Connect with us

Економија

Божиновска: Ветерот ќе ја движи Македонија – стартува изградбата на „Богданци 2“

Published

on

На Меѓународниот ден на ветерот, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја најави новата фаза од развојот на ветерната енергија во земјава – почеток на изградбата на ветерниот парк „Богданци 2“.

„Македонија е дел од глобалната транзиција кон чиста енергија. Во Богданци ветерот веќе произведува струја за илјадници домаќинства, а сега продолжуваме со изградба на ‘Богданци 2’“, истакна Божиновска.

Новата инвестиција вклучува четири современи турбини кои ќе бидат инсталирани во соработка со „Siemens Gamesa“, со финансиска поддршка од KfW Развојната банка и Европската Унија.

Министерката потенцира дека проектот не значи само зголемување на домашното производство на струја, туку и намалување на увозот, намалување на загадувањето и поголема енергетска сигурност.

„Ветерот може да ја движи Македонија напред – со одржлива енергија, без загадување, без отпад и без исцрпување на природните ресурси“, порача Божиновска.

Економија

Биткоин го собори рекордот – Цена надмина 123 илјади долари!

Published

on

Континуираниот интерес од институционалните инвеститори е главниот двигател за растот на цената на Биткоин, особено преку spot ETF фондовите. Според SoSoValue, spot Bitcoin ETFs моментално управуваат со 6,43% од постоечките биткоини, со вредност над 150 милијарди долари. Само во периодот од 7 до 11 јули, во овие фондови се влеале 2,72 милијарди долари. Важно е да се напомене дека овој позитивен тренд на прилив на капитал трае веќе пет последователни недели.

Макроекономските фактори исто така имаат значително влијание.

Апетитот за ризик се зголемува на глобалните пазари, при што Nasdaq и S&P 500 достигнаа нови рекордни нивоа. Инвеститорите активно насочуваат средства кон акции поврзани со вештачка интелигенција, технологија и дигитална економија. Binance Research укажува на значајно пренасочување на капиталот од традиционални сигурни средства кон инвестиции со поголем ризик, вклучително и криптовалути. Зголемениот интерес за Биткоин е логичен продолжеток на оваа поширока пазарна динамика.

Дополнително, усвојувањето на криптовалутите од страна на бизнисите забележително се забрзува. Според Binance Research, се повеќе компании вклучуваат Биткоин во своите корпоративни резерви, проширувајќи го концептот на управување со крипто-резерви. Овој тренд е видлив во различни јурисдикции. Според Ark Invest, интересот на компаниите да задржуваат дигитални средства на своите билансни состојби е двојно повисок од почетокот на годината. Strategy (поранешна MicroStrategy), најголемиот јавен сопственик на Биткоин, неодамна купи уште 4.225 BTC. До 13 јули 2025, на билансот на компанијата се наоѓаат 601.550 BTC, што претставува околу 3 проценти од вкупната понуда, зацврстувајќи го биткоинот како долгорочен стратешки инструмент. Дополнително, според Deloitte 2025 Global Blockchain Survey, над 73% од извршните директори во големи компании сметаат дека дигиталните средства ќе играат значајна улога во нивните бизнис стратегии во следните 3 до 5 години.

И покрај позитивните трендови случувања, пазарната атмосфера останува претпазлива. „Индексот на страв и алчност“ (The Fear and Greed Index) е 67, што сугерира дека побарувачката не е преоптоварена. Ова укажува на тоа дека растот на Биткоин моментално е структурален, а не шпекулативен. Според TradingView, вкупната пазарна капитализација на крипто пазарот достигна 3,67 трилиони долари, додека доминацијата на Биткоин опадна на 63,8%, што покажува обновен интерес за алткоини.

Заклучок

Последниот ценовен раст на Биткоин не личи дека е резултат на краткорочна шпекулација, туку како зрела, повеќеслојна побарувачка на пресекот меѓу макроекономските трендови, институционалното прифаќање и сѐ поголемата интеграција на криптовалутите во корпоративните финансиски стратегии.

Continue Reading

Економија

„Казанџи Груп“ заинтересирана за гасни централи во Скопје, Тетово и Куманово – Владата во преговори со нови инвеститори

Published

on

Турската компанија „Казанџи Груп“ разгледува неколку потенцијални локации во Скопје, Тетово и Куманово за изградба на гасни централи, информираше премиерот Христијан Мицкоски. Според него, процесот на преговори со инвеститорот продолжува откако веќе е потпишан Меморандум за соработка.

„Во игра се неколку локации – во Скопје се разгледуваат повеќе можности, исто така и Куманово и Тетово се сериозни опции. Паралелно, разгледуваме и други градови, како Гостивар и други поголеми урбани средини“, изјави Мицкоски, додавајќи дека со затворањето на прашањето за затоплување во Битола, преку проектот за топлификација од РЕК Битола, фокусот се префрла на нови центри.

Премиерот најави дека Владата е во напредна фаза на разговори и со други странски инвеститори, со цел проширување на проектите за гасификација и енергетска диверзификација во земјата.

„Покрај „Казанџи“, веќе сме во преговори со уште неколку потенцијални инвеститори за овој тип на енергетски капацитети. Во следниот период ќе се разгледуваат и локации во Прилеп, Велес, Штип, Струмица, Кавадарци и други градови“, посочи Мицкоски.

Гасните централи се дел од поширокиот план за обезбедување поефикасно, еколошки почисто и поодржливо затоплување на градовите во земјава.

Continue Reading

Економија

Божиновска: Со Светска банка кон побрза енергетска транзиција и пониски сметки за граѓаните

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со претставници на Светска банка, на која се разгледуваа нови можности за унапредување на енергетскиот сектор во земјава.

Фокусот на разговорите бил ставен на забрзувањето на енергетската транзиција, изградба на модерна инфраструктура и реализација на долгорочни проекти со јасно дефинирани и мерливи резултати. Еден од клучните елементи на дискусијата бил новиот механизам наречен „Програма за резултати“, преку кој, како што потенцираше Божиновска, ќе може да се реализираат суштински реформи и проекти што директно ќе влијаат на квалитетот на живот на граѓаните.

Дополнително, беше отворена и темата за нов проект за енергетска ефикасност во домаќинствата, кој треба да овозможи значително намалување на трошоците за енергија и подобрување на условите за живеење.

„Од наша страна предложивме конкретни идеи за идна соработка – поддршката што ја добивме од Светска банка е целосна и безрезервна“, изјави Божиновска, нагласувајќи дека ова партнерство е клучно за успешна зелена транзиција.

Министерката најави дека соработката со Светска банка ќе продолжи со исто темпо и дека институциите ќе работат чекор по чекор кон почиста, поефикасна и посигурна енергетска иднина за Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг