Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски: Интензивна акција за уредување на зеленилото во Кисела Вода

Published

on

Општина Кисела Вода започна голема акција за уредување на зелените површини низ целата своја територија, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Во активностите се вклучени сите сезонски работници, кои со механизација работат на косење и средување на парковите, трим патеките и детските игралишта.

„Работиме интензивно на терен. Денеска се фокусираме на трим патеката која е многу посетена поради убавото време, како и на поголемите паркови и јавни површини“, изјави Ѓорѓиевски.

Паралелно со косењето, патеките се мијат со специјално возило за да се одржува хигиената и да се обезбеди подобро корисничко искуство за граѓаните.

Акцијата ќе продолжи и во наредните денови, при што ќе бидат опфатени сите месни и урбани заедници. Се работи за редовна активност која се засилува во периодите кога временските услови доведуваат до побрз раст на вегетацијата.

„Зелените и чисти површини не се само визуелно значајни, туку се и клучен дел од здрава и квалитетна животна средина. Ќе продолжиме со вакви координирани акции и во иднина“, порача градоначалникот Ѓорѓиевски.

Скопје

Ганиу: Завршено асфалтирањето на „Лек Дугаѓини“ во Серава – инвестиција за подобар квалитет на живот

Published

on

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, денес беше на терен во населбата Серава каде ја надгледа финалната фаза од инфраструктурните зафати на улицата „Лек Дугаѓини“.

Во рамки на овој проект, целосно е асфалтирана површина од 2400 квадратни метри, а паралелно е завршена и изградбата на водоводната и канализационата мрежа, со што е обезбеден целосно функционален систем за локалното население.

„Оваа инвестиција е дел од нашата стратегија за унапредување на животниот стандард во сите делови од општината. Безбедни и модерни улици значат и подобар секојдневен живот за жителите,“ изјави Ганиу.

Проектот е реализиран под покровителство на Општина Чаир и е дел од пошироката програма за урбана модернизација и унапредување на јавната инфраструктура.

Ганиу додаде дека ваквите инфраструктурни проекти се клучни за долгорочен и одржлив развој на урбаните заедници.

Continue Reading

Скопје

Полицијата уапси скопјанец, управувал возило со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Published

on

Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

На 15.06.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(56) од Скопје. Претходно, на ул.„Владимир Комаров“, тој со патничко возило „субару“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Љ.Р.(47) од Скопје.

При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.57 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“ и член 288 од Кривичниот законик-„предизвикување општа опасност“.

Continue Reading

Скопје

„Пајакот“ минатата недела кренал над 150 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Published

on

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционираа 154 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг