Connect with us

Технологија

Скајп заминува во историјата, позната и неговата замена

Published

on

Една ера официјално завршува – популарната платформа за интернет-разговори „Скајп“ заминува во историјата. „Мајкрософт“ ја укинува услугата и ги префрла корисниците на својата понова платформа „Мајкрософт тимс“. Добрата вест е дека префрлањето е бесплатно, а сè – од контактите до историјата на разговори – ќе може автоматски да се префрли, користејќи го истото корисничко име и лозинка.

Корисниците имаат време до јануари 2026 година да ги префрлат своите податоци, по што тие ќе бидат избришани.

„Ја поедноставуваме нашата понуда за бесплатна комуникација за подобро да се прилагодиме на потребите на нашите корисници“, велат од „Мајкрософт“.

Иако „Тимс“ нуди модерна платформа и е бесплатен, сепак недостигаат некои функционалности кои „Скајп“ ги нудеше со години – како СМС-пораки и повици со „Скајп кредит“, како и подолги групни видеоповици (сега ограничени на 60 минути).

Од 2003 година па наваму, „Скајп“ остави голема трага во онлајн-комуникацијата. По аквизицијата од „Мајкрософт“ во 2011 година, стана алатка што ја користевме и за работа и за лични разговори. Иако го заменува нова платформа, останува да се памети како пионер на видеоразговорите.

Технологија

Ајфоните стануваат непотребни?

Published

on

Ерата на iPhone при крај? Висок функционер на Apple најавува технолошка пресвртница

Повеќе од една деценија откако Стив Џобс го претстави првиот iPhone во 2007 година – уред што го засекогаш го смени начинот на кој комуницираме и функционираме во секојдневието – Apple сега сугерира дека можеби сме на прагот на нова револуција.

На неодамнешно судење, Еди Кју, потпретседател на Apple задолжен за услуги, изјави нешто што до неодамна можеше да звучи како научна фантастика: „Можно е за десет години повеќе да не ви биде потребен iPhone, колку и да звучи тоа лудо.“

Изјавата на Кју доаѓа во контекст на забрзаниот развој на вештачката интелигенција, трансформацијата на пребарувачите и комплексната динамика на партнерство и конкуренција меѓу Apple и Google. Тој потсети дека вистинската иновација честопати бара тешки и храбри одлуки.

„Ние самите го елиминиравме iPod со iPhone. За поголемиот дел од компаниите тоа е незамисливо – да уништите сопствен производ кој носи приходи, затоа што стравот од непознатото е голем. Но, зошто би ја убиле златната кокошка?“ запраша Кју.

Иако iPhone и натаму генерира речиси половина од вкупниот приход на Apple, Кју нагласува дека компанијата мора да остане флексибилна и отворена за идни технолошки скокови – особено во светло на се поголемата улога на вештачката интелигенција.

Според досегашните најави и гласини, Apple веќе работи на серија нови производи кои можат да го заменат централното место што го има iPhone во екосистемот – од слушалките AirPods со напредна АИ поддршка, до уредот Apple Vision Pro и очекуваните паметни очила.

Сите овие иновации, велат аналитичарите, го најавуваат доаѓањето на нова ера – во која мобилниот телефон можеби ќе биде само еден од многуте уреди што го поврзуваат корисникот со дигиталниот свет, но повеќе нема да биде незаменлив.

Continue Reading

Технологија

Италијанска компанија поднесе тужба против Гугл, бара оштета од речиси 3 милијарди долари

Published

on

Италијанската „Молтиплај груп“ го тужи Гугл за речиси 3 милијарди евра

Италијанската компанија Молтиплај груп соопшти дека поднела тужба против американскиот технолошки гигант Гугл, барајќи оштета од 2,97 милијарди евра. Тужбата е поднесена поради, како што тврдат, злоупотреба на доминантната позиција на пазарот и нарушување на конкуренцијата.

Компанијата управува со популарната италијанска веб-страница за споредба на цени Trovaprezzi.it преку својата подружница 7Pixel. Во тужбата се наведува дека Гугл ја маргинализирал нивната услуга во периодот од 2010 до 2017 година, со цел да го промовира сопствениот сервис Google Shopping.

Случајот е покренат пред суд во Милано, објави италијанскиот весник Кориере дела Сера, кој не откри повеќе детали. Од Гугл во Италија засега нема официјален коментар на обвинувањата.

Ова не е првпат Гугл да се соочи со слични тужби во Европа. Во 2017 година, Европската комисија го казни со 2,4 милијарди евра поради истата пракса – фаворизирање на сопствениот сервис за онлајн-споредба на цени на сметка на конкуренцијата. Минатата година, Судот на Европската унија ја отфрли жалбата на Гугл и ја потврди казната.

Continue Reading

Технологија

За 10 години можеби нема да ви треба iPhone: Со што ќе бидат заменети паметните телефони кои ги користиме денес?

Published

on

Изјава од висок функционер на „Apple“ повторно ја отвори дебатата за иднината на „iPhone“ и можниот негов наследник.

Дали „iPhone“ ќе биде минато за десет години? Еди Кју, долгогодишен потпретседател на компанијата, за време на сведочење во антимонополска постапка против „Google“ изјави: „Иако можеби звучи лудо, можно е за десет години да не ви треба iPhone“. Според него, технолошките промени и развојот на вештачката интелигенција отвораат простор за нови играчи и алтернативи.

Според „9to5Mac“, оваа изјава е повеќе шпекулација отколку официјална стратегија, но сепак предизвика големо внимание, особено поради позицијата што Кју ја има во компанијата.

Познато е дека извршниот директор Тим Кук активно инвестира во развојот на AR очила – уред што многумина го гледаат како потенцијален наследник на „iPhone“. Иако производот сè уште не е технички подготвен за пазарот, Apple веќе работи на паметни очила со вградени камери, микрофони и поддршка за Siri и визуелна интелигенција.

Со ова, Apple јасно става до знаење дека размислува за свет по „iPhone“, иако нема конкретни најави кога тоа би се случило.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк