Connect with us

Македонија

Притвор за дилер од Битола, им давал марихуана и на деца

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45, како и Овозможување употреба на наркотични дроги согласно член 216 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во текот на 2024 и 2025 година осомничениот во повеќе наврати неовластено продавал наркотична дрога – марихуана на наркозависници. Во текот на претходната постапка обезбедени се докази и дека за целиот тој период осомничениот во повеќе наврати им овозможувал да употребуваат марихуана и на малолетници на возраст од 14 години. При претрес во неговиот дом на 12 мај биле пронајдени околу 8 грама марихуана кои ги држел за неовластена продажба.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Битола поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Advertisement

Македонија

Јаневска за евентуално нејзино разрешување: Ќе ја почитувам секоја одлука на премиерот

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Христијан Мицкоски доколку се случи реконструкција на Владата и таа биде сменета од ресорот што го предводи.

На новинарско прашање дали евентуално ќе остане во ресорот образование и наука или ќе биде преместена на друг ресор, Јаневска одговори дека „одлуката за сите предлози за членови во Владата ја носи премиерот заедно со партиските органи“.

Таа додаде: „На ова прашање веќе неколку пати сум одговарала и ќе повторам. Земјава има премиер кој го носи на својот грб најголемиот товар за позитивните промени кои се случуваат и допрва треба да се случат во Македонија. Оттука, полно негово право е, заедно со органите на партијата, да одлучува кого ќе предложи како влада или кого ќе предложи како министер пред Парламентот. Секоја негова одлука апсолутно ќе ја испочитувам“, рече Јаневска пред отворањето на конференцијата „Науката како патоказ во време на промени“.

Continue Reading

Македонија

ДИК ги објави конечните резултати – Орце Ѓорѓиевски официјално нов градоначалник на Скопје

Државната изборна комисија (ДИК) утрово ги објави конечните резултати од локалните избори во општините каде што не беа поднесени приговори во законскиот рок. Со тоа, Орце Ѓорѓиевски и уште 32 кандидати избрани во вториот круг станаа официјални градоначалници.

Новите градоначалници во наредните денови ќе ги добијат уверенијата од ДИК и ќе можат да започнат со примопредавање на функциите.

Попладнево, во 14 часот, ДИК ќе одржи седница на која ќе ги разгледа вкупно 16 поднесени приговори за изборниот процес во три општини.
Приговори поднеле:

кандидатот за Брвеница, Хаќим Рамадани, кој тврди дека имало пропусти на осум избирачки места;

ВМРО-ДПМНЕ, за резултатите во Шуто Оризари на десет избирачки места;

Сојузот на Ромите, со три приговори во истата општина;

и Стевчо Јакимовски, кој оспорува резултати во две избирачки места во Карпош.

Дополнително, поднесени се и три приговори поврзани со повтореното гласање за советнички листи во Шуто Оризари.

Во четири општини сè уште нема избрани градоначалници, па таму ќе се организира ново гласање до крајот на годинава или на почетокот на наредната.

Continue Reading

Македонија

Нови обилни дождови и засилен јужен ветер доаѓаат во нашата Македонија

Пред нас е нова поголема промена на временската состојба. Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од оваа ноќ па се до вторник (11 ноември) во нашата Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи и со засилен ветер од јужен правец.

И во Скопје и околината со оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер од јужен правец.

За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен дожд).

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат околу просекот за овој период од годината и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Се на се, пред нас е многу променливо време со чести и пообилни врнежи од дожд, тоа значи дека постојано чадорот да ви биде при рака.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг