Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за недела – 18 мај: Одличен ден за неколку хороскопски знаци

Published

on

ОВЕН

Овој ден ви нуди можност да ги расчистите сите заостанати обврски и да се соочите со финансиските прашања во разговор со блиска личност. Бидете искрени и отворени – нема потреба од страв од недоразбирања или прекинувања на односи. Штом ќе ја отстраните маглата од нејасностите, ќе сфатите дека иднината веќе изгледа посветло.

БИК

Вашето убедливо размислување денес ќе има силно влијание врз другите. Искористете ја оваа предност – ако имате шанса за романтичен момент, не ја одложувајте. Во деловниот контекст, ако не сте сигурни како да ги завршите преговорите, разгледајте идеја за кратко патување – нешто што ќе биде и корисно и пријатно.

БЛИЗНАЦИ

Како ќе се однесувате кон луѓето, така ќе се обликува и вашето секојдневие. Лојалноста и смиреноста ќе ви донесат стабилност. Избегнувајте љубомора или прекумерни емоционални реакции – внимателно одмерувајте ги зборовите и чекорите, бидејќи токму тие ќе го одредат исходот.

РАК

Посветете дополнително време на соработката со колеги и партнери – преку нив ќе дојдете до вашите цели. Работно, ќе бидете задоволни од постигнатото. Во приватниот живот, сепак, ќе биде потребна флексибилност и подготвеност на компромис.

ЛАВ

Денес еден дел од вас ќе биде преосетлив, а тоа може да доведе до погрешни проценки. За да не залутате, потпрете се на совет од доверлива личност. Во попладневните часови се можни семејни недоразбирања. Понекогаш токму промената е патот кон она што го посакувате.

ДЕВИЦА

Излезете, дружете се, внесете свежина во денот. Вашиот шарм нема да остане незабележан – некој влијателен ќе ве запамети. Можно е да наидете и на личност од минатото, што ќе донесе интересен разговор и можност за нов почеток. Не ги оставате обврските полузавршени – исполнете го дадениот збор.

ВАГА

Ќе бидете фокусирани и полни со ментална енергија. Способни сте да се справите со повеќе задачи истовремено, без страв од грешки. Денес е идеален момент да објавите големи лични или професионални одлуки. Ако насетите нова можност, не ја игнорирајте – истражете ја.

ШКОРПИЈА

Ако неодамна сте започнале во ново работно опкружување, вложете во неформалните односи со колегите – тие ќе ви бидат од суштинско значење. Денот е погоден за семејни планови и активности со пријатели. Патување или промена на околината ќе ви донесат задоволство.

СТРЕЛЕЦ

Ќе привлекувате интересни личности – како на деловен, така и на личен план. Пред да се одлучите, разгледајте што се случувало во минатото. Не сите ќе бидат искрени, па обидете се самите да ги откриете вистините што ве интересираат. Искористете ги вашите претходни искуства.

ЈАРЕЦ

Ќе блеснете со добри идеи и позитивна енергија – околината ќе реагира со воодушевување. Тоа ќе ви користи особено ако ве очекува службено патување. Со малку хумор и остроумност, ќе можете да ги насочите ситуациите во своја корист. Очекувајте неочекувана промена на нечиј став.

ВОДОЛИЈА

Покажете тактичност во комуникацијата, особено ако некој ви се доверува за лични проблеми. Иако можеби имате најдобри намери, претераната отвореност може да биде погрешно сфатена. Останете реални и воздржани во советите што ги давате.

РИБИ

Оставете ја фантазијата да ве води – денес тоа ќе биде ваша сила. Ќе импресионирате со визија и креативност. Можно е да добиете понуда што звучи примамливо – размислете внимателно и не носете одлуки во брзина. Во приватниот живот, ве очекуваат пријатни изненадувања.

Магазин

Новооткриено спојување на црни дупки создаде ѕвер со маса 265 пати поголема од Сонцето

Published

on

Научниците регистрираа досега најмасовното спојување на црни дупки, настан што се случил на околу 10 милијарди светлосни години од Земјата и резултирал со формирање на црна дупка со маса дури 265 пати поголема од Сонцето. Ова спектакуларно космичко обединување било откриено преку гравитациските бранови што ги испратиле овие џинови, и претставува најекстремниот таков настан забележан досега.

Според професорот Марк Ханам од Универзитетот во Кардиф, овие спојувања се „најагресивните настани во универзумот“, но сигналите што стигнуваат до Земјата се толку слаби што нивното откривање е вистински подвиг за модерната наука. Тој додава дека научниците претходно виделе навестувања за вакви спојувања, но ова е најекстремниот пример досега.

Двете црни дупки кои орбитирале една околу друга, секоја со маса поголема од 100 сонца, се судриле и споиле во едно тело — црна дупка од нова, уште поголема класа. Настанот бил забележан од детекторите на гравитациски бранови, кои овозможуваат научниците да ги следат космичките судири и трансформации на начин кој порано бил незамислив.

Деталите за ова откритие ќе бидат презентирани на првиот ден од 24-та Меѓународна конференција за општа релативност и гравитација, која започна денеска и ќе трае до петок.

Со новите технолошки достигнувања и предвидените детектори во следните 10 до 15 години, научниците се надеваат дека ќе можат да ги регистрираат сите спојувања на црни дупки низ универзумот — а можеби и да откријат феномени што досега ни биле сосема непознати.

Continue Reading

Магазин

Иако ги правиме секојдневно, овие навики го уништуваат нашиот мозок

Published

on

Низа секојдневни навики што делуваат безопасно всушност можат сериозно да го нарушат здравјето на мозокот, предупредува д-р Зиб Аткинс, нутриционист и научник специјализиран за долготрајно здравје и долговечност.

Според него, некои чести обрасци на однесување го забрзуваат когнитивното пропаѓање, го зголемуваат ризикот од невродегенеративни болести и го нарушуваат функционирањето на памтењето, концентрацијата и емоционалната стабилност. Во продолжение се издвојуваат неколку навики што, според Аткинс, секојдневно го оштетуваат мозокот:

1. Социјална изолација

Избегнувањето контакти со други луѓе сериозно го нарушува менталното здравје. Аткинс објаснува дека луѓето кои живеат сами или често се чувствуваат повлечени, треба барем еднаш или двапати неделно да иницираат социјални средби – заради стимулација на мозочната активност и емоционалната рамнотежа.

2. Седечки начин на живот

Долгото седење и физичка неактивност негативно влијаат на мозокот преку намален проток на крв и зголемување на воспалителни процеси во организмот. Аткинс советува барем неколку кратки прошетки во текот на денот за да се поттикне циркулацијата и да се заштитат когнитивните функции.

3. Недостаток на сон

Хроничната ненаспаност го зголемува ризикот од „мозочна магла“, влошено расположение и хормонален дисбаланс. За здрава мозочна функција потребни се најмалку осум часа квалитетен, непрекинат сон секоја ноќ.

4. Претерано гледање во екрани

Долгото изложување на сино светло од дигиталните уреди предизвикува замор, раздразливост и намалување на допаминот – хормонот на задоволство. Аткинс препорачува ограничување на времето пред екран и користење на „ноќен режим“ на мобилни телефони и компјутери.

5. Прекумерна консумација на шеќер

Исклучително важна навика која го поткопува здравјето на мозокот е прекумерната употреба на рафинирани шеќери. Тие се поврзуваат со воспаленија, ослабено памтење и замор. Дури и мали дози – како шеќер во кафе или слатки ужинки – можат да предизвикаат когнитивна нестабилност. Наместо тоа, препорачливо е да се внесуваат природни извори на гликоза, како овошје.

Иако овие навики често се занемаруваат, нивното долготрајно влијание врз мозокот може да биде значајно. Свесната промена на секојдневните избори и грижа за менталната хигиена се клучни чекори за зачувување на когнитивната острина и долгорочно здравје.

Continue Reading

Магазин

Една од најславните епопеи: Битката на Ножот – 118 години

Published

on

На 14 јули 1907 година кај селото Ракле, на планинскиот врв Ножот, група од 45 костурски востаници, одбивајќи ја наредбата за повлекување и под мошне тешки услови, прифатиле борба со многубројната турска војска, командувана од мајорот Енвер беј.

Јунаците од Ножот биле однапред решени на саможртвување. Сите 45-мина загинале со херојска смрт. Повеќето паднале при нерамноправната битка, а неколкумина од нив се самоубиле. Откако стивнале пукотниците турскиот мајор Енвер-беј наредил со аскерски плотун да им се оддаде почит за јунаштвото на македонските комити, со кои до пред тоа војувале.

Има повеќе прикази, и историски и уметнички, за овој чин од нашата историја. Подоцна приказната за настанот во кој јунаците се бореле до последниот куршум, како и фотографии, се пренеле во повеќе делови од светот.

Чистење на селата околу Бабуна од кодошите

По Илинденското востание бугарската, српската и грчката вооружена пропаганда во Македонија се засилиле. На Рилскиот конгрес кој се одржал во септември 1905 година е донесено решение да им се даде решителен отпор.

Од средината на мај 1907 година четата на Тане Николов дејствувала по должината на планината Бабуна, а од јуни и 50-члената чета на Михаил Чаков и 30-члената костурска чета на Христо Цветков. На четата на Тане Николов се приклучува и прилепскиот околиски војвода и член на окружниот комитет Петар Ацев. Кон нив се упатуваат и четите на Иван Наумов и една прилепска реонска чета на чело со Мирче Најденов.

Во регионот се концентрираат нешто повеќе од 150 комити и скоро 150 лица селска полиција од околните села. Главна цел на Обединетата чета под водство на Тане Николов е чистење на селата од планината Бабуна од србоманските шпиони и конечно уништување на српската пропаганда. Србоманите од своја страна испраќаат агенти во Битола, Прилеп, Воден, Лерин, Тиквеш и Велес за да ги предадат на турските власти македонските чети во селото Никодин. По 10 јули турските војници се распоредуваат во целиот регион.

Донесено е решение главнината да се подели на неколку помали чети, кои заземат позиции околу Никодин. Распределбата била: една единица од 40 лица зазема позиција над самото село, друга од 100 лица, која ја сочинувале главниот дел од комитските сили, се распоредува на падините помеѓу село Никодин и село Содржи. Трета единица од 45 лица од Костурската чета (30 луѓе) на чело со Христо Цветков и комити од четите на Михаил Чаков и Мирче Најдов зазема позиција на скалата Ножот над селото, другите две групи (од 8 лица) комити на чело со локалните војводи Секула Ораовдолски и Велко Попадиски се сместуваат под планината Асенова глава каде треба да го чуваат патот меѓу селото Никодин и село Владиловци. Последната група се состои од четите на Тане Николов и Петар Ацев, заедно со селската милиција се височината Попадиските чукари.

На 13 јули војводите се собираат на совет. И покрај одлуката на прилепскиот градски окружен комитет четите да се повлечат, војводите одбиваат и се подготвуваат за отпор на турскиот аскер.

Аскерски почесен плотун на Ножот

Утрото на 14 јули турски аскер се насочува кон врвот Ножот со цел да ги опколи комитите, а друга група турски војници од исток отвора оган во главната команда.

Комитите кои се наоѓаат на Ножот, отвораат оган по турскиот аскер. Притоа 18 комити се искачуваат и ги заземаат североисточните падини на самиот врв. Нивната позиција не им дозволува да гледаат што се случува на другите падини. Турските сили почнале да заземаат позиции околу самиот врв и да го обиколуваат.

До пладне пристигнуваат нови турски единици на чело на Енвер беј. Турска чета ги напаѓа другите 18 млади луѓе на североисточните падини, притиснати и од исток од аскер, сите паѓаат убиени, што го отвора патот за силен напад на Ножот.

Со последните бомби комитите на Ножот се самоубиле. Четата на врв Асенова глава ги одбива нападите од село Смиловци и се повлекува. Четите на Михаил Чаков и Велко Апостолов – Попадиски се повлекуваат од Попадиската река во правец на село Подлес. Со падот на ноќта четите се повлекуваат и турските војници им ја губат трагата.

Вкупниот број на загинатите комити во областа на планината Ножот е 67.

По заземањето на Ножот, аскерот почнал да се изживува врз загинатите комити, но мајорот Енвер беј го запрел тоа и наредил закоп и почесен плотун во чест на храбрите борци. Телата на херојски загинатите комити, по негова наредба, се закопани во близина на врвот од жителите на блиските села.

Извор: Сител.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг