Connect with us

Скопје

Тешко повреден малолетник: Скопјанец со автомобил удрил во бетонски ѕид и билборд

Published

on

Вчера околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен сопатник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот А.К. бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава.

Скопје

Тешко повреден малолетник во Скопје, паднал од електричен тротинет

Published

on

– На 15.06.2025 во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Пере Тошев“ во Скопје, малолетник од Скопје, кој управувал електричен тротинет, паднал на коловозот. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, известија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Скопје

Ганиу: Завршено асфалтирањето на „Лек Дугаѓини“ во Серава – инвестиција за подобар квалитет на живот

Published

on

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, денес беше на терен во населбата Серава каде ја надгледа финалната фаза од инфраструктурните зафати на улицата „Лек Дугаѓини“.

Во рамки на овој проект, целосно е асфалтирана површина од 2400 квадратни метри, а паралелно е завршена и изградбата на водоводната и канализационата мрежа, со што е обезбеден целосно функционален систем за локалното население.

„Оваа инвестиција е дел од нашата стратегија за унапредување на животниот стандард во сите делови од општината. Безбедни и модерни улици значат и подобар секојдневен живот за жителите,“ изјави Ганиу.

Проектот е реализиран под покровителство на Општина Чаир и е дел од пошироката програма за урбана модернизација и унапредување на јавната инфраструктура.

Ганиу додаде дека ваквите инфраструктурни проекти се клучни за долгорочен и одржлив развој на урбаните заедници.

Continue Reading

Скопје

Полицијата уапси скопјанец, управувал возило со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Published

on

Лишен од слобода скопјанец, управувал возило со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

На 15.06.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(56) од Скопје. Претходно, на ул.„Владимир Комаров“, тој со патничко возило „субару“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Љ.Р.(47) од Скопје.

При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.57 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“ и член 288 од Кривичниот законик-„предизвикување општа опасност“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг