Connect with us

Свет

Пентагон испраќа 700 маринци во Лос Анџелес

Published

on

Околу 700 маринци ќе бидат привремено распореди од американската војска во Лос Анџелес, додека не пристигне дополнително засилување од Националната гарда, соопшти неименуван функционер на американската администрација.

Во неделата, околу 300 припадници на Националната гарда на Калифорнија беа распоредени на улиците на Лос Анџелес, како одговор на трет ден од протестите против имиграциските политики на претседателот Доналд Трамп. Демократскиот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, овој потег го оцени како нелегален.

Функционерот, кој зборуваше под услов на анонимност за американски медиуми, изјави дека во Лос Анџелес ќе биде испратен батаљон маринци, но засега нивното присуство нема да биде регулирано преку Законот за бунт, кој не се очекува да биде активиран.

Се очекува Националната гарда да достигне бројност од околу 2.000 војници до среда, додека маринците ќе обезбедуваат логистичка и техничка поддршка до тогаш. Сѐ уште не е прецизирано кои ќе бидат нивните конкретни задачи, објавија американските медиуми.

Функционерот додаде дека ситуацијата е динамична. Иако американската војска не смее да врши полициски овластувања на домашна територија без активирање на Законот за бунт, Пентагон често е вклучен во национални кризни ситуации – од гранични мисии до поддршка при природни катастрофи и здравствени вонредни состојби. За време на пандемијата од Ковид-19, војската постави и импровизирани болници низ земјата.

Свет

Иран одбива преговори под оган: „Нема примирје додека трае израелската агресија“

Published

on

Иран јасно стави до знаење дека нема да започне никакви преговори за прекин на огнот сè додека се наоѓа под израелски напади, јавуваат извори блиски на дипломатските канали што посредуваат меѓу двете страни.

Според еден официјален претставник запознаен со комуникацијата, Техеран преку Катар и Оман — кои делуваат како посредници — испратил порака дека ќе биде подготвен за сериозни разговори дури откако ќе одговори на израелските воени дејствија.

„Иранските власти им порачаа на посредниците дека нема да седнат на преговарачка маса додека траат нападите. Нивниот став е јасен: не може да се зборува за мир додека Израел ја бомбардира иранската територија“, изјави неименуваниот извор, додавајќи дека информациите за наводно американско вклучување во нови преговори преку Оман и Катар се неточни.

Да потсетиме, Израел во петокот рано наутро изврши сеопфатен напад врз ирански цели, при што, според дипломатски извори, бил ликвидиран врвот на иранскиот воен естаблишмент, а оштетени биле и клучни објекти поврзани со нуклеарната програма на земјата. Веднаш по нападот, официјален Техеран се закани со „отворање на портите на пеколот“ како одговор на израелската ескалација.

Иако Оман и Катар со години играат улога на неутрални посредници во тензиите меѓу Иран, Израел и САД, обидите за повторно воспоставување дипломатски дијалог засега не наидуваат на плодна почва. Атмосферата на теренот не остава многу простор за разговори – барем не додека трае отворената воена конфронтација.

Оман претходно беше домаќин на неформални разговори околу иранскиот нуклеарен договор со САД, но последната рунда беше прекината веднаш по израелскиот напад. Катар, кој има искуство во посредување за хуманитарни разменувања, и понатаму останува со ограничено влијание додека трае кризата.

Останува неизвесно дали наредните денови ќе отворат простор за деескалација или ќе доведат до подлабока криза во односите меѓу Техеран и Тел Авив. Засега, иранската порака е недвосмислена: преговорите ќе започнат дури по одмаздничкиот одговор.

Continue Reading

Свет

Иран бара осуда за Израел: „Европа мора да ја запре агресијата“

Published

on

Иранските власти денеска ги повикаа европските земји да преземат чекори за запирање на израелските воени дејствија, во четвртиот ден од ескалацијата меѓу двете непријателски држави.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека Германија, Франција и Велика Британија требало јасно да ги осудат, како што рече, „злосторствата на ционистичкиот режим“.

„Очекуваме од европските држави не само да изразат загриженост, туку активно да работат на ставање крај на израелската агресија и да ги осудат нападите врз иранските нуклеарни постројки“, нагласи Багаи.

Тој апелираше и до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да реагира со јасна осуда на, како што рече, нападите на Израел врз цивилни ирански нуклеарни капацитети.

„Станува збор за мирнодопски нуклеарни објекти кои се под постојан надзор на МААЕ. Очекуваме агенцијата да заземе цврст став и да го осуди овој чин на денешната итна седница на Одборот на гувернери во Виена“, додаде тој.

Continue Reading

Свет

Аналитичар за CNN: Иранските ракети пробиваат се повеќе слоеви на израелската противвоздушна одбрана

Published

on

Иранските ракетни напади врз Израел, кои не стивнуваат со денови, укажуваат на тоа дека и покрај тешките загуби во раководниот кадар, Техеран успева брзо да се прегрупира и продолжи со офанзивата. Тоа го оцени Трита Парси, политички аналитичар и потпретседател на американскиот Quincy Institute for Responsible Statecraft, во изјава за CNN.

„Израелците очигледно ја потценија способноста на Иран за брза реорганизација, откако со првичниот напад успеаја да елиминираат дел од врвниот воен кадар на иранската армија“, вели Парси.

Тој додава дека Тел Авив верувал оти го „парализирал иранскиот команден ланец“, но случувањата на терен говорат поинаку. „Она што го гледаме сега е дека иранските ракети успешно ги пробиваат сите слоеви на израелскиот повеќеслоен противвоздушен систем“, истакнува аналитичарот.

Според него, развојот на настаните демонстрира сериозна оперативна подготвеност и технолошки капацитети на иранската страна, кои биле потценети од страна на израелските разузнавачки служби.

Во меѓувреме, борбите продолжуваат со несмален интензитет. Во најновиот напад извршен во раните утрински часови врз централниот дел на Израел, загинаа четири лица. Во болничките установи се примени вкупно 87 повредени, од кои едно лице – жена на возраст од 30 години – е со тешки повреди на лицето, петмина се со умерени повреди, а останатите 81 лице се здобиле со полесни повреди.

Quincy Institute, од каде доаѓа Парси, е независен тинк-тенк во САД кој застапува умерена и одговорна надворешна политика, со акцент на дипломатско решавање на конфликти и избегнување на долготрајни воени ангажмани. Нивната идеолошка основа е дека мирот треба да биде правило, а војната – редок исклучок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг