Connect with us

Економија

Тивок раст на берзата – банките со позитивен тренд

Published

on


Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Динамика на тргување и пазарни движења

Македонската берза го заврши денешниот ден со вкупен промет од 28.533.853 денари. Индексот МБИ10 забележа пораст од 0,19%, достигнувајќи 10.606,01 поени, додека ОМБ остана непроменет на 126,71 поени. Трговската активност беше сконцентрирана околу најликвидните хартии од вредност – акциите на трите водечки компании на пазарот.

 

Најтргувани акции (по промет)

1. Стопанска банка АД Скопје (STB) – 3.966 акции, промет: 11.949.750 денари

2. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 173 акции, промет: 4.896.410 денари

3. Алкалоид АД Скопје (ALK) – 132 акции, промет: 3.405.800 денари


Најголеми добитници 

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – +0,25%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) – +0,20%

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – +0,13%


Најголеми губитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – -0,12%

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) – -0,19%

● Универзална Инвестициска Банка АД Скопје (UIB)– -2,67%

 

Обврзнички пазар

Иако беа котирани државни и структурни обврзници, денес не беа реализирани трансакции на овој пазар. Индексот ОМБ остана стабилен на ниво од 126,71 поени.

Берзанскиот ден на 10 јуни 2025 година го одбележа зголемен интерес за банкарски акции, при што Стопанска банка генерираше речиси половина од вкупниот промет. Индексот МБИ10 продолжува со умерен раст, поттикнат од стабилноста на водечките компании. Пазарот го задржува позитивниот сентимент, со оглед на конзистентниот интерес од инвеститорите во традиционално ликвидни хартии од вредност.

Економија

Горивата поскапуваат: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Published

on

Ново поскапување на горивата: Бензините и дизелот со повисоки цени од 17 јуни

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,63 отсто во однос на последната одлука од 9 јуни 2025 година.

Како што соопштуваат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светските берзи во изминатиот период бележат пораст: кај бензините за 4,09%, кај дизелот за 5,63%, кај екстра лесното масло за 5,13%, а кај мазутот за 5,69%. Дополнително, курсот на денарот во однос на американскиот долар е понизок за 0,62%, што исто така влијае врз новите пресметки на цените.

Нови цени од 17 јуни, 00:01 часот:

ЕУРОСУПЕР БС-95: 76,00 денари/литар (зголемување од 1,50 ден.)

ЕУРОСУПЕР БС-98: 78,00 денари/литар (зголемување од 1,50 ден.)

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 67,50 денари/литар (зголемување од 1,50 ден.)

Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 67,50 денари/литар (намалување од 1,00 ден.)

Мазут М-1 НС: 39,779 денари/килограм (зголемување од 1,293 ден.)

Од Комисијата потенцираат дека објавените се максимални малопродажни цени, а трговците можат да ги формираат и пониски износите, доколку имаат можност и интерес за тоа.

„Цените се утврдени врз основа на методологијата за пресметка и движењата на референтните цени и валутниот курс. Како и досега, трговците имаат слобода да понудат пониски цени за крајните потрошувачи“, велат од РКЕ.

Continue Reading

Економија

Две фирми поврзани со Заеви први одбиени да произведуваат електрична енергија

Published

on

Регулаторната комисија ги одби енергетските проекти поврзани со семејството Заеви

Две струмички компании блиски до семејството Заеви – „Соар Енерџи Груп“ и „Ековат – Груп“ – не добија одобрение за започнување со производство на електрична енергија, и покрај тоа што ги поминале сите претходни институционални филтри, покажуваат податоци од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Барањата на компаниите за доделување привремена лиценца беа одбиени на крајот од мај, иако биле поднесени уште минатата година со комплетна документација, а во меѓувреме биле земени високи кредити и набавена опрема.

„Соар Енерџи Груп“ – сопственост на „Тотал Инженеринг“ на Вице Заев и „Бобан Заев Холдинг“ – планирала производство на електрична енергија од три фотоцентрали во Валандово, со вкупна инсталирана моќност од околу 24 мегавати. Финансиската изложеност на компанијата во моментов изнесува 6,5 милиони евра, а ланските обврски достигнале 8,5 милиони евра.

„Ековат – Груп“ инвестирала во три фотоцентрали во селото Сушица, општина Ново Село, со вкупна моќност од 10 мегавати. Според финансиските податоци, лани направила расходи од половина милион евра, а обврските изнесувале околу 14 милиони евра. Сопствеништвото е поврзано со Симеон и Горан Крстеви – познати бизнис-соработници на семејството Заеви, а во структурата индиректно учествуваат и бугарските фирми „Грал“ и „Зунче“.

Од РКЕ за медиумите изјавија дека барањата на двете компании биле одбиени затоа што технички не било возможно приклучување на нивните капацитети на електродистрибутивната мрежа, поради потребата од претходна надградба на трафостаниците во регионот.

„РКЕ ги одби барањата за привремени лиценци бидејќи не е реализиран условот за приклучување на електродистрибутивната мрежа. Според решението за согласност, мора прво да се изврши надградба на соодветните трафостаници“, соопштија од Регулаторната комисија.

Од таму нагласуваат дека нивната одлука е конечна, но на компаниите им останува можноста да покренат управен спор пред суд. Дополнително, посочија дека поднесените барања за привремена лиценца се веќе несоодветни според новиот Закон за енергетика, кој не предвидува ваков тип лиценци.

„Ако се подобрат техничките услови и се заврши надградбата на мрежата, друштвата може да поднесат нови барања за пробна или трајна лиценца“, додаваат од РКЕ.

Познавачите на состојбите во енергетскиот сектор коментираат дека доделувањето на привремена лиценца е вообичаена постапка пред да се одобри трајна лиценца, која најчесто следи по шест месеци. Засега, од ЕВН Електродистрибуција нема одговор за конкретните услови за приклучување на двата проекта.

Continue Reading

Економија

Батериите стануваат стандард – складирањето струја е законска обврска

Published

on

Новите производители на струја од обновливи извори на енергија ќе имаат обврска за складирање струја, а иста таква обврска има и државната енергетска компанија ЕСМ.

Складирањето струја се гледа како решение за надминување на сегашните проблеми кои се појавуваат во текот на денот кај производителите на струја од соларните електрани. Вишокот струја веќе предизвика проблеми во претходниот период, а надлежните институции донесоа и одлука за исклучување на соларните електрани, по потреба, во период од мај до октомври.

Прочитај повеќе на Блумберг Адриа

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг