кредитот кој треба да биде употребен за седум проекти во општината

БИТОЛА – Мнозинството советници во битолскиот Совет гласаше воздржано за кредит од 1 милион евра од Европската инвестициска банка наменет за седум проекти за Битола. Со овие пари треба да се реконструираат водоводните мрежи и канализации на пет улици меѓу кои и Булеварот „1 мај“, изградба на водноснабдителен систем за село Лисолај и изградба на фекална канализација за потпелистерското село Трново, во втора фаза.

Советници на СДСМ и коалицијата, Левица и „Поинаку“, вкупно 16 гласа беа воздржани, додека 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа „за“ прифаќање на две точки кои требаше да поминат преку Советот во врска со грантот.

„Предлагам точките да не се гласаат и тие да бидат образложени на Комисија за финансии во текот на оваа недела, ако се итни можеме да ги поминеме на вонредна седница. До овој момент немаме никаква информација“, рече претседателката на Советот, Габриела Илиевска непосредно пред гласањето.

Лани во ноември новата влада објави дека нови 50 милиони евра, кредит од Европската инвестициска банка, кои биле обезбедени, но не и искористени, ќе им бидат на располагање на општините. Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити кажа дека се работи за средства кои се добиени во времето на претходната власт, но досега не се реализирани, а се наменети за еколошки проекти, за хортикултурно разубавување на општините и за подземна инфраструктура – канализации, водоводи. Меџити рече дека –„Парите се веќе добиени, плаќаме и камата, но не се искористени.“ 

На советничката расправа, образложението на советниците од ВМРО-ДПМНЕ беше дека државата зела заем, а не дека ќе земе Општина Битола. Односно дека за реконструкција на водоводни линии и канализациони мрежи проектите ќе се одвиваат со тендери преку Министерството за животна средина, а битолскиот Совет треба да даде согласност за градоначалникот Тони Коњановски да го потпише договорот со Министерството за животна средина.  

„Доделени ни се милион евра од заемот и треба да ги искористиме. Сите општини земаат финансиски средства. Очигледно се нема желба да се искористат овие финансиски средства. И да не ги искористиме овие средства ќе треба да го враќаме заемот. Функционираат тие водоводни линии и канализациски мрежи, само што се стари и дотраени, имаме дефекти. Сега зборуваме за нови водоводни и канализациски мрежи“, образложи Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ.     

Илиевска рече: „Не ни се доделени, некој ќе треба да ги враќа. Сега зборуваме дали сакаме да се дозаглавиме. Инвестициска банка ја лажите дека имаме рентабилни јавни претпријатија… Како ќе си гласам е мое лично убедување, не можете да ми вршите притисок“, реча таа во текот на расправата.

Ситуацијата со заемот од Европската инвестициска банка најде паралела и со европските пари што во 2023 година требаше да бидат наменети за нови велосипедски патеки во Битола во висина од 400 илјади евра, но Советот не даде зелено светло да се искористат. Општината сега ги прави од својот буџет.  

„Значи градоначалникот не може да потпише ништо без одобрение на Совет, така?“, праша Илиевска. 

Бојковски одговори:„Така побарува сега донаторот“.

На ова Илиевска додаде: „Така побаруваше и за велосипедските патеки, па си потпиша анекс на договор без одобрение на Советот“, рече таа.  

Нејасно за што се зема заемот беше и за СДСМ. Советникот Петар Николовски, побара увид во проектот.

„Го бараме договорот за грант меѓу Општина Битола и Министерството за животна средина за да знаеме што гласаме за да не биде после дека сме против европски пари, заедно да донесеме одлука за доброто на градот“, рече Николовски. 

Советничка од Демократскиот сојуз на Власите, Елизабета Тодоровска праша што ако некој од водоводните проекти не биде ставен во функција тогаш кој ќе ја надомести штетата. На ова Бојкоски рече дека се работи за веќе постојни линии на водоводот кои се функционални.

Откако за заемот не се даде зелено светло од Советот, Бојкоски излезе на булеварот и обвини дека „ваквото одбивање и деструктивно однесување се случува по втор пат за проекти финансирани од ЕУ.“

Денеска јавно реагираше и градоначалникот Тони Коњановски велејќи дека е разочаран и дека е веќе видена состојба на надмудрување во Советот на општина Битола – „добиваме наше битолско одбивање на средства од Европската унија. Оваа постапка е веќе еднаш видено во општинскиот Совет, за одбивање на средства од Европската Унија. Не е добро ова однесување. Сите губиме на овој начин“, рече Коњановски.

Извор: nezavisen.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк