Connect with us

Република

Апелација ги зголеми казните на дел од обвинетите за „Ласкарци“, по 10 години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, додека делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, на начин што им ги зголеми казните затвор на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиш Белули од четири на десет години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари од шест на десет години, и од пет на по седум години казна затвор на двајцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски.

Казните на третиот вработен во станицата за технички преглед Јане Боваровски и на возачот на автобусот, Маноил Трифуновски остануваат исти, пет и 14 годни казна затвор.

Јавната седница во Апелација се одржа на 2 април годинава, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 17.04.2025 година, судот донесе пресуда со која, како што информира, ги одби како неосновани жалбите на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиши Белули, како и на тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиовски, Горан Дуковски и Јане Боваровски, а делумно ги уважи жалбите на одговорниот за транспорт во фирмата, обвинетиот Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски.

Апелација делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје.

-Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи  према обвинетите Д.Б.од с.Б.Г, И.Г.од Г., Г.Д. од Г., Ј.Б од Г. во делот на кривичната санкција, за обвинетиот Р.М. од с.Ч, Г по однос на засметувањето на мерката куќен притвор во изречената казна и висината на истата и за обвинетиот М.Т од Г. по однос на засметувањето на мерката куќен притвор во изречената казна и се осудуваат и тоа: обвинетиот Д.Б.од с.Б.Г на казна затвор во траење од 10-десет години; обвинетиот Р.М од с.Ч.Г. на казна затвор во траење од 10-десет години, обвинетиот И.Ѓ. од Г. на казна затвор во таење од 7-седум години; обвинетиот Г.Д. од Г. на казна затвотр во траење од 7-седум години и обвинетиот М.Т. од Г. на казна затвор во траење од 14- четиринаесет години, се вели во соопштението од Апелација.

Истовремено под став II од одлуката, со решение се уважени жалбитe  на оштетените  по однос на решението за трошоци кое овој суд го укина и предметот во тој дел го врати на повторно постапување пред првостепениот суд.

-Жалбите на оштетените по однос на одлуката за имотно правно барање ги отфрли како недозволени, согласно член 411 став 4 од Законот за кривична постапка, стои во соопштението од Апелација.

Одлуката со образложени причини за истата, согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите, ќе биде објавена во целост и достапна на веб страната на судот.

Во пресудата, што беше објавена лани во јануари, обвинетите беа прогласени за виновни и добија вкупно 39 години затвор.

На обвинетиот Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, му беше изречена казна затвор од четири години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари казна затвор од шест години, а на тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боваровски, кои се товарат за соучество во истото дело, им изрече затворска казна од по пет години. Најголема казна затвор од 14 години доби возачот на автобусот, Маноил Трифуновски. Воедно, на обвинетите им беше изречена и забрана за вршење професија и должност во времетраење од пет години.

Според пресудата, обвинетите Дурмиш Белули и Ремзи Мифтари не се придржувале кон безбедносните прописи, дозволувајќи технички неисправен автобус да учествува во сообраќајот, што предизвикало опасност за животот на патниците. Тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боваровски, дозволиле автобусот да помине на технички преглед и покрај неисправностите. Возачот Маноил Трифуновски, свесен за неисправноста на возилото, го управувал автобусот со 55 патници и удрил во металната ограда поради невнимание.

Процесот во Основниот Кривичен суд Скопје го водеше судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е обвинителот Дарко Јакимовски.

Advertisement

Република

„Шпанец“ се враќа на пругите: Модернизиран и подготвен за патници

Легендарниот воз „Шпанец“, некогаш заборавен и речиси отпишан, се враќа на пругите со целосно нов лик. Денес беше тестирана обновената верзија на возот, кој сега располага со модерен дизајн, телевизори, озвучување, алармни системи и видео надзор.

Одговорните најавуваат дека подготовките за поудобно и побезбедно патување се во полн ек, со цел патниците да уживаат во современо и безбедно патување.

Следуваат уште новости за враќањето на овој легендарен воз – останете со нас за сите детали.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Република

После многу години конечно Тетово ќе се украсува

На онлајн седница одржана денеска, 12 декември 2025 година, Советот на Општина Тетово со мнозинство гласови донесе одлука за украсување на градот за претстојните новогодишни празници.

„За оваа програма „за“ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ, додека против беа советниците од коалицијата НАИ. Воздржани беа од Подобро за Тетово, Левица и СДСМ. Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година“, изјави претседателот на Советот, Јусуф Абдули.

Истовремено, изгласана е измена на Програмата за активности на Општина Тетово во областа на културата за 2025 година. Според новата програма, за празничното украсување се предвидени еден милион и петстотини илјади денари, што е над 24 илјади евра.

Continue Reading

Република

Коњановски ги прими просветните работници на годината од Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со добитничките на признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2024/2025 година – Наташа Тодоровска, наставник по одделенска настава во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, и Аница Б. Златевска, психолог во ОУ „Коле Канински“.

Коњановски им честиташе за значајното признание доделено од Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници, нагласувајќи дека ваквите награди се симбол на поширока општествена заложба за почит и вреднување на улогата на наставниците, воспитувачите и стручните соработници во образованието.

Тој истакна дека трудот на просветните работници е фундаментален за формирањето на идните генерации и дека локалната самоуправа ќе продолжи да ја поддржува нивната работа.

Признанијата се доделуваат во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“, која Министерството ја реализира по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, со цел истакнување на незаменливата улога на учителите и зголемување на општествената почит кон нив.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг