Connect with us

Свет

Се огласи Трамп: “Ништо нема да се случи додека не се сретнеме јас и Путин”

Published

on

Трамп: Без средба со Путин, мирот во Украина останува невозможен

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека решавањето на конфликтот во Украина нема да се придвижи од мртва точка без негова директна средба со рускиот претседател Владимир Путин.

– Ништо нема да се случи додека Путин и јас не седнеме на иста маса. Очигледно е дека тој планирал да патува, верувајќи дека и јас ќе бидам таму. Но, ако мене ме нема – ни тој нема да оди – изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион.

Тој притоа нагласи дека не е разочаран од нивото на руската делегација која учествува на преговорите во Турција.

– Конфликтот мора да се реши што е можно побрзо. Премногу луѓе умираат – додаде американскиот претседател.

Денес, 15 мај, во Истанбул се одржуваат првите директни мировни преговори меѓу Русија и Украина во последните три години. Руската делегација ја предводи Владимир Медински, помошник на претседателот Путин.

Свет

Некој сè почесто електронски ги попречува бродовите во важниот поморски премин кај Иран.

Published

on

Британската агенција за морски трговски операции (UKMTO) предупреди на нагло зголемување на електронските пречки што влијаат врз комерцијалната пловидба во Персискиот Залив и Хормускиот теснец – еден од најважните поморски коридори за глобалната енергетска безбедност.

Според соопштението, евидентирани се повеќе случаи на нарушено функционирање на автоматскиот идентификациски систем (AIS), кој служи за означување на позицијата на бродовите. „Интензитетот на електронските пречки сериозно го отежнува известувањето за движењето на бродовите,“ се наведува од UKMTO, без притоа да се посочи конкретен извор на мешањата. Агенцијата ги повика сите пловни објекти на зголемена претпазливост во областа.

Ова предупредување се појавува паралелно со неодамнешните изјави од страна на Иран за можноста од затворање на стратешкиот Хормуски теснец. Иранскиот функционер Есмаил Косари изјави дека Техеран сериозно размислува за блокирање на теснецот како одговор на ескалацијата на тензиите со Израел.

Хормускиот теснец е клучна точка за светската нафтена индустрија – низ него секојдневно поминуваат околу 21 милион барели нафта, што претставува околу 20% од глобалната потрошувачка. Со ширина од само 33 километри, а пловни коридори од 3 километри во секоја насока, теснецот е исклучително ранлив на било какви прекини.

Затворањето на овој премин би можело да предизвика дестабилизација на глобалниот пазар на енергенси, енормен раст на цените на нафтата и геополитички потреси. И покрај честите закани, Иран досега не го реализирал ваквиот потег, делумно и поради присуството на американската Пета флота која ја гарантира слободата на поморскиот сообраќај во регионот.

Continue Reading

Свет

Иран одбива преговори под оган: „Нема примирје додека трае израелската агресија“

Published

on

Иран јасно стави до знаење дека нема да започне никакви преговори за прекин на огнот сè додека се наоѓа под израелски напади, јавуваат извори блиски на дипломатските канали што посредуваат меѓу двете страни.

Според еден официјален претставник запознаен со комуникацијата, Техеран преку Катар и Оман — кои делуваат како посредници — испратил порака дека ќе биде подготвен за сериозни разговори дури откако ќе одговори на израелските воени дејствија.

„Иранските власти им порачаа на посредниците дека нема да седнат на преговарачка маса додека траат нападите. Нивниот став е јасен: не може да се зборува за мир додека Израел ја бомбардира иранската територија“, изјави неименуваниот извор, додавајќи дека информациите за наводно американско вклучување во нови преговори преку Оман и Катар се неточни.

Да потсетиме, Израел во петокот рано наутро изврши сеопфатен напад врз ирански цели, при што, според дипломатски извори, бил ликвидиран врвот на иранскиот воен естаблишмент, а оштетени биле и клучни објекти поврзани со нуклеарната програма на земјата. Веднаш по нападот, официјален Техеран се закани со „отворање на портите на пеколот“ како одговор на израелската ескалација.

Иако Оман и Катар со години играат улога на неутрални посредници во тензиите меѓу Иран, Израел и САД, обидите за повторно воспоставување дипломатски дијалог засега не наидуваат на плодна почва. Атмосферата на теренот не остава многу простор за разговори – барем не додека трае отворената воена конфронтација.

Оман претходно беше домаќин на неформални разговори околу иранскиот нуклеарен договор со САД, но последната рунда беше прекината веднаш по израелскиот напад. Катар, кој има искуство во посредување за хуманитарни разменувања, и понатаму останува со ограничено влијание додека трае кризата.

Останува неизвесно дали наредните денови ќе отворат простор за деескалација или ќе доведат до подлабока криза во односите меѓу Техеран и Тел Авив. Засега, иранската порака е недвосмислена: преговорите ќе започнат дури по одмаздничкиот одговор.

Continue Reading

Свет

Иран бара осуда за Израел: „Европа мора да ја запре агресијата“

Published

on

Иранските власти денеска ги повикаа европските земји да преземат чекори за запирање на израелските воени дејствија, во четвртиот ден од ескалацијата меѓу двете непријателски држави.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека Германија, Франција и Велика Британија требало јасно да ги осудат, како што рече, „злосторствата на ционистичкиот режим“.

„Очекуваме од европските држави не само да изразат загриженост, туку активно да работат на ставање крај на израелската агресија и да ги осудат нападите врз иранските нуклеарни постројки“, нагласи Багаи.

Тој апелираше и до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да реагира со јасна осуда на, како што рече, нападите на Израел врз цивилни ирански нуклеарни капацитети.

„Станува збор за мирнодопски нуклеарни објекти кои се под постојан надзор на МААЕ. Очекуваме агенцијата да заземе цврст став и да го осуди овој чин на денешната итна седница на Одборот на гувернери во Виена“, додаде тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг