Connect with us

Свет

Најмалку 17 Палестинци загинаа во израелски напад во близина на пункт за хуманитарна помош во Појасот Газа

Published

on

Најмалку 17 Палестинци се убиени денеска во престрелка во близина на место за дистрибуција на хуманитарна помош во централниот дел на Појасот Газа, соопштија локалните здравствени власти. Нападот се случил во близина на пунктот на Хуманитарната фондација на Газа (GHF), организација поддржана од САД.

Според лекарите, повредените биле итно префрлени во две болници — „Ал-Авда“ во бегалскиот камп Нусеират и „Ал-Кудс“ на северот од енклавата, пренесе агенцијата „Ројтерс“. Израелската армија соопшти дека го истражува инцидентот.

Хуманитарната фондација GHF започна со дистрибуција на пакети со храна кон крајот на мај, но пристапот до овие локации претставува сериозен предизвик за цивилите. Многу жители на Газа сведочат дека мора да пешачат со часови, често уште пред зори, за да стигнат до безбедносните зони и да имаат шанса да добијат храна.

Иако фондацијата тврди дека не се евидентирани инциденти на нивните безбедносно обезбедени локации, Палестинците изнесуваат спротивни тврдења — зборуваат за нереди на самите пунктови, а на патот до таму владеат хаос и смртоносно насилство.

Израел дозволи ограничени хуманитарни операции под водство на ОН на 19 мај, по 11-неделна блокада на територијата со 2,3 милиони жители. Стручњаците предупредуваат дека хуманитарната состојба во енклавата е критична, со ризик од глад. Обединетите нации ја опишаа хуманитарната помош што досега е дозволена како „капка во море“.

Свет

Израел објави воздушна доминација над Техеран и масовно уништување на ирански ракетни цели

Published

on

Израелската армија објави дека воспоставила целосна контрола над воздушниот простор над Техеран, уништувајќи една третина од иранските лансирни рампи за ракети земја-земја во серија ноќни воздушни напади, кои според армискиот портпарол претставуваат „голем успех“ во тековната воена кампања што влегува во четвртиот ден.

Портпаролот Ефи Дефрин соопшти дека во нападите учествувале над 50 израелски борбени авиони и прецизни проектили, кои погодиле повеќе од 120 ирански лансирни позиции, магацини за ракети и производствени објекти.

Истовремено, Иран ноќта врз Израел испалил 65 ракети и десетици дронови, што, според израелските извори, претставува само половина од планираниот напад. „Спречивме значителен дел од она што Иран го имаше зацртано,“ рече Дефрин. „Сега можеме да потврдиме дека имаме целосна воздушна надмоќ над Техеран.“

Израелските сили, според него, продолжуваат со прецизни напади врз ирански единици кои се обидуваат да лансираат ракети или да го загрозат израелското воено воздухопловство. Во тек се и напади врз воени објекти, нуклеарни локации, урбани цели, како и клучната иранска нафтена и гасна инфраструктура.

Според воени извори, во нападите загинале неколку високи ирански офицери и нуклеарни научници. Дефрин нагласи дека крајна цел на операцијата е спречување на Иран во развојот на нуклеарно оружје и ракети со долг дострел. Израел најави дека нападите ќе се прошируваат и подлабоко на исток кон територијата на Иран.

„Не очекуваат тешки денови, но ќе ги надминеме заедно и ќе излеземе како победници,“ заклучи Дефрин.

Continue Reading

Свет

Израел има две цели во Иран – Нетанјаху ги откри плановите на Израел

Published

on

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обрати од воздухопловната база Тел Ноф за време на посета со министерот за одбрана и началникот на Генералштабот.

За време на посетата на југот од земјата, јужно од Тел Авив, Нетанјаху истакна дека Израел има две главни цели во однос на Иран: „Елиминирање на нуклеарната и ракетната закана“.

Ноќта претходно, Израел изврши напади врз неколку нуклеарни објекти во Иран.

Премиерот Нетанјаху им порача на жителите на Техеран да го напуштат градот, повторувајќи ја тактиката користена во Газа, каде голем број цивили беа повикани на евакуација пред изведување на напади врз станбени области.

Денеска, и израелскиот претседател Исак Херцог се обрати до јавноста. Тој го посети местото на ракетниот напад во централниот израелски град Петах Тиква, каде во нападот загинаа четири лица.

Стоејќи пред оштетена зграда, Херцог изјави дека е време за промена на режимот во Иран.

„Мислам дека иранскиот народ е исцрпен и сака промени. И целиот регион заслужува промени“, порача претседателот Херцог.

Continue Reading

Свет

Британците открија колку војници на Северна Кореја загинале во војната во Украина – загубите продолжуваат да растат

Published

on

Најмалку 6.000 севернокорејски војници загинале во војната во Украина, борејќи се на страната на Русија, соопшти британското Министерство за одбрана.

Според нивните информации објавени на социјалната мрежа X, бројот на загинати претставува повеќе од половина од околу 11.000 севернокорејски војници кои биле испратени во Курската област.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг