Connect with us

Свет

Само една жена смееше да го прекрши протколот: Која е бабата која стоеше покрај ковчегот на папата?

Емотивна сцена на плоштадот Свети Петар: Часната сестра Жанингро се прости од својот пријател, папата Франциск

Чесната сестра Женевјев Жанингро, блиска пријателка на покојниот папа Франциск, го трогна целиот свет со својот искрен и длабоко емотивен проштален момент на плоштадот Свети Петар. Оваа француско-аргентинска монахиња, членка на редот „Малите сестри на Исус“, важи за личност која со децении беше во блиска релација со папата, кого го сметала за свој пријател.

Во петокот, таа уште еднаш се појави пред ковчегот со телото на папата Франциск, пред неговото затворање и официјалната церемонија на погребот. И покрај тоа што има 81 година, нејзината посветеност и љубов кон човекот што го познаваше над 40 години не познаваат бариери.

Жанингро добила посебно дозвола да му оддаде почит на папата во дел од базиликата Свети Петар кој инаку е резервиран исклучиво за високото свештенство – кардинали, бискупи и свештеници. Нејзиното тивко, но длабоко лично простување – додека стои покрај отворениот ковчег, брише солзи и ги држи рацете на лицето – беше снимено и споделено низ целиот свет. Никој од обезбедувањето не го прекина тој момент на тишина и почит.

Нивното пријателство не било само формално. Папата Франциск, кој последен пат се сретнал со неа во јули во Остиа, нежно ја нарекувал „l’enfant terrible“ – „непослушно дете“, со што ја опишувал нејзината страст и упорност во служењето на најмаргинализираните. Женевјев е позната по повеќе од 56 години посветен живот во служба на најслабите – транс жени, бездомници, патувачки работници и луѓе на маргините на општеството.

Таа живее скромно, во камп-приколка, заедно со уште една чесна сестра – Ана Амелија Ѓачето. Нивниот начин на живот и нивната мисија се вистинско отелотворување на вредностите што папата Франциск ги промовираше во текот на својата 12-годишна понтификатска служба: сочувство, едноставност и отворено срце кон сите.

Инаку, петокот беше последниот ден кога верниците можеа лично да оддадат почит на покојниот папа. Повеќе од 250.000 луѓе до тој момент поминаа покрај ковчегот во базиликата Свети Петар, со редици што се протегаа низ главните улици на Ватикан. Верниците трпеливо чекаа со часови – во тишина, молитва и длабоко размислување.

Advertisement

Свет

Американските напади во Карипското Море и Пацификот оставија повеќе од 60 мртви

САД соопштија дека во 13 напади на бродови во близина на Венецуела и источниот Пацифик од септември досега загинале повеќе од 60 лица. По инцидентите, лидери, правни експерти и семејства на загинатите побараа докази за наводното шверцување дрога, пренесе Ројтерс.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека мета биле бродови кои пренесувале нелегални наркотични супстанци, но САД досега не презентирале докази што го потврдуваат тоа.

Меѓународни организации, меѓу кои и високи претставници на ОН за човекови права, ги осудија нападите како прекршување на меѓународното и хуманитарното право. Венецуела ги нарече акциите „убиства“ и „агресија“, а претседателот Николас Мадуро го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидува да ја сруши неговата власт.

Continue Reading

Свет

Трамп ќе му го промени мислењето на Орбан?

Заменик-премиерот на Украина за европски и евроатлантски интеграции, Тарас Качка, изјави дека унгарската блокада на европските интеграции на Украина би можела да биде укината по состанокот меѓу Виктор Орбан и американскиот претседател Доналд Трамп.

Според Качка, клучно е САД да разберат зошто е неопходна согласноста на Унгарија за започнување на пристапните преговори меѓу Киев и Европската Унија.

„Од наша страна, на ова прашање му посветивме големо внимание, а претседателот Зеленски веќе зборуваше за тоа. Дали ова прашање – односно укинувањето на унгарското вето – би можело да биде решено за време на разговорите меѓу Трамп и Орбан? Постојат очекувања дека да,“ изјави Качка.

Тој додаде дека станува збор за билатерална средба меѓу американскиот и унгарскиот лидер, и дека „сè сепак зависи од директниот дијалог“ меѓу Украина и Унгарија.

„Овој состанок може да помогне, како и ставовите на лидерите на земјите членки на ЕУ кои се идеолошки поблиски до Орбан. Нашата задача е да работиме на сите овие фронтови. Верувајте ми, разговаравме дури и со јапонската влада за ова,“ додаде украинскиот заменик-премиер.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека го замолил Доналд Трамп да го искористи своето влијание врз унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој го блокира напредокот на Украина кон Европската Унија.

Состанокот меѓу Орбан и Трамп треба да се одржи во Вашингтон на 7 ноември.

Continue Reading

Свет

Путин со еден потег го доведе Трамп до лудило: Ќе започне ли она од што целиот свет стравува?

Најавата за тестирање на ракети-носачи на нуклеарно оружје во САД покажува дека Америка влегува во нова трка во вооружување, изјави претседателот на Институтот за светска политика Виктор Шлинчак во програмата на украинското „Радио НВ“.

Според него, и Трамп и Путин сè уште живеат во филозофијата на Студената војна, кога се закануваше со нуклеарно оружје и преку тестови се демонстрираше сила.

Шлинчак оцени дека нема никаква логика САД во овој момент да спроведуваат вакви тестирања на своја територија, бидејќи современите технологии овозможуваат да се процени доверливоста на ракетите без физички проби.

„Освен што овие тестови ја загадуваат животната средина, постојат бројни технолошки методи кои можат да укажат на евентуални дефекти во ракетите и подземните системи. Ова не е приказна за сила, туку за политика на покажување мускули“, објасни тој.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин се обидува да го вовлече американскиот лидер Доналд Трамп во бесмислена игра на демонстрација на моќ, која нема реална стратешка цел.

„Путин постојано го вовлекува Трамп во некаква игра која нема никаква смисла. Тоа е само обид да се одржи атмосферата на ривалство од минатиот век“, додаде Шлинчак.

Аналитичарите предупредуваат дека евентуалните нуклеарни тестови во САД би можеле дополнително да ги зголемат тензиите меѓу Вашингтон и Москва, кои и онака се нарушени поради конфликтот во Украина и развојот на ново стратешко вооружување.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг