Connect with us

Црна Хроника

Полициска акција во Куманово: Уапсени се повеќе лица

Published

on

На 24.04.2025, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.А.(62), С.Д.(23) и Д.А.(30), сите од Куманово.

При претрес во домот на Д.А., извршен со судска наредба, а во кој биле затекнати З.А. и С.Д., биле пронајдени таблети, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, дигитална вага, дробилка и други предмети. 

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Црна Хроника

Мексиканска инфлуенсерка убиена додека емитувала во живо

Published

on

Валерија Маркез им се обраќаше на своите следбеници на „ТикТок“ во живо од нејзиниот салон за убавина во мексиканскиот град Запопан кога некој ѝ затропа на вратата и ѝ достави мал пакет.

„Тоа е мало прасе!“ извика 23-годишната Маркез додека ја отвораше плишената играчка со насмевка, фрлајќи ја својата долга руса коса преку рамената, како што објави CNN.

Но, само неколку моменти подоцна, сцената се претвори во трагедија – инфлуенсерката беше пронајдена мртва, згрчена на столот, додека крвта се лееше по масата, а преносот продолжи, сè додека некој не ѝ го зел мобилниот телефон.

Според информациите од канцеларијата на државниот обвинител на Халиско, Маркез била убиена од маж кој влегол во нејзиниот салон, а случајот се третира како фемицид.

Нејзината смрт, како јавна личност со повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм, предизвика шок во земјата, која веќе со години се соочува со високи стапки на насилство и убиства на жени.

Continue Reading

Црна Хроника

Во сообраќајна несреќа загина 27-годишен скопјанец, уште еден е тешко повреден

Published

on

На 14.05.2025 околу 22:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Драчево-Катланово, во атар на с.Морани, скопско, патничко возило „фолксваген бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(27) од с.Студеничани, скопско, удрило во рефлектирачко столбче на патот, ограда и во бандера која паднала врз возилото.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Додека со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Џ.Т.(22) од с.Студеничани, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Continue Reading

Црна Хроника

ЕКСПЛОЗИЈА ГО РАЗБУДИ ПРИЛЕП Фрлена бомба во двор, фасадата оштетена, се истражува мотивот

Published

on

Вчера во 7:13 часот во полициската станица во Прилеп бил пријавен сериозен инцидент во кој, според пријавата, била фрлена експлозивна направа во двор на куќа на улицата Никола Каранџулов во Прилеп.

Случајот го пријавил 49-годишниот М.В. од Прилеп, кој информирал дека по фрлањето на експлозивната направа настанал пожар и била предизвикана материјална штета, поточно оштетување на фасадата на објектот.

На местото на настанот излегле полициски службеници и увидна екипа од ОВР Прилеп, а за инцидентот бил известен и јавен обвинител.

Во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк