Connect with us

Република

Полицијата уапси три лица од Тетово и тетовско, управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената.

Published

on

На 15.06.2025 во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода три лица од Тетово и тетовско затоа што управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената.

во 17.40 часот на патот Тетово-Гостивар, од слобода бил лишен Ш.Ф.(45) од Тетово При сообраќајната контрола и преземените мерки и активности, полициски службеници констатирале дека управувал патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 180 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Во 17.50 часот на патот Тетово-Гостивар, од слобода бил лишен И.С.(36) од с.Порој, тетовско, затоа што сообраќајната контрола и преземените мерки било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Додека, во 10.19 часот полициски службеници го лишиле од слобода Ф.И.(34) од с.Боговиње, тетовско. При сообраќајна контрола надвор од населено место во Тетово, било констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.

Република

Кривична пријава против директор на училиште во Липково за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Published

on

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г.(51) од с.Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на 2024, пријавениот, како директор на основно училиште во Липково, склучил договор за вработување, без претходно да обезбеди финансиски средства од Министерство за финансии и без објавување на јавен оглас, оштетувајќи го буџетот на државата во вкупен износ од 577.550 денари.

Continue Reading

Република

Трајановски: Мостот на Вардар кај Башино село е целосно ставен во функција, по санирањето на повеќедеценискиот проблем

Published

on

Решен и саниран повеќе деценискиот проблем со мостот на река Вардар кај Башино село и целосно ставен во функција. Во ова денеска се уверивме заедно со премиерот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Велес Марко Колев, како и пратениците од регионот, но и професорите од Градежниот факултет, сподели денеска директорот на ЈПДП, Коце Трајанковски преку социјалните мрежи.

Овој мост кој поврзува повеќе населени места Велес, Чашка, Извор и Богомила, има голема фреквенција на автомобили, на полесни товарни возила и комбиња, но и на шлепери, и подолг временски период имаше видливи оштетувања. Како што вели Трајановски, изграден е далечната 1971 година и оставен сам на себе.

„Сериозната состојба на мостот беше причина да побараме стручно мислење од Градежниот факултет, од каде на почетокот на годинава беше наложено да се затвори и итно да се санира. Еве не денес повторно на мостот на река Вардар кај Башино село, но овој пат да ја известиме јавноста дека ова е веќе безбеден мост, саниран мост и дека не треба повеќе да се грижат кога ќе поминуваат низ него. Едно големо благодарам на професорите на Градежниот факултет во Скопје кои помогнаа да биде монтирана најсовремена опрема под самиот мост, која врши мониторинг 24 часа, и секое движење по мостот се евидентира, на Изведувачот на работите „Синтек инженеринг“ ДООЕЛ Скопје кој работите ги започна на 21 март, кој работеше забрзано и кој ги исполни нашите очекувања и еве денес веќе имаме саниран и безбеден мост. Оваа завршена санација на мостот кај Башино Село треба да му го продолжи неговиот век на користење за 5 до 10 години, истакна Трајановски.

Инаку, при градежните работи се третираше долниот дел од мостот, се постави нов вид материјал на столбовите за да се зацврстат, и со најсовремено решение се третираше мостот од внатре. Се работеше на нивна заштита, се направи армирање на носачите на мостот коишто беа оштетени и се изврши нивно наново бетонирање, како и зајакнување од нивната долна страна. Се правеа активности за челичење елементи со што се зацврстија столбовите, и се поставија челични врски на столбовите, со што беше Реконструкцијата на мостот беше финансирана од ЈПДП, а проектот беше во вкупна вредност од 29.045.170,18 денари или околу 472.000 евра со ДДВ.

Continue Reading

Република

Лишен од слобода велешанец, со мотоцикл удрил пешак во Велес и побегнал

Published

on

На 07.07.2025 во 19.40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.Н.(21) од село Раштани, велешко. Тој на 26.06.2025 на улица „8 Септември“ во Велес, управувајќи мотоцикл, удрил во пешакот П.З.(79) од Велес и побегнал од местото на настанот.

Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес.

По преземени мерки, В.Н. е пронајден и приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг