Connect with us

Црна Хроника

Откриена најголемата даночна измама во Македонија: Проневерени над 94 милиони евра – пријавени 30 лица и 15 фирми

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи, поднесе обемна кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Пријавата се однесува на 30 физички и 15 правни лица од Струмица, кои се товарат за сериозни кривични дела како „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“, „даночна измама“ и „несовесно работење во службата“.

Како организатори на криминалната шема се посочуваат Р.К. (56), З.К.В. (30) и В.П. (29), кои во текот на 2019 година оформиле злосторничко здружение, со цел извлекување нелегална добивка на сметка на државниот буџет. Кон здружението се приклучиле повеќе управители на фирми, инспектори од УЈП, како и овластени сметководители.

Преку 15 фирми, дел фиктивно основани, дел под нивна реална контрола, биле изготвувани и заверувани лажни фактури со невистинита содржина, при што се прикажувал фиктивен промет на добра и услуги без реална економска основа.

Во оваа сложена криминална шема, која функционирала од 2019 до 2024 година, осомничените успеале да извлечат незаконска имотна корист во износ од 5.801.937.796 денари, што изнесува околу 94,3 милиони евра.

Надлежните институции најавуваат продолжување на истрагата и проширување на истражните дејствија, со цел целосно расчистување на овој случај, кој се смета за една од најголемите финансиски измами во историјата на Македонија.

Advertisement

Црна Хроника

Шест лица приведени кај Прилеп, откриени пушки при полициска контрола

Шест лица се приведени во прилепско поради сомнение за „незаконит лов“, откако полициски службеници на 11 декември околу 15:30 часот извршиле контрола на патот Витолиште–Прилеп, на местото викано паркинг Штавица.

Приведени се С.А. (46), Х.Ј.Ј. (48), П.Т. (46) и 16-годишник – сите со шведско државјанство, како и Д.М. (76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп. Сите се сомничат за кривично дело по член 228 од Кривичниот законик – „незаконит лов“.

При преглед на возило „мерцедес“ со шведски регистарски таблички, управувано од С.А., полицијата пронашла шест ловечки пушки и пакување со свежо месо исечено на парчиња.

Приведените се задржани во ОВР Прилеп, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Тепачка на пазар во тетовско – полицијата со детали

На 11.12.2025 во 16:00 часот во Полициското одделение Групчин се пријавиле Џ.Р.(57) и Б.Р.(34), двајцата од с.Стримница, тетовско. Според пријавеното, кај сточен пазар во с.Боговиње, по претходна расправија, физички го нападнале А.А.(58) од Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

Млад скопјанец пронајден мртов во напуштен објект во Центар

На 12 декември 2025 година, околу 00:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на општина Центар е пронајдено починато 25-годишното лице Е.Р. од Скопје.

Екипа на Итната медицинска помош на местото ја констатирала смртта, без видливи траги на насилство.

Полицијата извршила увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг