Connect with us

Република

Неколку тетовски села утре без струја поради планирани прекини

evn

Тетово, 10 јуни 2025 – Повеќе тетовски села утре ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати од страна на енергетската компанија, информираат надлежните.

Според објавените информации, без струја ќе бидат делови од следните села:

  • Јегуновце – делови од селото што се наоѓаат во т.н. Колонија, во период од 09:00 до 14:00 часот.
  • Шемшево – објекти кои се наоѓаат од центарот кон крајот на селото, од 09:00 до 14:30 часот.
  • Доброште – дел од селото ќе биде без електрична енергија од 09:00 до 14:30 часот.
  • Непроштено – планиран прекин за дел од селото од 09:00 до 14:00 часот.

Граѓаните се повикуваат да ги планираат своите дневни активности во согласност со најавените прекини и да преземат соодветни мерки.

Од енергетската компанија најавуваат дека прекините се неопходни заради подобрување на квалитетот и сигурноста на електроенергетската мрежа во регионот.

Advertisement

Република

Опасност за здравјето: Водата од водоводот во Берово не смее да се пие

ЈПКР „Услуга“ Берово информира дека употребата на водата од јавниот водовод е забранета за пиење и готвење, откако лабораториските анализи откриле зголемена концентрација на манган, што не ги исполнува стандардите за вода за пиење.

Агенцијата за храна и ветеринарство, преку Секторот за инспекциски надзор ПЕ – Берово, донесе Решение бр. 26-730 на 6 ноември 2025 година, со кое се дозволува водата да се користи само како техничка.

Општината апелира до граѓаните да ја користат водата исклучиво за технички цели додека не се извршат сите потребни мерки за преработка и прочистување и додека лабораториските анализи не потврдат дека водата е безбедна за пиење.

ЈПКР „Услуга“ е задолжено да преземе итни активности за усогласување на квалитетот на водата со прописите, а граѓаните ќе бидат информирани веднаш по добивањето на потврдените резултати.

Continue Reading

Република

Голем прекин на струјата утре во Тетово – Ова се населените места

tetovo

Утре (07.11.2025) во раните утрински часови и во текот на денот, поголем дел од Тетово и околните села ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции во електромрежата, најавија од ЕВН.

Без струја од 05:30 до 05:45 часот ќе бидат централното градско подрачје, како и делови од населбите Блок 70, Станбена, Саат Маало и Катастар. Во истиот термин ќе биде исклучена и околината на тетовската болница.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе остане дел од село Јегуновце, објектите околу центарот на селото.

Од 09:00 до 14:30 часот прекин е најавен во делови од Челопек и Брвеница, додека долниот дел на Челопек ќе биде без струја од 09:00 до 14:00 часот.

Од 09:08 до 15:08 часот прекин ќе има и на улицата Радован Цониќ во Тетово.

Прекин е најавен и за село Желино, каде што од 09:09 до 14:09 часот дел од населеното место ќе остане без електрична енергија.

Граѓаните се предупредуваат навреме да ги планираат обврските и да избегнат непријатности.

Continue Reading

Република

ДИК донесе одлука за приговорите во Брвеница

Државната изборна комисија (ДИК) денеска разгледува 16 приговори поврзани со гласањето и сумирањето на резултатите во три општини: Брвеница, Шуто Оризари и Карпош.

Приговорот на кандидатот за градоначалник Хаќим Рамадани за пет избирачки места во Општина Брвеница едногласно беше отфрлен од страна на членовите на ДИК. Членот Ангелчо Ристов образложи дека приговорот има правни недостатоци, бидејќи според законот треба да биде поднесен од подносителот на кандидатската листа, а не од самиот кандидат, поради што е прогласен за недозволен.

Во Општина Шуто Оризари се поднесени вкупно 13 приговори – 10 од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и три од Сојузот на Роми. За Избирачко место 2956, ДИК го отворил материјалот поради сомнеж за несовпаѓање на две гласачки ливчиња. По пребројувањето, не било утврдено дополнително ливче, а приговорот бил одбиен. Сепак, констатирана е промена во бројот на гласовите за кандидатот со реден број 9 (два гласа помалку) и во бројот на неважечки ливчиња (вкупно 10, наместо осум).

Разгледувањето на приговорите за Избирачко место 2971 во Шуто Оризари и за Општина Карпош е во тек на 156-тата седница на ДИК.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг