Connect with us

Скопје

ДУИ: Изборот на чаирчани е јасен, бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити

Чаир е пред историски најважната одлука во последните 20 години.

Ова не се само избори за градоначалник ова е избор помеѓу два целосно различни правци во кои е се движи општина.

Изборот е помеѓу враќањето назад кон човекот кој ја уништи општина Чаир со криминал и корупција или конечно тргнување напред со човек кој има визија, интегритет и знаење да ја води општината кон иднината. 

Од една страна изборот е Изет Меџити, градоначалник во три мандати кој го претвори Чаир во бизнис-зона за својата мрежа, кој живее надвор од општината и кој е симбол на дивоградби, криминал и уцени.

Денес, наместо да се надева на поддршка од граѓаните на Чаир, тој влегува понижен и уценет од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Се надева дека преку корупција, поткуп и поддршка од Мицкоски може повторно да го поништи гласот на чаирчани.
Од една страна изборот е Бујар Османи човек од Чаир, со 20 години јавна служба без дамка. 

Лидер кој гради, кој обединува и кој знае како да работи за луѓето. Човек визионер и политичар на новата генерација со беспрекорно политичко минато и резултати.

Граѓаните на Чаир заслужуваат општина и службеници кои ќе работат за нив, а не за сови интереси.

Заслужуваат лидер кој нема да ја изневери нивната доверба.

Граѓаните заслужуваат иднина со развој, а не повторување на најлошото од минатото.

Стои во соопштението на ДУИ.

Advertisement

Скопје

Меџити: Чаир се чисти, наскоро подземни контејнери во сите населби (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека општината започнала засилена акција за чистење на јавните површини, како и нов проект за поставување подземни контејнери во сите маала.

„Чаир се чисти. Многу скоро ќе бидат поставени подземни контејнери во сите населби,“ соопшти Меџити.

Со ова, општината очекува значително подобрување на хигиената, намалување на непријатните миризби и спречување на растурањето на сметот околу контејнерите.

Поставувањето на подземните системи за отпад е дел од пошироката стратегија за модернизација на урбаното уредување и подигање на квалитетот на живот на жителите на Чаир.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

Багери и екипи на терен: Започна расчистувањето на коритото на Вардар

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје деновиве спроведуваат интензивна акција за чистење на коритото на реката Вардар. Според претпријатието, ангажирана е целата расположлива механизација, а работата ќе продолжи сè додека не се заврши целосното расчистување на кејот.

Од теренските снимки и фотографии може да се забележи машинско отстранување на насобраниот кабаст и земјан материјал од централниот дел на реката, додека рачни екипи ги собираат пластичниот отпад и ситниот смет од косините.

„Во акцијата се вклучени сите екипи на ЈП ‘Улици и патишта’ Скопје со целосен работен капацитет. Ќе работиме до комплетно расчистување на просторот,“ информираа од претпријатието.

Ова чистење е дел од најавената акција за подигнување на хигиената и уредувањето на јавните површини во градот, која ја иницираше новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според најавите, вакви активности ќе се реализираат и на други локации низ главниот град.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски најавува 55 автобуси од понеделник и уште 20 до Нова година – Скопје се сака со дела

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес најави значајно подобрување на јавниот превоз во градот, со воведување на 55 автобуси од понеделник и уште 20 до Нова година. Договорот со приватните превозници е постигнат за помалку од 48 часа по преземањето на функцијата градоначалник.

„Овој потег е сериозен исчекор кон стабилизирање и подобрување на градскиот транспорт“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека до март, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени дополнителни 80 нови автобуси, со што јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран.

„Заедно со градскиот воз и проектот БРТ, започнуваме циклус на трајно решавање на сообраќајниот хаос кој со години го оптоварува нашиот град“, додаде градоначалникот.

Ѓорѓиевски истакна дека е мотивиран да го направи Скопје достоинствено, чисто и современо место за живеење и им дал збор на граѓаните дека ќе успее во тоа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг