Connect with us

Република

Претрес во Тетово, пронајдени дрога и оружје, приведени три лица

Published

on

На 09.06.2025 во 17.10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Р.(36), А.Р.(37) и М.Р.(61), сите од Тетово. при претрес во нивнито дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм, рамка со 15 куршуми калибар 9 мм, две празни рамки, 100 куршуми калибар 9 мм, неколку пакувања со бела прашкаста материја, таблети, мобилен елефон и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител, а по негово целосно документиртање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Република

Падна уште еден корумпиран полицаец – дојавувал за планирани акциски контроли во казина и угостителски објекти

Published

on

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.С., полициски службеник во ПС ОН Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот како службено лице – полициски службеник во 2023 и 2024 година прибавувал податоци што претставуваат службена тајна на начин што имал увид во билтенот за дневни настани на МВР и анекс планови за планирани акциски контроли и активности по казина и угостителски објекти планирани и преземени од полициски службеници од СВР Тетово, УЈП, ДПИ и ДИТ. Прибавените податоци ги сторил достапни на физичко лице вработено во казино.

Continue Reading

Република

Лишени двајца возачи во Куманово затоа што управувале возило под дејство на алкохол

Published

on

На 15.06.2025 во 18.20 и 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ги лишиле од слобода В.Ц.(30) од Куманово и Е.С.(32) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген венто“, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.69 промили алкохол во крвта.

Додека, при контрола на патниот сообраќај и возилото „бмв“, кое го управувал Е.С., било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.84 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Continue Reading

Република

Полицијата уапси три лица од Тетово и тетовско, управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената.

Published

on

На 15.06.2025 во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода три лица од Тетово и тетовско затоа што управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената.

во 17.40 часот на патот Тетово-Гостивар, од слобода бил лишен Ш.Ф.(45) од Тетово При сообраќајната контрола и преземените мерки и активности, полициски службеници констатирале дека управувал патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 180 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Во 17.50 часот на патот Тетово-Гостивар, од слобода бил лишен И.С.(36) од с.Порој, тетовско, затоа што сообраќајната контрола и преземените мерки било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Додека, во 10.19 часот полициски службеници го лишиле од слобода Ф.И.(34) од с.Боговиње, тетовско. При сообраќајна контрола надвор од населено место во Тетово, било констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг