Connect with us

Македонија

Се бараат работници – плата 72.000 денари, плус К-15 40.000 денари

Published

on

Ланецот бурекџилници КИСМИ има потреба од: мајстори – пекари

Работни задачи:

Производство на бурек, пити, бели печива и лиснато тесто
Плата 72.000 ден. – со можност за договор во зависност од работното искуство

Регрес за годишен одмор 40.000,оо денари

Сите заинтересирани и за повеќе информации може да се јават на телефон 070 810 779

Лице за контакт Горан.

Македонија

Министерот Меџити оствари билатерална средба со министерот за екологија, одржлив развој и развој на северот на Црна Гора, Дамјан Чулафиќ

Published

on

Скопје, 16 јуни 2025 Денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа работна билатерална средба помеѓу првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерот за екологија, одржлив развој и развој на северот на Црна Гора, Дамјан Чулафиќ.


Централна точка на разговорот беше иницијативата за обновување на Меморандумот за соработка во областа на животната средина и климатските промени. Двајцата министри изразија подготвеност за нов, конкретен чекор напред во унапредување на билатералната соработка.


Посебен фокус беше ставен на управувањето со отпад и отпадни води, при што се нагласи важноста на размена на експертиза и искуства за современи системи за селекција, третман и реупотреба, како и на потребата од транспарентна и ефективна комуникација со јавноста.
На средбата беа разгледани и актуелни и планирани заеднички проекти, меѓу кои: Прекуграничниот проект за управување со поплави во сливот на реката Дрим и Регионалната иницијатива EU4Green, насочена кон обуки и јакнење на административните капацитети.
Министрите исто така дискутираа за мониторингот и известувањето според Енергетската заедница и Европската агенција за животна средина (EEA). Договорено е двете земји да ја продлабочат соработката во координацијата на политики, развој на заеднички капацитети и подобрување на методологиите за известување, особено во контекст на исполнување на целите од Националните енергетски и климатски планови (NECP).


Средбата заврши со заедничка констатација дека регионалната соработка, заснована на споделување добри практики и координиран пристап кон ЕУ интеграциите, е клучна за успешна имплементација на европските стандарди во животната средина.

Continue Reading

Македонија

За три години 450 загинати во сообраќајни несреќи во Северна Македонија

Published

on

Во изминатите три години, во сообраќајни несреќи низ Северна Македонија загинале 450 лица, објави регионалната редакција на „Ал Џезира Балканс“. Според анализата, земјата и натаму се соочува со сериозен проблем во безбедноста на сообраќајот, со висока стапка на смртност во однос на бројот на жители.

Како главни причини за несреќите се наведуваат брзото возење, непочитувањето на сообраќајните правила и недоволната контрола на патиштата. Стручњаците предупредуваат дека се неопходни поостри казнени мерки, подобра инфраструктура и кампањи за подигање на јавната свест за безбедно учество во сообраќајот.

Continue Reading

Македонија

Археолошки тајни под Маркови Кули: Откриени нови камени гробници од времето на македонските кралеви

Published

on

Археолозите од прилепскиот Завод и музеј открија пет нови камени гробници во карпа, при заштитни истражувања на локалитетот „Крклари“ на познатиот археолошки комплекс Маркови Кули над Прилеп. Станува збор за гробници од хелинистичкиот период, поточно од времето на македонските кралеви Филип V и Персеј, кои датираат од I и II век пред нашата ера.

Според археологот и конзерватор Владимир Крстески, овие гробници се единствени во регионот и сведочат за постоењето на високоразвиено општество со јасна социјална хиерархија.

„Овој тип гробници се специфични и претставуваат единствена појава во Прилепскиот регион. Во гробниците се закопувале видни граѓани и може да бидат голема туристичка атракција“, вели Крстески.

Гробниците имаат препознатливи архитектонски елементи: дромос (пристапен ходник), преткомора и главна комора каде што се положувале посмртните, односно спалените остатоци на покојникот.

„Хронолошки, се датираат во првиот и вториот век од нашата ера, односно во доцно-хелинистичкиот период. Со доистражувањата на овој тип гробници во Пелагонискиот регион ќе се надополнат сознанијата за погребувањето на луѓето од повисокиот општествено-политички статус за време на владеењето на последните македонски кралеви Филип Петти и Персеј. Со тоа ќе станат убава туристичка атракција со понатамошните конзерваторски работи и нивно заштитување и целосен пристап за да може посетителите и туристите да ги посетат и да го видат начинот на погребување од овој тип“, објаснува Крстески.

Иако со децении е познато дека комплексот Маркови Кули крие камени гробници, сѐ уште не е утврден точниот број. Првите истражувања ги спровел археологот Бошко Бабиќ во шеесеттите години. Според досегашните податоци, во Прилепскиот регион се евидентирани 27 гробници, три во битолски Суводол, четири во Гевгелиско-Валандовскиот регион и една кај Кратово, на локалитетот „Дупка“.

Истражувачите имаат индиции дека бројот на гробници е далеку поголем, а некои потекнуваат и од средниот век. Работите ќе продолжат и во наредните години, со цел целосно документирање и заштита на овие значајни археолошки наоѓалишта. Крстески укажува дека целата област е важна историска некропола:

„Специфично е и тоа што се врзуваат и се наоѓаат во близина на античките градови Керамија, кој бил во непосредна близина, односно на Марковите Кули и во близина на античкиот град Колобаиса, односно во Горно село кај Трескавец. Тоа ни докажува дека во тој период овие градови живееле и имале висок политички и економски статус. Овој цел Регион претставува една огромна некропола. Тоа се докажува со нашите истражувања дека се пронајдени уште два гроба од подознежниот период, и тоа од средниот век. Во иднина истражувањата ќе покажат што сѐ околу Марковите Кули се крие“, вели Крстески.

Истражувањата се очекува да продолжат со поддршка од надлежните институции и со зголемен интерес за зачувување на археолошкото наследство во Прилепскиот регион.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг