Објавени шокантни податоци, украинската разузнавачка служба откри колку руски војници има во Украина

Според украинската воена разузнавачка служба (ГУР), на територијата на Украина моментално се наоѓаат околу 700.000 руски војници, од кои најголемиот дел се концентрирани во регионот Донецк – главен приоритет на Кремљ, изјави портпаролот Андриј Јусов.

Бројката опфаќа не само редовни единици, туку и сили за поддршка, специјални служби и Руската национална гарда. Јусов додаде дека севернокорејските војници се борат само на руска територија.

Минатата есен стана познато дека Пјонгјанг испратил околу 12.000 војници, а оваа пролет уште 3.000. Според британското разузнавање, од март севернокорејските трупи претрпеле над 5.000 жртви во борбите во Курската област.