Connect with us

Скопје

Половина Скопје без струја утре – проверете дали и вашата улица е на списокот!

Published

on

Скопје, 9 јуни 2025 – Утре, 10 јуни, делови од повеќе скопски општини ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати. Од електродистрибуцијата информираат дека прекините ќе бидат во неколку населени места и улици, во различни временски интервали.

Според најавата, без струја ќе бидат:

  • Село Бразда – корисниците на улица 20 од 09:00 до 10:00 часот.
  • Сопиште – улица 10 и дел од улица 134, во период од 09:00 до 12:00 часот.
  • Карпош (Скопје) – дел од улицата Иван Цанкар, од 09:00 до 14:30 часот.
  • Ѓорче Петров – дел од улицата 101 во с. Волково, од 11:30 до 15:30 часот.
  • Кисела Вода – околината на ресторанот Теферич и дел од улицата Мариовска, во период од 12:00 до 15:00 часот.

Надлежните апелираат до граѓаните да ги планираат своите обврски во согласност со најавените прекини и да бидат внимателни при користење на електрични уреди.

Доколку живеете во овие реони, подгответе се навреме – вашиот дом можеби ќе биде без струја повеќе часови!

Скопје

Тешко повреден малолетник во Скопје, паднал од електричен тротинет

Published

on

– На 15.06.2025 во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Пере Тошев“ во Скопје, малолетник од Скопје, кој управувал електричен тротинет, паднал на коловозот. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, известија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Скопје

Ганиу: Завршено асфалтирањето на „Лек Дугаѓини“ во Серава – инвестиција за подобар квалитет на живот

Published

on

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, денес беше на терен во населбата Серава каде ја надгледа финалната фаза од инфраструктурните зафати на улицата „Лек Дугаѓини“.

Во рамки на овој проект, целосно е асфалтирана површина од 2400 квадратни метри, а паралелно е завршена и изградбата на водоводната и канализационата мрежа, со што е обезбеден целосно функционален систем за локалното население.

„Оваа инвестиција е дел од нашата стратегија за унапредување на животниот стандард во сите делови од општината. Безбедни и модерни улици значат и подобар секојдневен живот за жителите,“ изјави Ганиу.

Проектот е реализиран под покровителство на Општина Чаир и е дел од пошироката програма за урбана модернизација и унапредување на јавната инфраструктура.

Ганиу додаде дека ваквите инфраструктурни проекти се клучни за долгорочен и одржлив развој на урбаните заедници.

Continue Reading

Скопје

Полицијата уапси скопјанец, управувал возило со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Published

on

Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

На 15.06.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(56) од Скопје. Претходно, на ул.„Владимир Комаров“, тој со патничко возило „субару“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Љ.Р.(47) од Скопје.

При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.57 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“ и член 288 од Кривичниот законик-„предизвикување општа опасност“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг