Connect with us

Црна Хроника

Кривично ќе одговара 22-годишник од Скопје, дома чувал кокаин и пиштол

Published

on

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола, соопштија од полицијата. 

Црна Хроника

Апсење во Тетово

Published

on

На 14.06.2025 година во 21.40 часот на улицата „Мирче Ацев” во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Х. (32) од Тетово, затоа што во неговото патничко моторно возило со кое управувал е пронајдена бела прашкаста материја и предмети со траги од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

Агресивен тетовец прво вреѓал полицајци, па нападнал еден од нив во станица!

Published

on

policija

Вистински инцидент се случил вчера (14.06.2025) околу 19:50 часот во скопската општина Аеродром, кога 45-годишниот В.Д. од Тетово бил приведен од страна на полициски службеници од СВР Скопје поради агресивно однесување кон нив за време на вршење на службени дејствија.

Но, драмата не завршила тука – по приведувањето, во полициската станица В.Д. физички нападнал еден од полицајците, потврдува МВР.

Случајот е во фаза на целосно документирање, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок против лицето, велат од полицијата. Инцидентот предизвика силни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните бараат построги санкции за насилство врз службени лица.

Continue Reading

Црна Хроника

Фатени пијани, брзи и опасни: Шестмина возачи уапсени за безобѕирно возење викендов низ Македонија!

Published

on

Шест лица се уапсени за безобѕирно управување со возило за време на викендот, потврди МВР. Возачите биле фатени под дејство на алкохол или со екстремно пречекорена брзина, при што некои предизвикале и сообраќајни несреќи.

Во Прилеп, на улицата „Пеце Котески“, бил уапсен возач на „Ивеко“ од Скопје со неверојатни 1.90 промили алкохол во крвта. Во Штип, друг возач бил фатен со 1.52 промили, а во Кичево, лице управувало „Мицубиши“ со 1.72 промили алкохол, по што било приведено.

Во Тетово, 58-годишен жител на село Жилче излетал од коловозот со „Ланчија“, а алкотестот покажал 2.24 промили алкохол – една од највисоките вредности забележани викендов.

Во Гевгелија, 30-годишен маж со 2.01 промили предизвикал сообраќајна несреќа и оштетил две паркирани возила. На автопатот Скопје–Тетово, пак, возач од Куманово бил фатен како вози со 175 км/ч на дел со ограничување од 80.

Сите шест возачи се лишени од слобода и против нив ќе следуваат кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг