Connect with us

Црна Хроника

Двајца скопјани уапсени барани со потерници – еден од нив за казна од четири години

Published

on

Денеска (14.05.2025) на различни локации во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода две лица барани со потерници.

На територија на Центар лишен од слобода е С.Р.(75) од Скопје, баран со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од четири години по член 357 ст.6 во врска со ст.1 од КЗ.

На територија на Аеродром е лишена од слобода М.М.(29) од Скопје, барана со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна по член 297 ст.1 од КЗ.

Лицата ќе бидат спроведени во надлежните казнено поправни установи.

Црна Хроника

Велосипедист загина на патот Прилеп – Битола

Published

on

На 15.06.2025  околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од село Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Continue Reading

Црна Хроника

Апсење во Тетово

Published

on

На 14.06.2025 година во 21.40 часот на улицата „Мирче Ацев” во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Х. (32) од Тетово, затоа што во неговото патничко моторно возило со кое управувал е пронајдена бела прашкаста материја и предмети со траги од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

Агресивен тетовец прво вреѓал полицајци, па нападнал еден од нив во станица!

Published

on

policija

Вистински инцидент се случил вчера (14.06.2025) околу 19:50 часот во скопската општина Аеродром, кога 45-годишниот В.Д. од Тетово бил приведен од страна на полициски службеници од СВР Скопје поради агресивно однесување кон нив за време на вршење на службени дејствија.

Но, драмата не завршила тука – по приведувањето, во полициската станица В.Д. физички нападнал еден од полицајците, потврдува МВР.

Случајот е во фаза на целосно документирање, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок против лицето, велат од полицијата. Инцидентот предизвика силни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните бараат построги санкции за насилство врз службени лица.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг