Tuesday, January 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Струмичкиот бизнисмен Крмзов доби 30 дена притвор

by Уредник
10.06.2025
in Uncategorized
Струмичкиот бизнисмен Крмзов доби 30 дена притвор

Кривичниот суд му одреди 30-дневен притвор на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Тој е осомничен за серија тешки финансиски прекршоци, меѓу кои даночна измама, перење пари и царински злоупотреби.

Истражната постапка ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а предистражните дејствија започнале уште во септември минатата година. Крмзов, пак, се брани со тврдење дека станува збор за политички мотивиран прогон.

Обвинителството го поврзува со 15 правни субјекти, чии сметки се блокирани поради неплатени даночни обврски. Управата за јавни приходи потврди дека против него и фирмите се поднесени повеќе кривични и прекршочни пријави.

Крмзов ја обвини Царинската управа за намерно задржување на неговите транспортни возила, но оттаму ги отфрлија обвинувањата, посочувајќи дека само годинава против него се поднесени 17 пријави.

Обвинителството најави брифинг за новинарите на кој ќе бидат обелоденети повеќе детали од случајот, кој се оценува како еден од најголемите финансиски скандали во последните години.

Next Post
Албанија ќе реновира 745.000 згради за подобрување на енергетската ефикасност

Албанија ќе реновира 745.000 згради за подобрување на енергетската ефикасност

ПАРИ: ЖИВОТОТ ПОСКАПЕЛ ЗА 3,3% – храната и угостителството најмногу ги зголемиле цените

ПАРИ: ЖИВОТОТ ПОСКАПЕЛ ЗА 3,3% – храната и угостителството најмногу ги зголемиле цените

Препорачани Вести

Двојно убиство во Грција: Напаѓач со маска пукаше во кампот

4 months ago

Македонскиот ароматичен тутун се бара на светските пазари, има недостаток

9 months ago

Популарни Вести

  • Грција во црвен аларм: училишта во Атина утре затворени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МБИ10 со пад од 0,23%, без активности на обврзничкиот пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешко повреден пешак во сообраќајка на бул. „Илинденска“ во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема акција во Грција: Откриена криминална група која крадела гориво со нелегален софтвер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР го фати возачот кој леташе со 293 км/ч на автопат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.