Connect with us

Спорт

Македонија добива нов НБА-репрезентативец по Перо Антиќ!

Published

on

Македонија е на чекор од тоа да добие свој втор кошаркарски репрезентативец што ќе настапува во НБА лигата, по историскиот настап на Перо Антиќ. На прагот на најсилната кошаркарска сцена се наоѓа натурализираниот бек Ти-Џеј Шортс.

Шортс блесна на европската сцена со четири извонредни сезони, започнувајќи од ФИБА Еврокупот, преку Лигата на Шампионите и Еврокупот, сè до највисокото ниво – Евролигата. Со Париз, клубот со најмал буџет во натпреварувањето, успеа да се наметне како сериозен кандидат за МВП признание во регуларниот дел од сезоната, иако на крајот го доби признанието за најдобар играч во плеј-инот.

По успешната сезона, Шортс сигурно го напушта Париз. Иако беше посакуван од неколку европски велесили како Панатинаикос и Фенербахче, неговиот следен чекор ќе биде Мемфис во НБА. Таму повторно ќе работи со финскиот тренер Туомас Исало, со кого имаше успешна соработка и претходно.

Спорт

Лоши вести за Реал Мадрид пред почетокот на клупскиот Мундијал?

Published

on

Се поставува прашање дали напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе настапи на натпреварот против Ал-Хилал на Светското клупско првенство.

Мбапе го пропушти последниот тренинг поради болест, со висока температура, според шпанските медиуми. Иако официјално не е исклучен, се шпекулира дека може да го пропушти дуелот на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.

Отсуството на Мбапе ја остава тренерската легенда Чаби Алонсо во дилема кој ќе го води нападот. Младиот Бразилец Ендрик, потенцијална алтернатива, не е во тимот поради мускулна повреда од натпреварот против Севилја минатиот месец.

Мбапе беше клучен играч оваа сезона, со 31 гол во Ла Лига и 43 гола во 56 натпревари.

Реал Мадрид влегува во турнирот како еден од фаворитите, а во групата Х ќе игра против Ал-Хилал, РБ Салцбург и Пачука.

Continue Reading

Спорт

Македонија до 14 одигра нерешено 1:1 со Албанија

Published

on

Младата репрезентација на Македонија до 14 година одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Албанија во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на стадионот на ФК Скендербег во Корча.

Домаќинот рано во 15. минута преку Александро Шофити поведе со 1:0. Во продолжението, избраниците на селекторот Горан Станковски наметнаа своја игра, создадоа неколку добри прилики и сосема заслужено во 56. минута преку Давор Таневски го израмни резултатот на 1:1.

На 19. јуни е закажаната втората контролна среда помеѓу младите селекции на Македонија и Албанија.

МАКЕДОНИЈА: Огнен Божиновски, Хамза Зибери, Филип Богоевски, Давор Танески, Дин Розојац, Калин Аврамоски, Нено Бафтијар, Павел Димоски, Јован Јанчевски, Борјан Костовски, Виган Таири;

Селектор: Горан Станковски;

Continue Reading

Спорт

Младите надежи на Македонија и Албанија се сретнуваат во Корча: У-14 фудбалски дуел на пријателство и талент

Published

on

На 17 јуни, во 17 часот, на стадионот „Скендербег“ во Корча, ќе се одигра пријателски натпревар помеѓу кадетските селекции на Албанија и Северна Македонија до 14 години.

Овој меч е важен дел од подготовките на двата тима и можност за младите фудбалери да стекнат драгоцено искуство на меѓународна сцена. Очекувањата се за фер и возбудлива игра, каде младите таленти ќе ја покажат својата борбеност и љубов кон спортот.

Поддршката од трибините ќе биде клучна за двата тима во нивната борба за победа и напредок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг