Connect with us

Македонија

Муцунски: Преку Египет започнува евакуацијата на македонските државјани од Израел

Published

on

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека започната е евакуацијата на македонски државјани од Израел поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток. На денешната прес-конференција, Муцунски соопшти дека вкупно 28 лица побарале поддршка за евакуација, а првата група — четири возрасни и четири деца — веќе е во постапка на безбеден трансфер преку Египет.

Министерството веднаш формирало кризен штаб и преку амбасадата во Тел Авив е во постојан контакт со нашите државјани. „Очекуваме првата група да биде евакуирана до крајот на денот или најдоцна утре, по што ќе следува нивно враќање во земјата со авион на Владата“, изјави Муцунски.

Втората група, според најавите, ќе замине штом се воспостави редовен авионски сообраќај од Тел Авив. Подготовките за евакуацијата ги вклучуваат и потребните документи, логистика и безбеден конвој.

Муцунски потенцираше дека македонската амбасада работи со засилен капацитет и е целосно посветена на безбедноста на граѓаните. Министерството повторно упати апел до сите државјани да се воздржат од патувања во Израел и Иран, освен ако не е апсолутно неопходно.

На крајот од обраќањето, министерот упати повик до сите засегнати страни на Блискиот Исток да го почитуваат меѓународното право и да покажат воздржаност.

Македонија

Ангелов задоволен од специјалните возила – се тестираат во реални услови

Published

on

Две специјални противпожарни возила на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) беа ангажирани во гаснењето на пожарот во Скопско, кој траеше во текот на вчерашниот и денешниот ден. Станува збор за „Хермелин“ со цистерна од 6 тона и „Пинцгауер“ со капацитет од 1,5 тон вода.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, објасни дека употребата на БТР-80 не била можна поради специфичната конфигурација на теренот:

„Бидејќи се оперираше низ населени места со стрмни и тесни улици и остри кривини, сметав дека не е безбедно да се користи БТР-80. Наместо тоа, подготвивме две возила за можен транспорт до фабриката ‘Самоков’, кои со своите резервоари од 6 тона и моќни пумпи со дострел до 100 метри, можат значително да помогнат при одбрана на објектот“, изјави Ангелов.

Поради тоа што пожарот бил ставен под контрола пред да се приближи до фабриката, овие возила не биле испратени таму.

Ангелов потенцира дека сите возила имаат технички преглед, се регистрирани на име на ДЗС и се уредно тестирани. Тој истакна дека моменталното вклучување на специјалните возила е дел од поширок план за тестирање во реални услови:

„Како одговорен за овие возила, дадов наредба да се тестираат на терен – не само пумпите и капацитетот, туку и целата посада. Овие неколку дена ги третираме како тест фаза. Откако ќе се увериме дека се доволно ефикасни и безбедни, нивниот број ќе се зголемува согласно потребите“, додаде тој.

Во однос на досегашното искуство, Ангелов рече дека е задоволен од перформансите на специјалните возила.

Continue Reading

Македонија

СНЕГ ВО СЛОВЕНИЈА: Ладниот бран од северозапад се спушта кон Македонија!

Published

on

Ладниот бран од северозапад преку алпскиот регион се спушти до Балканот и денес (вторник 8 јули) донесе снег на Словенските планини, односно снег падна на Кредарица, висока планина во Словенија.

Ладниот воздух понатаму ќе се спушта кон југ и југоисток од Балканот и до утре (среда 9 јули) доцна попладне и навечер, а особено ноќта кон четврток (10 јули) ќе стигне во нашата Република Македонија, условувајќи засилен ветер од северен правец (над 60/70 км/час) и истиот ќе услови нагло температурите да се спуштат дури за близу 15 степени во споредба од оние кои ги имаме сега.

Само утре (среда 9 јули) накратко во западните и во северните предели локално ќе има повеќе облачност која ќе услови појава на краткотраен дожд.

Значително посвежо ќе ни биде во четврток (10 јули) кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен. Исто така од четврток (10 јули) па во деновите потоа утрата ќе бидат многу свежи и температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 10 степени. Локално тие ќе се спуштаат дури и до околу 5 степени, особено на планинските и повисоките места, како и во Беровско.

Конечно по многу топлиот бран од југ, односно од Африка ќе здивнеме од горештините и ќе можеме да уживаме во значително попријатното, односно посвежо време, особено во ноќните и во утринските часови, кога ќе ни биде и потребна дури и потопла облека.

Continue Reading

Македонија

На територијата на Македонија вкупно 23 пожари – активни 11

Published

on

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 19.00 часот регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои:

Активни: 11
Локализирани: 2
Изгаснати: 9
Под контрола: 1
Активни пожари има во:

Прилеп – с. Бешиште (мешана шума)
Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатина (дабова шума и грмушки)
Македонски Брод – с. Самоков (лесно запалив материјал)
Дебарца-Струга – с. Волино кон с. Ливада, Охрид (ниска вегетација и жито)
Чашка – под Солунска глава, меѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (чад во карпест терен)
Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација)
Чучер Сандево – Кучевишка бара (ниска вегетација)
Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација)
Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
Кавадарци – с. Крушевица (ниска вегетација)
Гостивар – автопат Гостивар-Тетово (ниска вегетација)
Локализирани се пожарите:

Делчево – градска депонија
Желино – с. Ларце (ниска вегетација и грмушки)
Под контрола е: Штип – с. Врсаково (жито)

Изгаснати пожари има во:

Чучер Сандево – црква Св. Недела (ниска вегетација)
Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија)
Гази Баба – парк-шума „Гази Баба“ (ниска вегетација)
Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација)
Пробиштип – с. Петршино (ниска вегетација и стрниште)
Бутел – с. Визбегово (ѓубре)
Велес – поранешна фабрика Порцеланка (ниска вегетација)
Росоман – с. Сирково (ниска вегетација)
Липково – с. Никуштак (ниска вегетација)

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг