Connect with us

Република

ЗАПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА СМИРУВАЧИ НА СООБРАЌАЈОТ НА СООБРАЌАЈНИЦИТЕ ПРЕД ОСУМ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА

Пред основните училишта „д-р Трифун Пановски“ и „Св. Климент Охридски“ во Битола, денес започна поставувањето на сообраќајната сигнализација и смирувачите на сообраќај.

Во наредните денови, смирувачите и сигнализацијата ќе бидат соодветно поставени пред основните училишта „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“,„Тодор Ангелевски“, „Даме Груев“, „Ѓорѓи Сугарев“ и кај средното општинско училиште „Таки Даскало“.

Согласно изготвената документација и склучениот договор за набавка, транспорт и монтажа, Општина Битола ќе инвестира 3.734.877 денари за поставување на смирувачи на сообраќајот на осум локации, вклучувајќи: вешатачка издаденост – издигнат пешачки премин, гумирана вештачка испакнатина, флексибилни ретрорефлектирачки гумени столбчиња, како и сообраќајни знаци за: издаденост на патот, обележан пешачки премин, зона школо, знаци за завршеток на зона школо, како и знаци за зона во која е ограничена брзината и завршеток на зоната во која е ограничена брзината.

Позитивните искуства на поставувањето на смирувачи на сообраќајот на четири локации од двете страни на улицата „Булевар 1 Мај“, односно кај Државното средно музичко училиште, гимназијата „Јосип Броз Тито“, економското училиште „Јане Сандански“ и кон основното училиште „Д-р Трифун Пановски“, покажаа дека оваа конкретна мерка донесе зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а пред се за зголемување на сигурноста на пешаците, со акцент на зголемена безбедност на учениците како најмлади учесници во сообраќајот.

Advertisement

Република

Коњановски во работна средба со британскиот амбасадор Лосон во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Метју Лосон, кој ја реализира својата прва официјална посета на Битола.

На состанокот двајцата соговорници ги потврдија одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји. Коњановски го запозна амбасадорот со развојните потенцијали на Битола, нејзината историска и културна улога, како и економското значење на градот, истакнувајќи дека постои широк простор за продлабочување на соработката.

Во рамки на посетата, Британската амбасада организираше прием во Офицерскиот дом, на кој присуствуваше и градоначалникот Коњановски, продолжувајќи ги разговорите за идни заеднички иницијативи и партнерства.

Continue Reading

Република

Проданоски: Прилеп станува дел од модерниот регионален систем за управување со отпад

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска учествуваше во формирањето на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО), заедно со градоначалници од пелагонискиот и југозападниот регион. Со потпишување на договорот, општините прават важен чекор кон воспоставување координиран, модерен и ефикасен систем за третман на отпад, усогласен со европските стандарди.

Проданоски истакна дека примарната цел е подобрување на квалитетот на услугите, создавање почиста и поздрава животна средина и решавање на долгорочните предизвици со дивите депонии. МОУО ќе обезбеди заедничко регионално делување и современи решенија за граѓаните на Прилеп и Пелагонија.

Настанот беше организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Министерството за локална самоуправа и SALAR International. Проданоски упати благодарност до институциите и партнерите за поддршката, додавајќи дека Општина Прилеп продолжува посветено да работи на унапредување на квалитетот на животот и чистотата во градот.

Continue Reading

Република

БУГАРИ УАПСЕНИ ЗА КРАЖБА НА НАРОДНИ НОСИИ ВО ДЕМИР ХИСАР

Тројца бугарски државјани се уапсени вчера во Демир Хисар под сомнение дека украле и незаконски изнесувале делови од македонски народни носии, кои се класифицирани како културно наследство и под посебен режим на заштита.

Полицијата ги привела А.К. (44) и К.К. (48) во патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски регистарски таблици, додека В.Г. (50) бил затекнат во комбе „пежо боксер“, исто така со бугарски ознаки. При прегледот на возилата биле пронајдени поголеми количини на делови од народни носии, за кои осомничените не можеле да обезбедат документи за легално потекло.

Етнолог од Музејот во Битола извршил стручна процена и утврдил дека станува збор за автентични македонски традиционални носии, кои според законот не смеат да се продаваат или прометуваат без дозвола од надлежните институции.

Осомничените се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кражба и незаконско изнесување културно наследство или природни реткости.

Случајот го отвора прашањето за зачувување на македонското културно наследство и за контрола на прометот со традиционални артефакти, особено во услови кога се бележат обиди за нелегално изнесување во странство.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг