Connect with us

Република

Голем прекин на струја утре во Тетово и тетовско – еве ги сите локации!

evn

ЕВН Македонија најави повеќе планирани прекини на електричната енергија за утре, 6 мај 2025 година, кои ќе ги зафатат делови од Тетово и неколку тетовски населени места.

Во градот Тетово, без струја ќе бидат делови на улица „29 Ноември“ кај Т.Н. Аџучко Маало, објектот на Пофикс, сите мали ХЕЦ (освен МХЦ 4), како и објекти во близина на старата ветеринарна станица. Прекините се планирани во различни термини, почнувајќи од 09:00 часот па сè до 13:30 часот.

Покрај Тетово, без електрична енергија во различни периоди од денот ќе бидат и жителите на следните места:

Брвеница и Селце (09:00 – 14:00) Сараќино, Желино и Жилче (09:20 – 13:30) Лисец (10:00 – 13:00) Гајре (10:00 – 13:00) Попова Шапка (10:00 – 13:00) Населбата Деребој на стариот пат за Скопје (09:20 – 11:30)

Од ЕВН апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги прилагодат своите активности според најавените прекини, кои се дел од редовното одржување и унапредување на мрежата.

Advertisement

Република

Денешното рочиште за случајот со родилката од Дебар повторно одложено

И денешното рочиште за судскиот случај на Јилдиз Веапоска, родилка од Дебар, е одложено за следниот понеделник. Причината е отсуство на вештаците кои се на службено патување во странство и имаат закажани операции во текот на целата недела.

Вештаците изработиле супервештачење по барање на судот, кое допрва треба да биде презентирано. Во него се опишува што се случувало по царскиот рез и дали имало лекарска грешка која резултирала со тоа Веапоска да остане без матка, јајник и бубрег на породувањето во струшката болница.

Денеска во судницата беше присутен првобвинетиот лекар Мухамед Асани, придружуван со полициска асистенција, како и другите двајца обвинети лекари. Ова е уште едно одложување, по претходните два од минатата недела кои беа откажани поради отсуство на адвокатите на обвинетите.

Адвокатот на Јилдиз, Сашо Јанев, истакнува дека одбраната прави стратегија за да застари делото. Веапоска пак вели дека е целосно исцрпена по години борба низ судските лавиринти и најавува протести ако рочиштата не се одржат до крајот на месецов.

Судскиот процес започна во 2022 година, а досега се сменети двајца судии поради пензионирање. Обвинителството ги товари тројцата доктори за тешки дела против здравјето на луѓето, а делото застарува во август 2026 година.

Continue Reading

Република

Утре делови од Тетово ќе останат без електрична енергија

Според најавата од електродистрибуцијата, на 11 ноември 2025 година (вторник) ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од градот Тетово.
Прекините ќе се случат во следните термини и локации:
Од 09:00 до 15:00 часот – дел од улицата Вардарска во Тетово;
Од 09:00 до 14:03 часот – објекти кои се наоѓаат во населбата Вонвардарска;
Од 09:05 до 14:05 часот – дел од градот Тетово, позади Кам Прима центар.
Од компанијата апелираат граѓаните навреме да се подготват за најавените прекини и да ги завршат потребните активности пред исклучувањето на струјата.

Continue Reading

Република

Градоначалникот на Струга Ќура најави откази на сите што земаат плата, а не одат на работа

Новиот градоначалник на општина Струга, Менди Ќура, денеска официјално ја презеде функцијата од Рамиз Мерко, по што најави серија одлуки со кои, како што рече, започнуваат промените во општината.

На прес-конференција, Ќура соопшти дека донел одлука службениот автомобил „Ауди А6“ да биде продаден, а за службени потреби ќе го користи својот приватен автомобил. Тој нагласи дека тоа е симболичен, но важен чекор за рационално трошење на јавните средства.

Ќура најави и постапки за раскинување на работните односи со сите вработени кои земаат плата, а со месеци или години не се појавуваат на работа. Според него, дел од овие лица и живеат и работат во странство, а формално се водат како вработени во општината или јавните претпријатија.

Како приоритети ги посочи изградбата на патот Мороишта-Струга, решавање на проблемите со паркирањето и подобрување на комуналните услуги. Во однос на депонијата, тој посочи дека се очекува регионалното решение да профункционира во 2026 година.

Ќура најави и ревизија на работата на општината и сите јавни претпријатија, а ќе бидат формирани и комисии за евидентирање на фактичката состојба на терен.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг