Connect with us

Скопје

Таксист во Скопје на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Published

on

Завчера во 20:40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х.(43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до Средно Водно, бил измамен од возачот, кој за услугата му наплатил 7.800 денари, а откако пријавителот сфатил дека бил измамен, таксистот се однесувал агресивно кон него и со возилото го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје

Пожар во Злокуќани: Повредени две лица, изгорени неколку куќи

Published

on

Две лица се повредени во голем пожар што синоќа зафати неколку куќи во скопската населба Злокуќани. Според информациите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, огнената стихија била изгасната во раните утрински часови, по повеќечасовна интервенција со десет противпожарни возила и значителен број пожарникари.

Пожарот зафатил кровните конструкции на куќите кои се наоѓале една до друга, а поради нивната блискост и градба, постоела сериозна опасност огнот да се прошири и на соседните објекти. Станува збор за таканаречени „лепенки“, типични за оваа населба, што дополнително ја отежнало интервенцијата.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а надлежните институции најавија увид и истрага за утврдување на околностите. Повредените лица се хоспитализирани и се наоѓаат надвор од животна опасност.

Continue Reading

Скопје

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во неколку делови од Скопје – проверете каде ќе нема струја

Published

on

Прекини во снабдувањето со електрична енергија на неколку локации денеска

Од компанијата ЕВН Македонија АД информираат дека денеска, 14 јули, ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации низ Скопје и околината, поради технички зафати во мрежата.

Прекини се најавени за следните подрачја:

Од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците во селата Патишка Река, Елово, Црн Врв, Малчиште, викенд населбата Држилово, Краст Јаболце, како и ХПП Патишка Река, во општина Студеничани.

Од 09:00 до 12:00 часот, прекин ќе има за дел од корисниците на улицата Метохиска, во општина Шуто Оризари.

Од 09:00 до 14:00 часот, без напојување ќе бидат дел од корисниците во село Бардовци и викенд населбата во тој регион, општина Карпош.

Од ЕВН апелираат граѓаните да имаат разбирање за привремените прекини и да ги преземат потребните мерки за заштита на електричните уреди.

Continue Reading

Скопје

Голем пожар во Злокуќани – зафатени повеќе куќи, тешко пристапен терен ја отежнува интервенцијата

Published

on

Голем пожар избувна вечерва во скопската населба Злокуќани, каде, според првичните информации, се зафатени неколку куќи. Огнените јазици брзо се прошириле поради тешко пристапниот терен и тесните улици, што значително ја отежнува работата на противпожарните екипи.

Пожарот бил пријавен вечерва во 20:02 часот преку системот Е-112, а локацијата е на ул. Скупи во општина Карпош. Веднаш по дојавата, од МВР преку Дежурно-оперативниот центар на ЦУК било побарано исклучување на електричната енергија во нисконапонската мрежа, со цел да се овозможи безбедна интервенција на екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје.

„Имаме неофицијални сознанија дека од пожарот се зафатени и дополнителни три куќи“, информираат од Центарот за управување со кризи.

На лице место се наоѓаат и екипи на Брза помош, но засега нема информации за повредени лица. Густ чад се шири низ населбата, а се гледа и од поширокиот дел на општина Карпош.

Противпожарните екипи и натаму се борат со огнената стихија. Очекувања се дека гаснењето ќе трае со часови, поради специфичноста на теренот и ширењето на пожарот.

ИЗВОР: СКОПЈЕ1

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг