Connect with us

Спорт

Изненадување за Kаталонците: Барселона доби неочекувана понуда

Рашфорд сака трансфер во Барселона – спремен е да ги намали финансиските барања

Маркус Рашфорд, 27-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, сериозно се разгледува како засилување за Барселона ова лето. Според шпански „Мундо Депортиво“, тој се здружил со влијателниот агент Пини Захави, кој има блиски врски со каталонскиот клуб, и покажал подготвеност да ги намали своите финансиски побарувања за да го олесни трансферот.

Рашфорд ја подобри својата форма во втората половина од сезоната како позајмен играч во Астон Вила, постигнувајќи четири гола и шест асистенции, иако повреда ќе го тргне од терен до крајот на сезоната. Вила има опција за откуп од 40 милиони фунти, но самиот играч го преферира „Камп Ноу“ како следна дестинација.

Захави, кој ги застапува и тренерот Ханси Флик и напаѓачот Роберт Левандовски, веќе почнал разговори со Барселона за потенцијален договор на позајмица. Каталонскиот клуб бара решение за левата страна во нападот по неуспехот на Ансу Фати, а Рашфорд се гледа како идеално засилување.

Манчестер Јунајтед, под водство на идниот тренер Рубен Аморим, е подготвен да го продаде Рашфорд, како и Антони, за да ослободи буџет за нови трансфери во летниот преоден рок.

Advertisement

Спорт

Познати стартните 11 на Македонија за дуелот со Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот ќе го одигра пријателскиот натпревар против Летонија, како дел од подготовките пред последниот квалификациски меч со Велс во Кардиф.

Селекторот Благоја Милевски се одлучи за следниот стартен состав:

Димитриевски на голот, во одбраната Ашковски, Серафимов, Стојчевски и Климевски. Средниот ред го сочинуваат Барди, Алими и Костадинов, додека во нападот ќе настапат Ѓурчинов, Растодер и Ристовски.

Овој меч е последна проверка за „црвено-жолтите“ пред решавачките натпревари во квалификациите, а Милевски очекува стабилна игра и уверлива партија против Летонија.

Continue Reading

Спорт

Општина Битола: Заедно да ги бодриме младите фудбалери на „Петар Милошевски“

Стадионот „Петар Милошевски“ повторно ќе биде домаќин на голем фудбалски натпревар, овојпат помеѓу македонската фудбалска репрезентација до 21 година и репрезентацијата на Шведска. Натпреварот се игра денес со почеток во 17:00 часот, како дел од квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 година.

Откако стадионот доби лиценца од втора категорија од Европската фудбалска унија (УЕФА), „Петар Милошевски“ има можност да биде домаќин на големи натпревари. Во последните два месеци веќе се одиграа два значајни натпревари на овој стадион, што дополнително ја потврдува неговата важност за македонскиот фудбал.

Билетите за натпреварот се достапни електронски на страницата на Фудбалската федерација на Македонија: https://eticket.ffm.mk/stadion-bitola/

Општина Битола ги повикува сите граѓани да дојдат и заедно да го поддржат младинскиот тим, да ја покажат битолската навивачка традиција и да дадат поддршка за македонскиот фудбал.

Continue Reading

Спорт

Чурлинов пред дуелот со Латвија: Секој натпревар е важен, одиме на победа

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов денеска говореше на прес-конференцијата во пресрет на пријателскиот натпревар против Латвија, кој ќе се одигра утре на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

„Среќни сме што повторно сме заедно. За нас секој натпревар е важен и ќе дадеме сè од себе за да ги оствариме нашите цели. Македонија оди на победа на секој меч, така ќе биде и против Латвија. Потоа следува фокус на квалификацискиот натпревар со Велс, кој има своја тежина,“ изјави Чурлинов.

Натпреварот меѓу Македонија и Латвија ќе започне во 18:00 часот, а влезот за сите навивачи ќе биде бесплатен.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг