Connect with us

Република

Во Гостивар приведен бегалец од затвор, осуден на пет ипол години затворска казна

На 14.09.2025 во 13:20 часот на улица „Браќа Блажески“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Е.М.(42) од Гостивар. Тој бил баран поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп каде што издржувал казна затвор од пет години и шест месеци за сторено кривично дело „незовластено производство и пуштање во промнет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Прилеп за издржување на казната.

Advertisement

Република

Забрзана изградба на автопатот Тетово–Гостивар: Николоски објави ново видео од терен

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски објави ново видео на својот Фејсбук-профил, со кое информира за интензивните градежни активности на автопатот Тетово–Гостивар, дел од Коридорот 8.

Во објавата, Николовски наведува дека работата се одвива со силно темпо и дека се прават сериозни чекори кон комплетирање на автопатското решение на овој стратешки коридор.

„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша министерот, додавајќи видео снимки од градежните машини и текот на работите.

Инфраструктурниот проект е еден од клучните сегменти во модернизацијата на патната мрежа во земјата и значајно ќе го подобри движењето меѓу Полошкиот регион и западниот дел на Македонија.

Continue Reading

Република

Женa повредена при судир со службено возило на МВР во Охрид

На 7 декември 2025 година околу 09:40 часот, во Охрид се случи сообраќајна несреќа на крстосницата помеѓу улиците „7 Ноември“ и „Васил Главинов“, во која учествуваа патничко возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки и службено возило на МВР — управувано од полициски службеник.

Повредена е 44-годишната жена (Л.Т.) која го управувала „Пежо“, која беше пренесена во болница за укажување на лекарска помош. Во моментот нема информации за степенот на повредите.

МВР ја презеде истрагата — инспекциската екипа одговорна за увид е на терен, а сообраќајот на местото на настанот беше привремено регулиран заради истражувачки активности.

Continue Reading

Република

Тоневски: Делото на Св. Климент е наш водич кон мудрост и духовен развој

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, по повод празникот посветен на Свети Климент Охридски, упати честитка до граѓаните, нагласувајќи ја неговата огромна улога во просветителската и духовната традиција на македонскиот народ.

Тоневски потсети дека Свети Климент, како еден од најзначајните ученици и продолжувачи на мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, ја создал прочуената Охридска книжевна школа – место од кое се ширеле писменоста, образованието и духовноста ширум македонските простори.

„Неговото дело е длабоко вткаено во нашата историја и претставува траен потсетник за важноста на знаењето, писменоста и културното наследство“, истакна Тоневски.

Градоначалникот додаде дека ликот и делото на Свети Климент се пример за посветеност што опстојува низ вековите и продолжува да инспирира, па затоа општеството има должност да ја чува и негува неговата вредна оставнина.

„Нека е честит и вековит празникот!“, порача Тоневски во крајот на честитката.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг