Connect with us

Економија

Божиновска: Инженерите се двигатели на напредокот и темел на одржливата иднина

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, беше дел од свеченото одбележување на 105-годишнината од формирањето на првото инженерско здружение во Македонија – значаен јубилеј кој го слави придонесот на инженерите кон развојот на државата.

„105 години се сведоштво за континуирана визија, труд и знаење низ генерации. Зад секој стабилен мост, секоја функционална енергетска мрежа и секој напредок – стои инженер“, истакна Божиновска во своето обраќање.

Таа нагласи дека инженерите се клучни партнери во енергетската транзиција, модернизацијата и изградбата на одржливи системи. Од хидроцентралите до ветропарковите, од урбаното планирање до дигиталната инфраструктура – сè започнува со инженерска пресметка и визија.

„Инженерството мора да остане во срцето на секоја развојна стратегија – бидејќи без вас, напредокот е незамислив“, порача министерката, повикувајќи ги инженерите да бидат ментори, иноватори и лидери во креирањето на иднината.

Свеченоста го одбележа значењето на инженерската професија како еден од главните двигатели на општествениот и економскиот развој на Македонија.

Економија

Нотарите бараат зголемување на тарифите и помал број канцеларии

Published

on

Поради пораст на материјалните трошоци и повеќе од две децении непроменети тарифи, Нотарската комора на Македонија побара зголемување на цените за одредени услуги и измени во законската регулатива. Во комуникација со Министерството за правда, нотарите посочиле дека моменталната состојба станува неодржлива.

Цената за заверка на документ и натаму изнесува 100 денари, непроменета од 1998 година. „Во таа сума е невозможно да се вклучи сè – од платен налог до чување документи три години и нивно уништување,“ велат од Комората.

Меѓу барањата е и враќање на стариот закон според кој на еден нотар треба да има најмалку 20.000 жители. Денес, Куманово со 70.000 жители има 14 нотари, наместо четири или пет, а Скопје дури 70 на 660.000 жители. Нотарите предлагаат и ограничување на обврзното учество на адвокатите во некои постапки.

Според нив, надоместоците за теренска работа не ги покриваат ни основните трошоци. За споредба, ако цената за заверка се зголеми од 100 на 200 денари, тоа е скромно покачување во однос на реалните потреби, велат тие.

Нотарите укажуваат и на финансиската нерамнотежа во предмети за наплата на комунални услуги, каде добиваат значително помал процент од адвокатите и извршителите. Како илустрација, денес солемизација на купопродажба на стан чини 4.600 денари, додека пред 1998 чинела околу 400 германски марки.

Дополнителен проблем претставува обврската за физичко чување на документите, што значи поголеми трошоци за простор. Комората предлага воведување на електронски архивски систем за олеснување и модернизација на нотарската работа.

Continue Reading

Економија

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2025: Приходите проектирани на 362,4 милијарди денари, инфлацијата на 2,8 проценти

Published

on

Владата денеска го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година, со кој вкупните приходи се проектирани на 362,4 милијарди денари, што е зголемување од околу еден процент во однос на првичниот буџет. Капиталните расходи се планирани на 47,5 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 403,7 милијарди денари.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, информираше дека зголемувањето на приходите се должи главно на растот на неданочните приходи – административни такси, концесии, добивки од Народната банка и проширување на самофинансирачките активности на институциите. Даночните приходи остануваат непроменети, а буџетскиот дефицит останува на нивото од 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП.

– Со предложените измени вршиме реалокација на средства меѓу буџетските корисници. Обезбедени се средства за непречена исплата на плати, особено во МВР, каде што платите се зголемени за 10 проценти, како и за зголемените пензии и транзициските трошоци – изјави Димитриеска-Кочоска.

Дополнително, капиталните расходи се зголемени за проекти со добра реализација, особено во Министерството за одбрана, а со прераспределбата се обезбедени и 600 милиони денари за општините.

Проекцијата за економскиот раст останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува да се стабилизира на 2,8 проценти. Според министерката, тоа се должи на доследна примена на законските прописи, особено Законот за нефер трговски практики.

– Остварувањето на раст од 3,2 проценти во првиот квартал е јасен сигнал дека проекциите се реални. Продолжуваме со политики што го стимулираат растот, поддржани од домашната потрошувачка, зголемените инвестиции и мерките за зголемување на расположливиот доход – додаде таа.

Министерката подвлече дека фокусот на Владата останува на инвестиции, макроекономска стабилност и фискална дисциплина, при што најмногу кратења има кај расходите на самата Влада и меѓу инвестициите.

Continue Reading

Економија

Љатифи: Новиот далекувод Тетово–Призрен е стратешки чекор за енергетска поврзаност на регионот

Published

on

МЕПСО и косовскиот оператор КОСТТ денеска потпишаа меморандум за соработка со кој официјално започнуваат подготовките за изградба на нов 400 kV интерконективен далекувод меѓу Тетово и Призрен. Договорот, како што истакна директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, претставува важен чекор кон продлабочување на регионалната енергетска соработка и стабилност.

„Ова е повеќе од инфраструктурен проект – ова е конкретен придонес кон енергетската транзиција и заедничката иднина на Западен Балкан“, изјави Љатифи по потпишувањето на меморандумот заедно со својот колега од КОСТТ, Шабан Незири.

Новиот далекувод ќе овозможи значително зголемување на прекуграничната размена на електрична енергија меѓу Северна Македонија и Косово, но и ќе ја зајакне отпорноста и флексибилноста на електропреносните системи во целиот регион.

Проектот се смета за еден од клучните елементи во напорите за интеграција на пазарите со електрична енергија на Западен Балкан и нивно усогласување со европските енергетски стандарди.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг