Connect with us

Република

Општина Битола: се проширува патот за Буково, од понеделник времен режим на сообраќај

Published

on

На барање на локалните жители и населението кое го користи локалниот пат за с.Буково и нивното укажување на проблемите за безбедно одвивање на сообраќајот, поради недоволната ширана на патот од 3,5 м’, Општина Битола спроведе постапка и склучи договор за изведба и проширување на коловозот.

Вкупната вредност на договорот изнесува 19.690.365 денари, а рокот на изведба е 90 дена.

Работните активности на терен се веќе започнати, а од понеделник на овој патен правец ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Доградбата (проширувањето) на дел од постоечкиот коловоз е со должина од 600 м, а ширината на асфалтниот дел од коловозот ќе изнесува 5,50 м’, односно ќе се изврши симетрично проширување на постоечкиот коловоз од две страни од по 1,0 м.

Од двете страни на коловозот (до асфалтниот дел) предвиденa е изработка на банкини со ширина од по 75 см. од секоја страна.

Во банкината на пониската страна ќе се вградат префабрикувани бетонски каналети до самиот раб од доградениот асфалт со димензии 40/20/50 см, додека на останатите 35 см, од банкината ќе се изврши стабилизација со бетонирање на АБ плоча со д = 10 см. Банкината на повисоката страна ќе се стабилизира само со бетонирање на АБ плоча со ширина од 75 см. и  д=10 см.

Вака прифатената атмосферска вода преку каналетите во банкините, предвидено е да се спроведува во префабрикувани бетонски риголи со димензии 50/40 х 50 см. поставени од двете страни на патот.

Република

Десетици килограми угината риба во Тополка – рибочуварите алармираат за еколошки катастрофален помор

Published

on

Ниту една жива риба не е пронајдена во долниот тек на реката Тополка од утринава околу 8:20 часот, кога рибочуварите од велешкото здружение „Бабуна“ забележаа голема површина покриена со бела пенеста материја и десетици килограми угината риба во водата. Глетката е потресна – рибите се со различни големини и видови, вклучувајќи автохтоната кркушка, клен, мрена и попадика, рече претседателот на здружението Даниел Наумоски.

Инцидентот е пријавен кај СВР Велес, каде што излезе увидна екипа во соработка со инспектори од Државниот инспекторат за заштита на животната средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и овластена лабораторија. Првичните сомнежи укажуваат на можно присуство на хемиска или отровна материја која предизвикала масовен помор на рибите.

Поморот е забележан од потегот на поранешна Порцеланка до вливот на Тополка во реката Вардар, а рибочуварите спроведуваат контроли и по течението на Вардар. Засега не може да се процени точната количина на угинатите риби ниту кога точно се случил инцидентот, но постои сомнеж дека се случил ноќта пред пријавата.

Земени се примероци од риба и вода за лабораториски анализи кои ќе треба да откријат причинителот на еколошката катастрофа во Тополка.

Извор: Дума.мк

Continue Reading

Република

Општина Битола со нов инфраструктурен зафат: асфалтен пат до манастирот „Св. Илија“ во Крклино

Published

on

Општина Битола продолжува со унапредување на локалната инфраструктура преку реконструкција на главната сообраќајна врска меѓу селото Крклино и манастирот „Свети Илија“. Новиот асфалтен слој покрива површина од 1.440 квадратни метри, на делница долга 480 метри.

Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, и секретарот на општината, Борче Димитровски, извршија теренски увид во текот на градежните активности, со цел да се осигури квалитетна реализација на проектот.

„Со овој зафат не само што се подобрува пристапот до манастирот, туку се зголемува и безбедноста и квалитетот на живот на жителите“, истакнаа од општината.

Претходно во Крклино беше реконструиран и дел од водоводната мрежа, со поставување нови приклучоци, што претставува продолжение на пошироките напори за модернизација на селото.

Вкупната инвестиција за асфалтирањето изнесува 3.210.426 денари и е целосно финансирана од буџетот на општина Битола.

Continue Reading

Република

Димитровски: Со „Леб и сол“ ја отвораме летната магија во Битола

Published

on

Битола се подготвува за грандиозно отворање на 17-то издание на Бит Фест 2025, културниот белег на градот кој секое лето привлекува илјадници посетители. Оваа година, свеченото отворање ќе биде одбележано со јубилејниот концерт на македонските музички легенди „Леб и сол“, кои прославуваат 50 години од своето постоење.

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, најави дека концертот ќе означи почеток на уште едно незаборавно културно лето во градот под Пелистер. „Со гордост можеме да кажеме дека Битола повторно ќе блесне на културната мапа. Почнуваме силно, со 50 години музичка историја на сцена, со „Леб и сол“, рече Димитровски.

Билетите за концертот се веќе пуштени во продажба по цена од 400 денари и можат да се набават на билетарите во Офицерски дом (од 10 до 17 часот) и Кино Браќа Манаки (од 17 до 21 часот).

Настанот е организиран од Општина Битола и ЈОУ КИЦ Битола, а концертот ќе биде само почеток на богатата програма која ја носи Бит Фест 2025.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг