Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски ќе биде кум на Балаклија во Црниче наредната година

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес го прослави празникот Источен Петок – Балаклија заедно со жителите на Црниче, на култното место кое од минатата година е повторно достапно за јавноста. Празникот, кој се одбележува во Светлата Недела, е посветен на Пресвета Богородица и е еден од најзначајните духовни денови за православните верници.

„Нека е за многу години овој голем празник. Огромна чест ми е што следната година ќе бидам кум, тоа е дар од Бога“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека празникот има длабока симболика, бидејќи според преданието, токму на овој ден Пресвета Богородица му ги измијала раните на Исус Христос, а водите од изворите стануваат лековити.

Градоначалникот потсети дека минатата година изворот во Црниче бил ослободен од узурпација и повторно вратен на граѓаните, уреден со содржини кои овозможуваат духовен мир, уживање и рекреација.

„Горд сум на сплотеноста на мојот народ на вакви денови. Македонија е богата земја, а нашата меѓусебна љубов и почит се таа сила што не одржува низ вековите“, порача Ѓорѓиевски, честитајќи им на сите верници со желби за здравје и бериќет.

Скопје

Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл

Published

on

Синоќа (11/12.05.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 17.00 до 01.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. При тоа за време на сообраќајната контрола акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.

За време на контролата биле преземени мерки против 76 учесници во сообраќајот, од кои 20 санкции за возачи на мотоцикл. Од нив четири за возење мотоцикл без возачка дозвола, 10 санкции за возење без заштитна кацига, четири мерки за возење мотоцикл без положен испит…

Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта.

Continue Reading

Скопје

Претседателката на Форумот на жени на АА-Чаир се дистанцира од Таравари

Published

on

Претседателката на Форумот на жени – огранок Чаир, Теута Рамадани Џафери, се дистанцира од последните дејствија на Арбен Таравари, претседател на фракцијата што таа претходно ја поддржуваше.

Освен дистанцирањето, таа упати и критики кон Таравари, наведувајќи дека тој воопшто не го поканил Форумот на жени, ниту пак неа како претседателка, на отворањето на седиштето на оваа партија во Чаир.

Вистината нема потреба од дозвола за да се каже.

Се отвори новото седиште на Алијансата за Албанците во Чаир, но без мое присуство, како и без присуството на Форумот на жени од огранокот Чаир.

Мојот бојкот не беше чин на тишина, туку на совест.

Бидејќи не можам да молчам пред патот што нè води кон прегратка со партија против која политички се колневме дека ќе ја испратиме во опозиција.

Овој пат нема ништо заедничко со визијата на Арбен Џафери, а уште помалку со жртвата на стотици активисти кои со години ѝ останаа посветени на Алијансата.

Нашето разделување со Зијадин Села се случи токму поради оваа причина – затоа што одлучи да соработува со ДУИ. И трагично е што по целата таа битка, денес ја доживуваме истата приказна, само со друга рака што нè турка во иста бездна.

На последниот состанок на огранокот, ни беше кажано јасно: „Кој ја облекол партиската униформа, нека остане. Кој не – вратата е отворена.“ И тоа го кажа токму оној што некогаш молеше пред врата за да се приближи до огранокот, и оној чие политичко влијание постои само во зборови и празни ветувања, колку да ја постигне својата цел. Тешка иронија што покажува како личната моќ може да проголта цела организација.

Не сум тука од инает, туку од убедување. Не се повлекувам поради поединец, туку поради едно извртување што повеќе нема никаква врска со Алијансата што ја градев заедно со стотици други во Чаир.

Од денес, мојот став е јасен: мојата политика се лоцира таму каде што ми е дадена довербата — во Чаир. Со граѓаните, со жените од оваа заедница, со младите кои сè уште веруваат во една Алијанса што не се продава за лични интереси.

Со почит,

Теута Џафери (Претседателка на Форумот на жени – огранок Чаир)

Continue Reading

Скопје

Обвинителството со детали: Мерки на претпазливост за возач кој дивеел во Чаир

Published

on

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На 9 мај, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, осомничениот по улицата “Џон Кенеди” управувал автомобил “Рено модус”, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и ги довел во опасност луѓето.

Непочитувајќи ги надолжните ознаки на коловозот, односно надолжно обележана удвоена бела полна линија, со возилото свртел во лево, без претходно да се увери дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот или по имотот. Притоа, не водел сметка за положбата, правецот и за брзината на движењето на возилото, со што преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока и во него удрил мотоцикл „БМВ“ кој се движел по левата сообраќајна лента.

Од ударот мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран.

Со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител на Судот му предложи да определи мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живелиште односно престојувалиште, обврска на осомничениот да се јавува повремено на одредено службено лице, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница, како и одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк