Connect with us

Македонија

НЕ Е СТУДЕНТ: Дали убиецот од Штип е високо професионален убиец? Еве што мисли професорот Хаџи Јанев

Published

on

Во полно кафуле вчера вечерта ладнокрво е убиен маж. Според неофицијалните информации се испукани осум куршуми, а во телото на убиениот завршиле четири, па и покрај напорот на лекарите во штипската болница, тој починал, пишува порталот ММС.

Храброста да се изврши убиство пред полно кафуле сведоци и пред безбедносните камери во објектот го наметнува пршањето-дали значи дека лицето, кое беше во бегство, а кое веќе е уапсено, е високо професионален убиец? Методи Хаџи Јанев, професор на Воената академија и на Правниот факултет во Штип смета дека не станува збор за високопрофесионален убиец, туку за убиство од бес.

-Според тоа што се гледа на снимката од убиството, не се работи за високо професионален убиец. По начинот на кој го вади оружјето и пука, по начинот на држење на телото, пукањето и покрај тоа што веројатно е свесен дека има камери, зборува дека е убиство направено од емоции, бес, објасни проесорот Хаџи Јанев за ММС.

МВР уште вчера вечерта информираше дека станува збор за странски државјани. Како што се гледа од безбедносните камери на кафулето, убиецот ладнокрвно пука во лицето, потоа бега.

Нефицијално ММС дознава дека убиецот не е студент и дека заради убиството од Скопје е дојден во Штип.

Колку за информација за странски државјанин се запише и престојува во Македонија мора да добие дозвола за престој, која ја издава МВР по претходна проверка на лицето на безбедносните служба.

Македонија

За три години 450 загинати во сообраќајни несреќи во Северна Македонија

Published

on

Во изминатите три години, во сообраќајни несреќи низ Северна Македонија загинале 450 лица, објави регионалната редакција на „Ал Џезира Балканс“. Според анализата, земјата и натаму се соочува со сериозен проблем во безбедноста на сообраќајот, со висока стапка на смртност во однос на бројот на жители.

Како главни причини за несреќите се наведуваат брзото возење, непочитувањето на сообраќајните правила и недоволната контрола на патиштата. Стручњаците предупредуваат дека се неопходни поостри казнени мерки, подобра инфраструктура и кампањи за подигање на јавната свест за безбедно учество во сообраќајот.

Continue Reading

Македонија

Археолошки тајни под Маркови Кули: Откриени нови камени гробници од времето на македонските кралеви

Published

on

Археолозите од прилепскиот Завод и музеј открија пет нови камени гробници во карпа, при заштитни истражувања на локалитетот „Крклари“ на познатиот археолошки комплекс Маркови Кули над Прилеп. Станува збор за гробници од хелинистичкиот период, поточно од времето на македонските кралеви Филип V и Персеј, кои датираат од I и II век пред нашата ера.

Според археологот и конзерватор Владимир Крстески, овие гробници се единствени во регионот и сведочат за постоењето на високоразвиено општество со јасна социјална хиерархија.

„Овој тип гробници се специфични и претставуваат единствена појава во Прилепскиот регион. Во гробниците се закопувале видни граѓани и може да бидат голема туристичка атракција“, вели Крстески.

Гробниците имаат препознатливи архитектонски елементи: дромос (пристапен ходник), преткомора и главна комора каде што се положувале посмртните, односно спалените остатоци на покојникот.

„Хронолошки, се датираат во првиот и вториот век од нашата ера, односно во доцно-хелинистичкиот период. Со доистражувањата на овој тип гробници во Пелагонискиот регион ќе се надополнат сознанијата за погребувањето на луѓето од повисокиот општествено-политички статус за време на владеењето на последните македонски кралеви Филип Петти и Персеј. Со тоа ќе станат убава туристичка атракција со понатамошните конзерваторски работи и нивно заштитување и целосен пристап за да може посетителите и туристите да ги посетат и да го видат начинот на погребување од овој тип“, објаснува Крстески.

Иако со децении е познато дека комплексот Маркови Кули крие камени гробници, сѐ уште не е утврден точниот број. Првите истражувања ги спровел археологот Бошко Бабиќ во шеесеттите години. Според досегашните податоци, во Прилепскиот регион се евидентирани 27 гробници, три во битолски Суводол, четири во Гевгелиско-Валандовскиот регион и една кај Кратово, на локалитетот „Дупка“.

Истражувачите имаат индиции дека бројот на гробници е далеку поголем, а некои потекнуваат и од средниот век. Работите ќе продолжат и во наредните години, со цел целосно документирање и заштита на овие значајни археолошки наоѓалишта. Крстески укажува дека целата област е важна историска некропола:

„Специфично е и тоа што се врзуваат и се наоѓаат во близина на античките градови Керамија, кој бил во непосредна близина, односно на Марковите Кули и во близина на античкиот град Колобаиса, односно во Горно село кај Трескавец. Тоа ни докажува дека во тој период овие градови живееле и имале висок политички и економски статус. Овој цел Регион претставува една огромна некропола. Тоа се докажува со нашите истражувања дека се пронајдени уште два гроба од подознежниот период, и тоа од средниот век. Во иднина истражувањата ќе покажат што сѐ околу Марковите Кули се крие“, вели Крстески.

Истражувањата се очекува да продолжат со поддршка од надлежните институции и со зголемен интерес за зачувување на археолошкото наследство во Прилепскиот регион.

Continue Reading

Македонија

Најава за дестабилизација на атмосферата: Локални врнежи, грмежи и невреме!

Published

on

Поради продор на поладен воздух од север на висина, од утре (вторник 17 јуни) во нашата Република Македонија ќе дојде до постепена дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација, ќе имаме повеќе облачност, особено во попладневните и во раните вечерни часови.

Локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност. Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме со појава на град, електрични празнења и силен ветер.

И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие нема многу да се менуваат, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, што значи ќе бидат релативно пријатни и нема да бидат премногу високи. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 34/35 степени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг