Connect with us

Црна Хроника

Хаос во Прилеп во 3 часот по полноќ – гости со шишиња нападнале полицајци во кафуле!

Published

on

На 14.06.2025 година во 03.00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, при превземање службени дејствија во угостителски објект лоциран во населба „Точила” во Прилеп биле физички нападнати од А.С. и уште едно лице со стаклени предмети. 

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат од МВР.

Црна Хроника

Македонка и нејзиното бебе убиени во Швајцарија – сопругот осомничен за двојно убиство

Published

on

Трагедија го потресе швајцарскиот град Живисие, каде минатата сабота беа убиени 30-годишна Македонка и нејзиното шестнеделно бебе. За убиството е осомничен нејзиниот сопруг, 43-годишен маж со потекло од Охрид, кој во Швајцарија престојувал со бугарски пасош, пренесуваат швајцарските и македонските медиуми.

Како што објави порталот „20min.ch“, околу 16:45 часот полицијата во Фрајбур добила пријава за пронајдени тела на жена и бебе во семеен стан. Двете жртви биле прогласени за мртви на лице место. Сопругот, кој исто така бил во станот, се обидел да си го одземе животот и бил пренесен во болница со полесни повреди, под полициска придружба.

Јавното обвинителство на кантонот Фрајбур отвори истрага за двојно убиство со умисла. Осомничениот А.Т. го признал убиството на сопругата. Телата на жената М.Т. (родена 1995) и бебето Д.Т. (родено 2025) биле пронајдени во нивниот стан.

Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека амбасадата во Берн била известена од швајцарските власти на 5 јули. Иако осомничениот е пријавен како бугарски државјанин, МНР потврдува дека има македонско потекло.

Амбасадата останува во контакт со швајцарските институции и семејството на жртвите, и ќе обезбедува поддршка согласно своите надлежности.

Настанот повторно ја актуелизира потребата од системска заштита од семејно насилство, без разлика на националноста или државниот статус на жртвите.

Continue Reading

Црна Хроника

Тројца загинати, меѓу нив и македонски државјанин, во тешка сообраќајна несреќа во Бугарија

Published

on

Тројца загинати, меѓу нив и македонски државјанин, во тешка сообраќајна несреќа во Разград

Тројца мажи загинаа ноќеска во тешка сообраќајна несреќа во Разград, североисточна Бугарија, кога автомобил управуван од 19-годишен возач удрил во маси поставени пред угостителски објект. Меѓу жртвите е и македонски државјанин со постојан престој во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми.

Несреќата се случила околу 1:36 часот по полноќ на улицата „Грнчарска“. Возачот, кој бил зад воланот само една година, изгубил контрола врз возилото, при што удрил директно во маса на летна тераса, каде што седеле тројцата загинати – на возраст од 64, 52 и 68 години.

Според првичната истрага, автомобилот најверојатно претекнувал друго возило, а при маневрот едното тркало влегло во локва, по што возачот ја изгубил контролата. Како што изјави окружниот јавен обвинител за Бугарското национално радио, жртвите „се нашле во сендвич помеѓу движечкиот и паркиран автомобил“.

Тинејџерот не покажал присуство на алкохол или дрога при првичните тестови, но се земени примероци за дополнителни анализи. Автомобилот бил во сопственост на неговиот татко.

Возачот е прво задржан во полициски притвор 24 часа, кој подоцна е продолжен на 72 часа. Истрагата за трагичниот инцидент е во тек.

Continue Reading

Црна Хроника

Нова трагедија ја потресе Македонија: 17 годишно момче почина во страшна сообраќајна несреќа

Published

on

На 04.07.2025 година во 15:26 часот, на пресекот на улиците „Борис Кидриќ“ и „Мирко Милески“, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е.(22) од кичевското село Стрелци и моторцикл „Хамачи“, управуван од 17 годишно момче од Кичево.

Моторциклистот, со тешки телесни повреди бил пренесен во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје но при транспортот им подлегнал на повредите а доктор од Итната медицинска помош, констатирал смрт. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, врз телото на моторциклистот, ќе биде извршена обдукција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг