Connect with us

Спорт

ФФМ отвори постапка против фудбалери на Кожуф

Published

on

Врз основа на добиени информации и преземени активности во врска со натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими, Одделот за безбедност и интегритет при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) покренува постапка пред Дисциплинската комисија поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот одигран на 6. мај 2025.

Постапката се отвора против: С. Г. – ФК Кожуф, П.Г. – ФК Кожуф, Б.К. – ФК Кожуф, Б.Д. – ФК Кожуф, Ј.П. – ФК Кожуф, К.С. – ФК Кожуф, Н.С. – ФК Кожуф, Ф.К. Кожуф;

Постапката се темели на досега добиените писмени изјаснувања и доставената релевантна документација и податоци од наведените лица (тренери, фудбалери, службени лица на клубот), како и од официјалните лица на натпреварот (судии, делегат, контролор на судии, комесар за безбедност).

Во писмените, своерачни изјаснувања, дел од фудбалерите посочуваат конкретни лица за кои тврдат дека дале инструкции или наредби во врска со исходот од натпреварот.

Паралелно, Основното јавно обвинителство – Гевгелија преку Министерсто за внатрешни работи (МВР) побара доставување на целокупната документација поврзана со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ, заради водење на истражна постапка во рамки на своите законски надлежности.

Напоменуваме дека постапката во овој момент се однесува на наведените лица и субјекти, но истата може да биде проширена и на други лица и субјекти доколку во понатамошниот тек на постапката бидат обезбедени дополнителни сознанија или докази што упатуваат на нивна вклученост.

Случајот не е затворен и Одделот за безбедност и интегритет продолжува со активна проверка на сите релевантни аспекти поврзани со натпреварот.

ФФМ и Одделот за безбедност и интегритет остануваат цврсто посветени на заштитата на интегритетот на натпреварувањето и ќе продолжат со целосна соработка со сите надлежни институции за целосно расветлување на случајот.

Спорт

Лоши вести за Реал Мадрид пред почетокот на клупскиот Мундијал?

Published

on

Се поставува прашање дали напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе настапи на натпреварот против Ал-Хилал на Светското клупско првенство.

Мбапе го пропушти последниот тренинг поради болест, со висока температура, според шпанските медиуми. Иако официјално не е исклучен, се шпекулира дека може да го пропушти дуелот на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.

Отсуството на Мбапе ја остава тренерската легенда Чаби Алонсо во дилема кој ќе го води нападот. Младиот Бразилец Ендрик, потенцијална алтернатива, не е во тимот поради мускулна повреда од натпреварот против Севилја минатиот месец.

Мбапе беше клучен играч оваа сезона, со 31 гол во Ла Лига и 43 гола во 56 натпревари.

Реал Мадрид влегува во турнирот како еден од фаворитите, а во групата Х ќе игра против Ал-Хилал, РБ Салцбург и Пачука.

Continue Reading

Спорт

Македонија до 14 одигра нерешено 1:1 со Албанија

Published

on

Младата репрезентација на Македонија до 14 година одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Албанија во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на стадионот на ФК Скендербег во Корча.

Домаќинот рано во 15. минута преку Александро Шофити поведе со 1:0. Во продолжението, избраниците на селекторот Горан Станковски наметнаа своја игра, создадоа неколку добри прилики и сосема заслужено во 56. минута преку Давор Таневски го израмни резултатот на 1:1.

На 19. јуни е закажаната втората контролна среда помеѓу младите селекции на Македонија и Албанија.

МАКЕДОНИЈА: Огнен Божиновски, Хамза Зибери, Филип Богоевски, Давор Танески, Дин Розојац, Калин Аврамоски, Нено Бафтијар, Павел Димоски, Јован Јанчевски, Борјан Костовски, Виган Таири;

Селектор: Горан Станковски;

Continue Reading

Спорт

Младите надежи на Македонија и Албанија се сретнуваат во Корча: У-14 фудбалски дуел на пријателство и талент

Published

on

На 17 јуни, во 17 часот, на стадионот „Скендербег“ во Корча, ќе се одигра пријателски натпревар помеѓу кадетските селекции на Албанија и Северна Македонија до 14 години.

Овој меч е важен дел од подготовките на двата тима и можност за младите фудбалери да стекнат драгоцено искуство на меѓународна сцена. Очекувањата се за фер и возбудлива игра, каде младите таленти ќе ја покажат својата борбеност и љубов кон спортот.

Поддршката од трибините ќе биде клучна за двата тима во нивната борба за победа и напредок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг