Connect with us

Република

Љутков и Коњановски: Битола чекори напред со културата и туризмот

Published

on

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари работна посета на Битола, при што заедно со градоначалникот Тони Коњановски ја посетија дел од националните установи од областа на културата. Целта на посетата беше евалуација на досегашната реализација на програмите и потврда на поддршката што државата ја дава за културниот и туристички развој на градот.

„Во сите институции е направен значаен чекор напред. Работат со двојно поголеми буџети и реализираат проекти кои директно ја подобруваат понудата,“ изјави министерот Љутков. Тој најави дека во Завод и музеј Битола се реализираат проекти за реставрација и уредување со вредност од над 2,5 милиони денари, а археолошките истражувања ширум државата, кои со години беа запоставени, сега повторно добиваат поддршка од 12 милиони денари за следните три години.

Љутков ја потенцираше и реновираната сувенирница во рамки на музејот, изградена со сопствени средства, како позитивен пример за туристичка понуда која се темели на локални ресурси.

Градоначалникот Коњановски истакна дека Битола е културна мека со седум национални установи, а во изминатите години градот доживеал вистински процут во областа на културата.

„Се гордеам што сме град кој живее култура. Нашите и нивните настани се исти – делиме визија и заедничка енергија,“ рече Коњановски, кој најави и почеток на културното лето со интересен настан.

Министерот Љутков најави и реализација на капитален проект – реконструкција, санација и адаптација на старото Кино „Партизан“, со буџет од 94 милиони денари. Договорите со изведувач и надзор се веќе потпишани, а работите ќе започнат до крајот на месецот.

Битола останува пример за успешна синергија помеѓу државната политика и локалната културна визија, со растечка туристичка и културна понуда.

Република

Падна уште еден корумпиран полицаец – дојавувал за планирани акциски контроли во казина и угостителски објекти

Published

on

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.С., полициски службеник во ПС ОН Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот како службено лице – полициски службеник во 2023 и 2024 година прибавувал податоци што претставуваат службена тајна на начин што имал увид во билтенот за дневни настани на МВР и анекс планови за планирани акциски контроли и активности по казина и угостителски објекти планирани и преземени од полициски службеници од СВР Тетово, УЈП, ДПИ и ДИТ. Прибавените податоци ги сторил достапни на физичко лице вработено во казино.

Continue Reading

Република

Лишени двајца возачи во Куманово затоа што управувале возило под дејство на алкохол

Published

on

На 15.06.2025 во 18.20 и 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ги лишиле од слобода В.Ц.(30) од Куманово и Е.С.(32) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген венто“, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.69 промили алкохол во крвта.

Додека, при контрола на патниот сообраќај и возилото „бмв“, кое го управувал Е.С., било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.84 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Continue Reading

Република

Полицијата уапси три лица од Тетово и тетовско, управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената.

Published

on

На 15.06.2025 во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода три лица од Тетово и тетовско затоа што управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената.

во 17.40 часот на патот Тетово-Гостивар, од слобода бил лишен Ш.Ф.(45) од Тетово При сообраќајната контрола и преземените мерки и активности, полициски службеници констатирале дека управувал патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 180 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Во 17.50 часот на патот Тетово-Гостивар, од слобода бил лишен И.С.(36) од с.Порој, тетовско, затоа што сообраќајната контрола и преземените мерки било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Додека, во 10.19 часот полициски службеници го лишиле од слобода Ф.И.(34) од с.Боговиње, тетовско. При сообраќајна контрола надвор од населено место во Тетово, било констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг