Connect with us

Спорт

Тежок удар за Реал Мадрид – Камавинга ја заврши сезоната поради повреда

Published

on

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид се соочува со голем проблем откако беше потврдено дека Едуардо Камавинга нема да игра до крајот на сезоната поради сериозна повреда на мускул од бутот на левата нога. Повредата ја заработил за време на натпреварот против Хетафе, кој „кралевите“ го добија со 1:0.

Како што објави шпанската Марка, францускиот репрезентативец ќе мора да паузира најмалку два месеца, а можно е и до три, што значи дека сигурно го пропушта остатокот од сезоната, вклучувајќи ги и клучните натпревари во Ла Лига против Барселона, како и финалето на Копа дел Реј – исто така против каталонскиот ривал.

Оваа повреда, освен што ќе го оддалечи од клупските обврски, ќе му го одземе и настапот на Светското клупско првенство, како и на завршницата на Лигата на нации со Франција.

За Камавинга, ова е горчлив крај на веќе тешка сезона обележана со бројни повреди. Сè започна уште во август со повреда на коленото, по што го пропушти Европскиот Суперкуп и беше надвор од терените повеќе од еден месец. Во декември и јануари, поради мускулни проблеми, пропушти вкупно осум натпревари и тешко се враќаше во ритам.

Иако досега забележа 34 настапи за Реал Мадрид во сите натпреварувања, честите паузи влијаеја врз неговата форма – а оваа најнова повреда го отстранува од сите планови до лето.

Спорт

На ѕвездата на Реал Мадрид му се заканува казна затвор од пет години?

Published

on

Раул Асенсио од Реал Мадрид под истрага: Се соочува со можност за петгодишна затворска казна

Шпанскиот фудбал и навивачите на Реал Мадрид се потресени од веста дека младиот дефанзивец Раул Асенсио (22) е под истрага поради сериозни обвиненија за дистрибуција на детска порнографија. Судските власти во Шпанија веќе покренаа кривична постапка против него и тројца поранешни соиграчи од младинскиот тим на клубот.

Според информациите, Асенсио е осомничен дека нарачал видеоснимки направени во 2023 година, на кои се гледаат неговите соиграчи Феран Руиз, Андрес Гарсија и Хуан Родригез како имаат сексуални односи со девојка (18) и малолетничка (16). Наводно, овие снимки биле споделувани преку мобилната апликација WhatsApp, што довело до сомневање за незаконска дистрибуција на материјал со малолетници.

Судскиот извештај посочува дека двете девојки покажуваат симптоми на посттрауматско стресно нарушување, а дополнителни вештачења ќе утврдат дали има основа за формално обвинение. Доколку се потврди вината, Асенсио и неговите поранешни соиграчи би можеле да се соочат со затворски казни од три и пол до пет години – како што е предвидено со член 197 од Кривичниот законик на Шпанија.

Судијата кој ја води истрагата навел дека постојат доволно докази за прекршување на правото на приватност, неовластено дистрибуирање на интимни снимки, како и за понуда и поседување детска порнографија.

Инаку, член 197 од Кривичниот законик на Шпанија наведува дека секое лице прогласено за виновно за снимање и делење експлицитно видео со малолетник ќе се соочи со затворска казна од три и пол до пет години.

Continue Reading

Спорт

МЗТ на чекор до финалето на машкиот кошаркарски плеј-оф

Published

on

Актуелниот бранител на шампионскиот трофеј, екипата на МЗТ Скопје Аеродром направи уште еден, втор чекор на пат кон големото финале на плеј-офот и одбрана на титулата во Првата македонска кошаркарска лига.

Скопските „сино-бели“ беа уште еднаш подобри од кумановските, кои оставија многу подобар впечаток во СЦ „Јане Сандански“, но не го изненадија фаворизираниот тим од Аеродром (82:76).

Кај победникот Едвин реализираше 22 поени, потоа 12 запиша Крстевски, а уште 10 додаде Андоноски, кој успешно го замени недоволно закрепнатиот Маслинко.

Во гостинската екипа, Димитриевски имаше 22 поени поени, Радукиќ го следеше со 17, додека Петровиќ забележа 14.

Continue Reading

Спорт

ФК Тетекс утре ќе го добие шампионскиот пехар за освоената Трета лига запад.

Published

on

,,Покана до сите љубители на фудбалот, сите ВОЈВОДИ, сите тетовчани, сите што бевте дел од успешната сезона на Тетекс, во среда (14.05) во 17:00ч на натпреварот против Камењане, заедно да бидеме сведоци на успехот од сезонава и заедно да го подигнеме ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР! Се гледаме таму”, повикуваат од ФК Тетекс

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк