Connect with us

Македонија

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Невреме од ниво 3 и се заканува на Македонија, еве за кои делови од земјава важи тоа

Published

on

Д-р Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки, предупредува дека денес постои зголемен ризик од невреме (Ниво 3) во Македонија.

Д-р Владо Спиридонов на својот фејсбук профил објави дека во текот на денешниот ден, Југоисточна Европа и Македонија ќе останат под влијание на нестабилна синоптичка ситуација – пространа долина со намален притисок на висина и прилив на поладен воздух над северозападниот дел од Апенинскиот Полуостров.

“Околу пладне се очекува формирање на два изолирани центри со низок притисок – едниот ќе се движи кон Јонското Море, а другиот кон југозападниот дел од Црното Море. Ова ќе придонесе за засилена атмосферска дестабилизација.

Попладне се очекува развој на влажен фронтален бран проследен со појава на нестабилности и развој на грмотевични облаци. Врнежите прво ќе го зафатат источниот дел од земјата, а потоа ќе се прошируваат кон централниот регион.

Најобилни врнежи и потенцијално неповолни временски појави се очекуваат во источните и централните делови од Македонија – особено во Велешкиот регион, каде системот NOTHAS веќе има означено Ниво 3: Зголемен ризик од невреме.

Апелираме до граѓаните да бидат внимателни, особено попладне и во вечерните часови. Следете ги официјалните информации и бидете подготвени доколку условите се влошат.”, стои во објавата на Д-р Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки.

Македонија

(ФОТО) По цели два месеца конечно се огласи преживеаниот член на „ДНК“

Published

on

По цели два месеца од кобната ноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на социјалните мрежи првпат се огласи Горан Тонев – младиот гитарист и пејач, еден од тројцата преживеани членови на музичката група „ДНК“. Заедно со Панчо и вокалистката Ана Костадиновска, тој успеа да ја преживее трагедијата што ја потресе цела Македонија.

Тонев објави фотографија од болницата на својот профил на „Фејсбук“, придружена со длабоко емотивно обраќање:

„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау”-Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија.

Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене. Моите чувства се измешани, колкушто сум среќен, толку сум и тажен за загубата на сите деца, а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии.“

Continue Reading

Македонија

ВЛЕН: ДУИ го имаше гувернерот во уста, а тендерите во џеб!

Published

on

ДУИ, партијата на милионери и хронични измами, две децении им го ветуваше гувернерот на Албанците. Тие што 22 години ја делеа власта со златна лажица, денес од опозиција викаат: „Зошто нема Албанец на чело на Народна банка?“

Епа, никој не им забрани да го направат тоа – ама не го направија! Затоа што за ДУИ власта не беше за Албанците, туку за нивните џебови. Гувернерот го заборавија, но тендерите и луксузот никогаш!

Фактите говорат сами!

ДУИ не вети дека Дрин Ахмети ќе стане милионер – ама го направија!

ДУИ не вети коцкање во секој албански дом – ама го донесоа!

ДУИ не вети дека ќе го ослободат Мијалков од затвор – ама го направија!

Сега имаат храброст да бараат одговорност за нешто што самите го ветија, а никогаш не го исполнија.

ВЛЕН не лаже, не измамува и не продава лажно патриотство. Ние не ветивме гувернер, затоа што не правиме театар со чувствата на Албанците.

Кога ветуваме – ние реализираме!

Continue Reading

Македонија

Бугарските доктори победија: По два месеца борба за живот, спасен е последниот од повредените во Кочани

Published

on

Со голема благодарност, радост и надеж, ја споделуваме веста дека и последниот тешко повреден пациент од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани успешно ја заврши својата медицинска терапија и е испишан од Универзитетската болница „Пирогов“ во Софија. Овој херојски подвиг на медицината и меѓународната солидарност уште еднаш ја потврди силата на човечката добрина и поддршката која не познава граници.

Младиот маж, кој беше во исклучително критична состојба, беше транспортиран во Софија пред два месеца, заедно со уште седумте најтешко повредени при трагедијата што го потресе Кочани на 16 март. Со помош на над 30 големи операции и бројни помали интервенции, и со посветеноста на тимот од Клиниката за изгореници и пластична реконструктивна хирургија, предводен од проф. Маја Аргирова, беа спасени животи и вратена надежта.

Овој успех не би бил возможен без несебичната помош на стотиците дарители на крв од Македонија и Бугарија. Солидарноста помеѓу народите и взаемната поддршка беа од пресудно значење во овие тешки моменти.

Бугарската држава беше меѓу првите кои понудија помош. На 16 март, беа транспортирани осум критично повредени пациенти, а во тимот беше и реаниматорот од „Пирогов“, д-р Кирил Пенчев. Неколку дена подоцна, беше примено и младото девојче со полесни повреди, кое прво беше успешно испишано.

Ова не е само медицински успех, туку и вистинска победа на хуманоста, на меѓународната солидарност и на заедничката грижа за животот. Историјата на спасените од Кочани ќе остане вечен симбол на пријателството меѓу народите и на посветеноста на здравствените работници, кои вложија максимум од своите сили и срце.

Честитки за целиот медицински тим на „Пирогов“ и за сите хероји кои учествуваа во оваа операција за спасување на животите на младите луѓе!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк