Connect with us

Црна Хроника

Пензионер од Тетово измамен во кафеана – му зел 3.000 денари па исчезнал кај катастар!

Published

on

На 19.05.2025 во 13.00 часот во СВР Тетово, 72-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 денари. Според пријавеното, тој го сретнал со лицето во угостителски објект во тетово, при што лицето му ги побарало парите да заврши некоја работа и му ветило дека за кратко да се најдат кај катастар да му ги врати. Како што е пријавено, откако заминал кај катастар, не го нашол лицето и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Црна Хроника

Убиецот од Прилеп легално го поседувал оружјето – во минатото пукал и во кафеана

Published

on

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако 64-годишниот Петар Ѓ. изврши двојно убиство и самоубиство во својот дом на улицата „Стеван Апостолоски“. Според досегашните информации од полицијата, тој по кратка расправија ги застрелал Панчо Ч. (43) и неговиот 13-годишен син Милан Ч., а потоа во престрелка со полицијата активирал рачна бомба и извршил самоубиство.

ОВР Прилеп потврдува дека против Петар Ѓ. постоела само една кривична пријава, датирана од 2002 година, за предизвикување општа опасност, откако пукал со огнено оружје во угостителски објект. Случајот тогаш не добил судска разрешница поради застареност.

Иако сограѓани сведочат дека се работело за човек со тежок карактер и конфликтно однесување, полицијата истакнува дека последните години немало официјални поплаки или пријави против него.

Оружјето со кое го извршил нападот било легално стекнато како наследство. Дозволата за поседување му била издадена во 2012 година и обновена во 2022. При увидот на местото на злосторството, полицијата пронашла траги од куршуми, две парчиња огнено оружје од калибар 9 мм и 7,65 мм, како и рачна бомба М93. Потеклото на експлозивната направа сè уште се истражува.

Полицијата пристигнала на местото на инцидентот по 21:20 часот, откако била примена првата пријава. До тој момент, не постоеле најави или предупредувања од граѓани за можен конфликт.

Жртвите беа погребани денеска на Старите градски гробишта во Прилеп, а истрагата за случајот продолжува.

Извор: МЕТА.МК

Continue Reading

Црна Хроника

ДВАЈЦА ТЕТОВЦИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО САМО НЕКОЛКУ ЧАСА: Полицијата реагираше веднаш!

Published

on

Два случаи на пијано возење беа регистрирани во Тетово во изминатите 24 часа, при што полицијата приведе двајца мажи под дејство на алкохол, информираше Министерството за внатрешни работи.

Првиот случај бил регистриран на 13 јули околу 21:50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај наплатната станица Тетово. Полициски службеници го привеле 65-годишниот В.Б. од селото Лисец, кој управувал товарно возило „Фиат Добло“ со тетовски регистерски таблички. При алкотестирање, му биле измерени 2.06 промили алкохол во крвта.

Вториот инцидент се случил неколку часа подоцна, на 14 јули во 04:10 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово. Полицијата го лишила од слобода 34-годишниот Ф.И. од Тетово, кој управувал патничко возило „БМВ“ со 1.67 промили алкохол во крвта.

Двајцата возачи се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило.

Continue Reading

Црна Хроника

Шест куќи изгореа, малолетник повреден – луѓе се гушеле од чад!

Published

on

Страшен пожар синоќа ја зафати улицата Скупи во скопската населба Злокуќани, при што изгореле шест куќи, а уште две биле зафатени од огнената стихија. Малолетно лице е повредено и итно пренесено во болница, а вкупно шестмина завршија со лекарска помош поради вдишување густ чад, информираше Министерството за внатрешни работи.

Трагедијата се случила на 13 јули околу 20 часот, а според полицијата, освен повредениот малолетник, во болница биле пренесени и Ш.С. (34), Р.С. (69), Х.Х. (49), како и тројца полициски службеници кои се обиделе да помогнат во спасувањето.

Пожарот го гаснеле екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје, а според првичните информации, причините за избувнувањето се сè уште непознати.

Граѓаните од Злокуќани сè уште се во шок, а дел од нив останале без покрив над глава. Сцените од местото на настанот сведочат за вистински кошмар – чад, пепел и уништени домови.

Истрагата е во тек.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг