Connect with us

Република

Цело село во мрак! Утре ќе нема струја во ова тетовско село – еве кога и зошто

Жителите на тетовското село Голема Речица утре (четврток, 9 мај) ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на мрежата.

Според информациите од електродистрибуција, прекинот ќе трае од 08:30 до 10:30 часот, а ќе бидат опфатени објектите што се наоѓаат околу фабриката за блокови Бетонида, веднаш по наплатната рампа.

Воедно, и неколку села меѓу кои Шипковица, Вејце, Бродец, Вешала и Божовце се соочија со неочекуван прекин на струја, кој не беше најавен однапред.

Граѓаните се советуваат да ги завршат сите важни обврски пред најавениот прекин, особено оние кои се потпираат на електрична енергија за деловни или домашни цели.

Advertisement

Република

Претрес во гостиварско, пронајден пиштол, приведено едно лице

На 13.11.2025 во 03:50 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода А.Ш.(35) од с.Добридол. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајден и одземен е пиштол „Екол“ со една празна рамка. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Република

Проданоски стартува со приемни денови: Отворени врати за граѓаните

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го реализираше првиот приемен ден со граѓаните, каде што лично разговараше со голем број прилепчани. На средбите беа изнесени конкретни идеи, предлози и проблеми, за кои локалната самоуправа презеде обврска за навремено и реално решавање.

Проданоски истакна дека ова претставува почеток на нова, поотворена и потранспарентна пракса во функционирањето на Општината, која ќе продолжи и понатаму со исто темпо. Според него, секој глас и секоја иницијатива од граѓаните се значајни за подобрување на квалитетот на живот во Прилеп.

Градоначалникот ги охрабри сите жители кои имаат потреба или желба да предложат идеи за развој на локалната заедница да закажат средба на телефонскиот број 076 22 99 15 и да споделат свои ставови и предлози.

„Заедно градиме подобар Прилеп“, порача Проданоски.

Continue Reading

Република

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола го доби престижниот бренд Label France Education

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ освои значајно меѓународно признание од француското Министерство за Европа и надворешни работи, во година кога училиштето одбележува две децении француско-македонски двојазични паралелки.

На јубилејната свеченост во Офицерскиот дом, францускиот амбасадор Н.Е. Кристоф ле Риголер го додели угледниот бренд Label France Education, со што гимназијата стана дел од мрежата на светски образовни институции кои нудат висококвалитетна франкофонска двојазична настава.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој доби благодарница за неговата континуирана поддршка во унапредувањето на наставниот процес и развојот на образовните програми во училиштето.

Свеченоста беше збогатена со презентација на 20-годишното искуство и постигнувањата на гимназијата во интегрирањето на францускиот јазик во наставата, а присуствуваа и почесната конзулка на Франција, како и бројни претставници од образовниот, културниот и јавниот живот на Битола.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг