Connect with us

Скопје

Претседателката на Форумот на жени на АА-Чаир се дистанцира од Таравари

Published

on

Претседателката на Форумот на жени – огранок Чаир, Теута Рамадани Џафери, се дистанцира од последните дејствија на Арбен Таравари, претседател на фракцијата што таа претходно ја поддржуваше.

Освен дистанцирањето, таа упати и критики кон Таравари, наведувајќи дека тој воопшто не го поканил Форумот на жени, ниту пак неа како претседателка, на отворањето на седиштето на оваа партија во Чаир.

Вистината нема потреба од дозвола за да се каже.

Се отвори новото седиште на Алијансата за Албанците во Чаир, но без мое присуство, како и без присуството на Форумот на жени од огранокот Чаир.

Мојот бојкот не беше чин на тишина, туку на совест.

Бидејќи не можам да молчам пред патот што нè води кон прегратка со партија против која политички се колневме дека ќе ја испратиме во опозиција.

Овој пат нема ништо заедничко со визијата на Арбен Џафери, а уште помалку со жртвата на стотици активисти кои со години ѝ останаа посветени на Алијансата.

Нашето разделување со Зијадин Села се случи токму поради оваа причина – затоа што одлучи да соработува со ДУИ. И трагично е што по целата таа битка, денес ја доживуваме истата приказна, само со друга рака што нè турка во иста бездна.

На последниот состанок на огранокот, ни беше кажано јасно: „Кој ја облекол партиската униформа, нека остане. Кој не – вратата е отворена.“ И тоа го кажа токму оној што некогаш молеше пред врата за да се приближи до огранокот, и оној чие политичко влијание постои само во зборови и празни ветувања, колку да ја постигне својата цел. Тешка иронија што покажува како личната моќ може да проголта цела организација.

Не сум тука од инает, туку од убедување. Не се повлекувам поради поединец, туку поради едно извртување што повеќе нема никаква врска со Алијансата што ја градев заедно со стотици други во Чаир.

Од денес, мојот став е јасен: мојата политика се лоцира таму каде што ми е дадена довербата — во Чаир. Со граѓаните, со жените од оваа заедница, со младите кои сè уште веруваат во една Алијанса што не се продава за лични интереси.

Со почит,

Теута Џафери (Претседателка на Форумот на жени – огранок Чаир)

Скопје

Ѓорѓиевски: По 30 години, конечно започна реконструкцијата на патот кон Пеленица

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека по цели 30 години започнува целосната реконструкција на патот што води кон Пеленица, значајна делница за жителите на Кисела Вода, Драчево и околните населени места.

„Тридецениската голгота завршува тука. Патот кон Пеленица го добива својот нов лик, а мојот народ – безбеден сообраќај“, истакна Ѓорѓиевски.

Проектот, кој се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски, опфаќа реконструкција на патот на потегот од универзитетот „Јустинијан Први“ до границата со општина Студеничани. Делницата е долга 3.370 метри и широка околу 6 метри. За првпат се гради и тротоар од едната страна, што ќе ја подобри безбедноста на пешаците.

Дополнително, се работи и на целосно третирање на атмосферските води преку поставување на цевки со пречник од 1000 милиметри и вградување каналетки за одведување на водата.

„Ова е јасна демонстрација на заедничката посветеност на локалната и централната власт во решавањето на долгогодишни инфраструктурни проблеми. Продолжуваме силно и посветено, затоа што мојот народ заслужува. Најдоброто допрва доаѓа“, порача Ѓорѓиевски.

ВИДЕО

Continue Reading

Скопје

Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со брзина од 121 км на час на место каде дозволената брзина е 50 км на час

Published

on

На 18.06.2025 во 10.00 часот на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода С.А.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека С.А. управувал товарно возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

Лицето било приведено во полициска сртаница и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик -„Безобѕирно управување со моторно возило“.

Continue Reading

Скопје

Невремето го одложува слетувањето – авион од Базел кружи над Скопје

Published

on

Патнички авион кој сообраќа на релација Базел – Скопје веќе подолго време кружи над македонскиот главен град поради нестабилни временски услови што го отежнуваат безбедното слетување на скопскиот аеродром.

Според последните информации од метеоролошката станица на „Меѓународен Аеродром Скопје“, во 15:20 часот е регистрирано нестабилно време со грмежи, засилен северен ветер и локални врнежи. Ветерот дува со брзина од 11 јазли од север (340°), а во налети достигнува и 15 јазли со променлив правец.

Иако видливоста е оценета како добра, на 3.000 стапки има грмежливи облаци, а на 6.500 стапки се забележани расеани облаци, што дополнително ја усложнува ситуацијата. Поради овие услови, авионот е ставен во кружен режим и чека зелено светло од контролата на летање за безбедно приземјување.

Надлежните служби внимателно ја следат состојбата, а патниците се замолуваат за трпение додека не се создадат услови за сигурно слетување.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг