Connect with us

Република

АМБАСАДОРКАТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ЛИТВАНИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Published

on

Денес градоначалникот на општина Битола во својот кабинет оствари средба со Амбасадорката на Канцеларијата на Литванија во Скопје Вилма Дамбраускиене, на која беа потврдени добрите билатерални односи помеѓу двете земји и можност за напредок во областа на културата, туризмот и економијата.

Градоначалникот Коњановски ги образложи и презентираше можностите во овие области и нагласи дека има голем простор за соработка помеѓу двете земји, а Битола како град на културата нуди можности за развој и размена.

Амбасадорката Дамбраускиене ја потенцираше нејзината воодушевеност од Битола и нагласи дека нејзината одлука беше овогодинешнота церемонија за одбележување на Јубилејот 30 години воспоставени билатерални односи помеѓу Македонија и Литванија, да биде во Офицерски дом во соработка со „Куќата на Европа“ , каде што на 19 Јули ќе биде одбележан со концерт на Дуо Зубовис, познати литвански пијанисти со дела на Чурљонис.

Република

Ребалансот изгласан: Коњановски најавува ново училиште, сали, игралишта и паркинзи во Битола

Published

on

Советот на Општина Битола го изгласа ребалансот на буџетот, со што се отвора пат за серија капитални инвестиции во образованието, спортот, урбаниот развој и квалитетот на живот на граѓаните.

Градоначалникот Тони Коњановски упати јавна благодарност до советниците кои го поддржаа ребалансот и најави дека следуваат конкретни проекти со вкупна вредност од неколку стотици милиони денари.

Во образованието и спортот, ќе се изградат три нови спортски сали во основните училишта „Стив Наумов“, „Тодор Ангелевски“ и подрачното училиште во Долно Оризари, со вредност од 144 милиони денари.

Дополнително, ќе се реконструираат или изградат девет училишни игралишта во различни училишта низ градот, за што се издвоени 112 милиони денари, како и две јавни игралишта во населбите Стрелиште и Брусничка, со вредност од 28 милиони денари.

Во делот на урбаниот развој, се предвидува изградба на шест нови паркинзи на повеќе локации, што ќе овозможи над 150 нови паркинг места, со инвестиција од 30 милиони денари.

Буџетот предвидува и пренамена на постоечки објект во Буковски ливади во основно училиште (30 милиони денари), како и изградба на нова атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“ во вредност од 77 милиони денари.

„Инвестициите не смеат и нема да застанат. Битола оди напред“, порача Коњановски.

Continue Reading

Република

Половина Тетовско утре без струја – еве кои села ќе останат во мрак!

Published

on

evn

Жителите на неколку тетовски села утре ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија, покажуваат најавите од надлежните служби. Станува збор за планирани и непланирани прекини што ќе ги погодат и урбани и рурални делови од регионот.

Непланиран прекин ќе има во:

Тетово – селата Лешок, Варвара, Слатино, Непроштено и дел од Цепиште.

Датум на прекин: 15 јули 2025 година

Времетраење: непознато, бидејќи е непланиран

Планирани прекини ќе има во:

Село Ларце – дел од селото, објекти во близина на училиштето. Село Рогле – дел од селото, објекти во близина на џамијата.

Датум: 15 јули 2025 година (вторник)

Време: од 09:00 до 14:30 часот

Граѓаните се повикуваат да ги планираат своите дневни активности со оглед на прекините, особено оние кои зависат од електрична енергија за работа или домување.

Следете нè за нови информации доколку има промени или дополнителни прекини.

Continue Reading

Република

Пожарите беснеат низ државата – активни пет жаришта, сериозна состојба кај Дојран и Велес

Published

on

Пожарот кај село Николич во општина Дојран, кој неколку дена гори на отворен простор, сè уште не е целосно ставен под контрола. Опасноста од негово проширување кон општина Валандово е реална, а теренот е непристапен, што ја отежнува интервенцијата.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, за ТВ 24 изјави дека пожарот можел да биде спречен навреме доколку се интервенирало со воздушни сили.

„Требаше навреме да се реагира. Пожарот е на непристапно место и имаше потреба од воздушно гасење“, рече Ангов.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека утрово на терен биле испратени екипи на „Национални шуми“, а со механизација се пробиваат планинските патишта за да се обезбеди пристап до огнената линија.

Во моментов на територијата на државата се активни пет пожари од вкупно девет регистрирани во последните 24 часа. Сериозна е и ситуацијата во општина Велес, каде што гори мешана шума меѓу селата Џидимирци и Крушје. И овој пожар се наоѓа на непристапен терен, а го гаснат пожарникари од Скопје и Велес.

Голем пожар вчера зафати и три куќи во скопската населба Злокуќани. Според Центарот за управување со кризи, огнот започнал во една куќа, но поради силниот ветер и сувата вегетација брзо се проширил и зафатил уште две соседни куќи.

На терен веднаш интервенирале екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, а по наредба на надлежните, заради безбедност, била исклучена електричната енергија на нисконапонската мрежа. Во пожарот повредени се две лица.

Според податоците на ЦУК, од 1 до 14 јули годинава се регистрирани 411 пожари на отворен простор. Институциите апелираат на крајна внимателност и навремено пријавување на секое сомнително движење или чад.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг