Connect with us

Свет

Трагедија во Грац: Десетмина загинати, многу повредени – објавени првите снимки [ВИДЕО]

Published

on

Денес, во едно училиште во австрискиот град Грац се случи масовно пукање, кое според австриските медиуми заврши со трагичен биланс од најмалку десет загинати – главно ученици и наставници.

Напаѓачот, кој според досегашните информации дејствувал сам, е пронајден мртов во еден од тоалетите во училиштето. Засега не е јасно колкав е точниот број на повредени, но се знае дека многумина се во критична состојба и се хоспитализирани.

На терен се распоредени голем број медицински екипи, како и воздушната итна помош на Австрија (ÖAMTC). Во спасувачката операција биле ангажирани три хеликоптери – Christophorus 12, 16 и 17 – кои ги транспортирале повредените во најблиските болници.

Полицијата излезе со ново официјално соопштение, во кое потврди дека е користено повеќе од едно огнено оружје и дека се претпоставува оти станува збор за еден извршител.

Во јавноста се појавија и вознемирувачки видеа од настанот. Германскиот пратеник од партијата Алтернатива за Германија (AfD), Јерг Бауман, објави снимки од пукањето на својот профил на социјалната мрежа X.

Свет

Голем број Израелци веруваа дека нивниот противвоздушен систем е непробоен: „Отпорен е, но…“

Published

on

Спасувачките екипи утрово ги расчистуваа урнатините од 20-катна станбена зграда во израелскиот град Петах Тиква, откако ноќеска беше погодена од ирански проектил што остави огромна дупка во структурата и предизвика загинување на најмалку четири лица, јави BBC.

Според првичните информации, две од жртвите се наоѓале во засолниште во моментот на ударот, но ѕидот меѓу двете простории не издржал директен погодок. Третата жртва се наоѓала на катот веднаш над засолништето. Подоцна, бројот на загинати од ракетниот напад во понеделникот се зголеми на 11 – меѓу нив има и загинати во градовите Бнеи Брак и Хаифа.

Комплексот од неколку згради претрпел сериозни оштетувања, а околу 300 станови се сега празни. Семејствата кои живееле во нив се раселени, а дел од жителите се обидуваа да се вратат само за да земат лични работи, без да знаат кога повторно ќе можат да се вратат дома.

Нападот се случил нешто по 4 часот изутрина и засега не е познато која била точната цел. Станува збор за исклучиво станбена област, без присуство на воени или стратешки објекти во близина. Израелските власти го обвинија Иран дека намерно цели кон цивилни објекти, како одговор на масовните израелски напади врз иранска територија.

По четири дена интензивна воена ескалација меѓу двете држави, Иран лансираше десетици проектили врз израелски градови, а вкупниот број на загинати израелски граѓани достигна 24 лица.

Во меѓувреме, Израел на 13 јуни изврши напад од невидени размери врз Иран, таргетирајќи стотици воени и нуклеарни цели, во обид да го спречи Техеран во развој на нуклеарно оружје. Според ирански извештаи, во израелските напади загинале најмалку 224 лица, а над 1000 се повредени.

И покрај изградената доверба во повеќеслојниот израелски противвоздушен систем, јавноста е сè повознемирена – системот останува функционален, но не и совршен, велат властите.

Continue Reading

Свет

Израел објави воздушна доминација над Техеран и масовно уништување на ирански ракетни цели

Published

on

Израелската армија објави дека воспоставила целосна контрола над воздушниот простор над Техеран, уништувајќи една третина од иранските лансирни рампи за ракети земја-земја во серија ноќни воздушни напади, кои според армискиот портпарол претставуваат „голем успех“ во тековната воена кампања што влегува во четвртиот ден.

Портпаролот Ефи Дефрин соопшти дека во нападите учествувале над 50 израелски борбени авиони и прецизни проектили, кои погодиле повеќе од 120 ирански лансирни позиции, магацини за ракети и производствени објекти.

Истовремено, Иран ноќта врз Израел испалил 65 ракети и десетици дронови, што, според израелските извори, претставува само половина од планираниот напад. „Спречивме значителен дел од она што Иран го имаше зацртано,“ рече Дефрин. „Сега можеме да потврдиме дека имаме целосна воздушна надмоќ над Техеран.“

Израелските сили, според него, продолжуваат со прецизни напади врз ирански единици кои се обидуваат да лансираат ракети или да го загрозат израелското воено воздухопловство. Во тек се и напади врз воени објекти, нуклеарни локации, урбани цели, како и клучната иранска нафтена и гасна инфраструктура.

Според воени извори, во нападите загинале неколку високи ирански офицери и нуклеарни научници. Дефрин нагласи дека крајна цел на операцијата е спречување на Иран во развојот на нуклеарно оружје и ракети со долг дострел. Израел најави дека нападите ќе се прошируваат и подлабоко на исток кон територијата на Иран.

„Не очекуваат тешки денови, но ќе ги надминеме заедно и ќе излеземе како победници,“ заклучи Дефрин.

Continue Reading

Свет

Израел има две цели во Иран – Нетанјаху ги откри плановите на Израел

Published

on

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обрати од воздухопловната база Тел Ноф за време на посета со министерот за одбрана и началникот на Генералштабот.

За време на посетата на југот од земјата, јужно од Тел Авив, Нетанјаху истакна дека Израел има две главни цели во однос на Иран: „Елиминирање на нуклеарната и ракетната закана“.

Ноќта претходно, Израел изврши напади врз неколку нуклеарни објекти во Иран.

Премиерот Нетанјаху им порача на жителите на Техеран да го напуштат градот, повторувајќи ја тактиката користена во Газа, каде голем број цивили беа повикани на евакуација пред изведување на напади врз станбени области.

Денеска, и израелскиот претседател Исак Херцог се обрати до јавноста. Тој го посети местото на ракетниот напад во централниот израелски град Петах Тиква, каде во нападот загинаа четири лица.

Стоејќи пред оштетена зграда, Херцог изјави дека е време за промена на режимот во Иран.

„Мислам дека иранскиот народ е исцрпен и сака промени. И целиот регион заслужува промени“, порача претседателот Херцог.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг