Connect with us

Балкан

Сите осомничени за трагедијата на железничката станица во Нови Сад пуштени од притвор

Published

on

Апелациониот суд во Нови Сад донесе одлука за укинување на притворот за уште петмина осомничени поврзани со трагедијата на железничката станица во овој град, при што животот го загубија 16 лица по уривањето на бетонска настрешница. Тие ќе бидат во домашен притвор во времетраење од три месеци.

Со оваа одлука, ниту еден од вкупно 13-те приведени лица по несреќата повеќе не се наоѓа во затворски притвор.

Обвинението поднесено од Вишото јавно обвинителство на 30 декември минатата година беше вратено во април од Вишиот суд во Нови Сад на дополнување, со образложение дека „предметот бара подетално разјаснување за суштината на случајот“. Истражната постапка продолжува.

Истрагата ја води и Вишото јавно обвинителство во Белград, кое во март поднесе обвинение за сериозни пропусти во надзорот и изведбата на реконструкцијата, што доведоа до уривањето на конструкцијата.

Реконструираната железничка станица беше свечено отворена само четири месеци пред трагедијата, со најави дека објектот ги надминува европските стандарди. Несреќата предизвика силни реакции во јавноста и масовни протести низ Србија, со барања за одговорност од надлежните институции.

Балкан

Прадедото на Коста – и тој извршил масакр: Крвава историја што се повторува?

Published

on

Семејната историја на Коста К., малолетникот кој го изврши масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, добива мрачна димензија откако црногорските медиуми открија дека неговиот прадедо – мајорот Драгутин Кецмановиќ – пред речиси еден век извршил злосторство со слична бруталност.

Драгутин Кецмановиќ, роден во 1885 година во Читлук (БиХ), бил офицер во Австроунгарската војска, а по Првата светска војна ја продолжил својата служба како командант на жандармерискиот полк во Цетинскиот регион. Но, токму во тој период, во ноќта меѓу 24 и 25 април 1924 година, тој стои зад еден од најбруталните злостори што ги памети Црна Гора.

Тој влегол во домот на семејството Звицер во селото Рокочи, во близина на Цетиње, барајќи го Петар Звицер. Бидејќи не го затекнал дома, Кецмановиќ го заклучил семејството во куќата и ја запалил. Во огнот живи изгореле мајката на Петар – 60-годишната Анѓа, неговата сопруга Загорка (23), сестрата Плана (20), братот Видак (13), како и три деца – на возраст од една, три и пет години.

Сведоштвата говорат дека Кецмановиќ не застанал тука – пред куќата врзал 67-годишна жена за цреша, присилувајќи ја да го гледа палењето на своите блиски. Жената подоцна доживеала тежок психички слом и починала во ментална болница во Даниловград.

Иако идентитетот на „мајорот Кецмановиќ“ со децении беше под превез на тајност, неодамна, благодарение на историски документи кои досега биле недостапни за јавноста, конечно е потврдено дека станува збор за истиот Драгутин Кецмановиќ – прадедо на Коста К., момчето кое во мај 2023 година уби осум свои соученици и еден чувар во училишен масакр што ја потресе Србија и регионот.

По масакрот во Црна Гора, Драгутин бил преместен од службата, но никогаш не одговарал за делото. Продолжил со службата и семејниот живот во повеќе градови – Вараждин, Љубљана, Сараево, Вршац и Белград. Повторно се вратил во Цетиње во 1931 година, каде што се пензионирал три години подоцна. Последните 36 години од животот ги минал во Белград, каде што починал во 1970 година на 85-годишна возраст.

Откритието за ова злосторство од минатото фрла ново светло врз семејното потекло на Коста К., отворајќи сериозни прашања за наследните обрасци на насилство и нивното можно влијание врз трагедијата која ја шокираше цела Србија.

Continue Reading

Балкан

Во Словенија падна снег – кон Балканот пристигнува значително постуден воздух

Published

on

БХМетео информира дека на словенечкиот врв Кредарица денеска е забележан снег, што е еден од првите сигнали за продор на значително постуден воздух во регионот.

Метеоролозите најавуваат дека денеска во поголемиот дел од Босна и Херцеговина ќе преовладува променливо до претежно облачно и нестабилно време. Очекувани се врнежи од дожд, локални невремиња и грмежи, особено во северните делови на земјата каде постои ризик од поројни дождови, силни удари на ветер и појава на град.

Ветерот ќе биде слаб до умерен – во северните краишта на Босна ќе дува северен и северозападен ветер, додека во останатите региони ќе преовладува јужен и југозападен правец. На истокот на земјата повремено се очекуваат и посилни налети на југ.

Температурите ќе се движат од 23 до 29 степени Целзиусови, а на североистокот се очекува да достигнат до 32°C.

Во главниот град Сараево, денот започна со сонце и умерено зголемување на облачноста. Од пладневните часови се очекуваат дожд и повремени пљусоци, при што максималната дневна температура ќе достигне околу 27°C.

Оваа промена на временските услови најавува нестабилен период со потенцијал за временски непогоди, како што веќе беше забележано во Јабланица, каде силно невреме ги изненади жителите – снимките од бурата брзо се проширија на социјалните мрежи.

Continue Reading

Балкан

[ВИДЕО] Страшно невреме го зафати Загреб – летаа контејнери и столици – температурата за само еден час опаднала за шест степени

Published

on

Силно невреме го зафати главниот град на Хрватска, Загреб утринава, на 7 јуни, околу 10 часот. Најпогодено беше поширокото подрачје на градот, а особено Нови Загреб, каде налетите на ветер кинеа ролетни од прозорците и предизвикуваа хаос на улиците.

Граѓаните споделуваа драматични снимки на социјалните мрежи, на кои се гледа како силниот ветер ги подига и фрла контејнерите за ѓубре, пластичните столици и разни други предмети низ улиците и дворовите.

Метеоролозите претходно предупредија дека се очекува драстична промена на времето, а за делови од земјата — вклучувајќи ја Славонија, Истра, Кварнер и Далмација — беше издаден портокалов метеоаларм. За останатите региони, вклучително и Загреб, важи жолт метеоаларм.

Хрватските медиуми јавуваат дека температурата во Загреб за само еден час опаднала за шест степени Целзиусови, што дополнително го нагласува интензитетот на временската непогода.

Видео-снимки од невремето можете да ги погледнете подолу:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг